Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
2Евростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, Албанија
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаУставниот суд укина одредби од Методологијата за Пописот спроведен во 2021 годинаВо предметот У.бр.251/2025 кој опфаќа одредби од спроведената Методологија за пописот од 2021 година информираме дека Уставниот суд со мнозинство гласови ги укина: Дел II „Општ дел“ точка 5 потточка 1 во делот „„Вкупно резидентно население“ го сочинуваат следните лица - единици на Попис“ и потточка 2 во делот „„Вкупно нерезидентно население“ го сочинуваат следните лица - единици на Попис“ од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година. Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната обврска сите прописи да се усогласат со законите и Уставот, уредена со член 51 од Уставот, потоа членовите 6, 7 и 17 став 2 алинеја 1 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година. Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт. Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека Одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година. Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаАлбански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во АлбанијаМинистерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаНов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана. Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Со минимална плата во Македонија може да се купи повеќе отколку во Србија, Црна Гора, АлбанијаСпоред статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто.Мерено според куповната моќ вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули годинава била повисока споредбено со седум земји членки на ЕУ, како и повисока од онаа во Србија, Црна Гора, Албанија и Турција – покажуваат податоците на Евростат за минималните бруто заработки на земјите членки и кандидатки. Според статистиката, во јули годинава минималната плата во земјава изнесувала околу 423 евра нето или 624 евра бруто, додека истиот месец во 2016 таа била 236 евра, што претставува зголемување од 388 евра. ОД сојузот на синдикати велат иако според пресметките за куповната моќ Македонија е рангирана повисоко на листата, тоа не значи дека работниците живеат подобро. Според нив земјава и натаму е на дното во Европа според висината на минималната плата. „Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените. Реалноста е дека македонските работници и понатаму примаат една од најниските минимални плати во Европа, а секојдневно се соочуваат со високи трошоци за храна, домување, енергенси и други основни животни трошоци.“ - велат од ССМ Од синдикатот и денеска укажаа на неопходноста од континуирано зголемување на минималната и сите останати плати, затоа што велат Македонија не смее да остане земја на евтина работна сила, а работниците велат заслужуваат плата со која ќе живеат достоинствено а не само да преживуваат. Статистиката покажува дека на ниво на ЕУ Луксембург е со највисока минимална плата од 2 771 евро додека најниска е во Бугарија или 620 евра. Според куповната моќ пак живетлите на Германија имаат највисок стандард додека најнизок е во Албанија. Инаку од 27 земји членки на ЕУ 22 имаат минимлана плата, додека во Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска нема минимална плата. Додека на ниво на земји кандидатки и потенцијални кандидатки Црна Гора, Македонија, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина имаат, додека Босна, Грузија и Косово немаат минимлна плата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter