МакедонијаУсвојување на третиот Национален извештај за состојбата со човековите права Вчера во Палатата на Обединетите нации во Женева, се одржа пленарна сесија на Советот за човекови права на која се усвои одлука за исходот на третиот универзален периодичен преглед на човековите права во нашата земја.Делегацијата на Северна Македонија беше предводена од Светлана Гелева, Директор за мултилатерални односи и безбедносна соработка во Министерството за надворешни работи. Гелева во своeто обраќање пред Советот за човекови права ги презентираше ставовите на Република Северна Македонија во однос на препораките добиени за време на интерактивниот дијалог по презентацијата на Националниот извештај во рамки на третиот циклус на универзалниот периодичен преглед, на 32-та сесија на работната група, во јануари 2019 година. За време на сесијата во јануари беа дадени 169 препораки, од кои 167 се прифатени од страна на Владата на Северна Македонија. Голем дел од добиените препораки се во согласност со приоритетните области на дејствување на Владата, а се однесуваат на областите: недискриминација и родова еднаквост, елиминација на насилството врз жените, реформа на правосудниот систем, борба против корупцијата, слобода на изразување и медиуми, унапредување на состојбата на малцинствата со посебен фокус на Ромите, правата на лицата со попреченост, реформите во здравството, итн. „Политиката за човекови права на Северна Македонија се базира на испреплетени процеси за идентификација и реализација на националните приоритети, како и имплементација на нашите меѓународни обврски, вклучувајќи ги и препораките од УПП и договорните тела на ОН, како и обврските поврзани со интеграцијата во ЕУ", нагласи Гелева. Со свои коментари во дискусијата се вклучија низа држави, главно со позитивни оценки за активностите на РСМ за подобрување на состојбата со човековите права во државата, а изразија и благодарност за прифаќањето на нивните препораки, се наведува во соопштението од МНР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисТенисерот Вавринка заминува во пензијаШвајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк. Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот. „Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.Тагови: Вавринка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСо камери во училиштата во Албанија против насилство20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter