Уставните амандмани за една недела пред пратениците

Премиерот Зоран Заев потврди дека од денеска започнуваат консултациите со сите пратенички групи по што ќе се подготви прва нацрт верзија на уставните амандмани. 

Иако како што вели веќе некои рокови се скратени сепак очекува расправата во собранието да трае во рамки на законски утврдените рокови а целата процедура за уставни измени да се заврши според предвиденото во Преспанскиот договор.

Со обезбеденото двотретинско мнозинство за отпочнување на постапката за уставни измени во собранието најавите за предвремени парламентарни избори засега не се опција за ниту една партија. Заев се надева да го истурка четиригодишниот мандат, а предвремени избори за него како што вели се последна опција.

Откако ќе бидат доставени до Собранието, уставните амандмани треба да поминат низ претрес во две комисии, при што расправата за секој од нив може да трае до три дена. Откако ќе се утврди нацрт на секој амандман се отвора јавна дискусија во која пратениците може да поднесат амандмани на амандманите. На крајот, следува конечната седница на усвојување на уставните амандмани со двотретинско мнозинство.

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

притисни ентер