Уставниот суд укина одредби од методологијата за Пописот спроведен во 2021 година - Канал 5

Уставниот суд укина одредби од методологијата за Пописот спроведен во 2021 година

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови ги укина одредбите за резидентно и нерезидентно население .

Уставниот суд укина одредби од методологијата за Пописот спроведен во 2021 година

Уставниот суд утврди неправилности и прекршување на Законот за попис на населението при изведувањето на пописот од 2021 година и укина делови од методологијата кои се однесуваат на категориите „резидентно“ и „нерезидентно“ население. Во образложението од Уставен суд стои дека директорот на Државниот завод за статистика со категоризацијата ги пречекорил своите законски надлежности. Сепак оваа одлука на Уставен е укинувачка, а не поништувачка , што значи дека нема да важи ретроактивно за веќе спроведениот попис од 2021 година, туку за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина.

„Категориите „вкупно резидентно население“ и „вкупно нерезидентно население“ не се предвидени со член 6 став 1 алинеја 1 од овој Закон. Со методологијата треба да се дефинираат единиците што ќе се попишуваат и белезите за кои ќе се прибираат податоците, а не да се прави нивна категоризација. Државниот завод за статистика, како надлежен орган за водење пописна политика, наместо да ги спроведува актите на Собранието, како носител на законодавната власт, си земаЛ за право да постапува спротивно на законското овластување и предвидува категории што не се предвидени во Законот, а самиот директор се става во улога на создавач на норма, односно законодавец, спротивно на член 8 став 1 алинеја 4 од Уставот.“ – стои во образложението на одлуката

Во телефонски разговор за Канал 5 екс-директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека одлуки на Уставниот суд не се коментираат, но со став ке излезе откако ке ја анализира одлуката на уставен.

Според пописот од 2021 година, вкупното население и резидентно и нередзидентно изнесува 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци, а 29,52% Албанци, 3,98 отсто како Турци, 2,34 проценти како Роми, 1,18 отсто како Срби, 0,87 отсто како Бошњаци и 0,44 проценти како Власи.

Само со резидентното население пак, во земјава има 1.836.713 лица.

Меѓу нив 58,44 отсто Македонци, 24,9% Албанци и 3,86 отсто Турци...

YouTube video

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

 Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести .

Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести минатиот месец, соопшти вчера Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е донесена поради успешноста на мисијата.

- Благодарение на нашите војници кои се одзваа на повикот, беззаконието во Лос Анџелес се намалува, рече Парнел во изјава. „Поради тоа, министерот нареди ослободување од мисијата на 2.000 припадници на калифорниската Национална гарда“, додаде тој.

Претседателот на САД Доналд Трамп ја распореди Националната гарда на Калифорнија во Лос Анџелес во јуни, спротивно на желбите на демократскиот гувернер Гавин Њусом, со цел да ги спречи протестите предизвикани од имиграциските рации на работни места извршени од агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ). Покрај тоа, на улиците на градот беа испратени и околу 700 маринци.

И покрај правните предизвици, американскиот апелациски суд му дозволи на Трамп да ја задржи контролата врз Националната гарда на Калифорнија.

Но, неговата одлука за испраќање трупи во Лос Анџелес поттикна национална дебата за користењето на војската на американско тло и ги заостри политичките тензии во вториот најнаселен град во земјата. Пентагон го оправда распоредувањето, велејќи дека заштитата на агентите на ИЦЕ им овозможува да ја вршат својата работа.

По повлекувањето на дел од воените сили од Лос Анџелес, 2000 припадници на Националната гарда ќе останат во градот, заедно со околу 700 маринци. Трупите во Лос Анџелес имаат овластување да приведуваат лица кои претставуваат закана за федералниот персонал или имот, но само додека не бидат уапсени од полицијата. Воените службеници немаат овластување сами да спроведуваат апсења.

Трамп изјави дека ќе депортира милиони луѓе од земјата и спроведе рации на работни места, вклучувајќи и фарми кои претходно беа поштедени од такви мерки во неговиот прв мандат. Администрацијата се соочи со десетици тужби низ земјата кои ја оспоруваат нејзината тактика.

Трамп сè повеќе се потпира на војската во неговите имиграциски акции. Освен испраќањето трупи во Лос Анџелес, илјадници активни војници беа распоредени на границата со Мексико, а Пентагон воспостави воени зони во пограничниот регион.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки.

Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји.

Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.

-Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив... Веројатно малку над 10 проценти, рече тој.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук.

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук

Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас.

Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот од 1998 година и често ја остварува функцијата на трет концерт-мајстор на оркестарот и членува во Тиролскиот ансамбл за нова музика, нејзиниот колега од групата втори виолини Андреј Јаблоков од Братислава кој е член на оркестарот од 2012 година. Покрај нив, движечка сила на квинтетот е Драган Трајковски, контрабасист со потекло од Македонија кој е водач на групата контрабаси на ТСОИ повеќе од 15 години, како и двајца нови членови на ТСОИ- водачот на групата виоли Елеонора де Пои и соло виолончелистот Леонардо Сесена. Де Пои има настапувано како оркестарски музичар во театрите во Фиренца, во „Ла Фениче“, како и во оркестарот на Националната академија „Санта Чечилија“, додека пак Сесена бил член на оркестарот на Миланската „Ла Скала“, како и заменик-водач на групата виолончела на Лондонската филхармонија.

На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се дела на Гулда, Дворжак и Трајовски-Фис.

притисни ентер