МакедонијаУставниот суд ќе ја одржи 24. седницаУставниот суд денеска ќе ја одржи 24. седница на чиј дневен ред е предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост. На седницата, меѓу другото е предметот за линеарното покаќување на пензиите. Подносителите на иницијативата, го оспоруваат член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.193/24). -Подносителите тврдат дека измените се во спротивност со суштината на пензискиот систем и на членовите 8 став 1 алинеи 3 и 6, членот 9 и членот 30 во врска со членот 34, член 51 и член 54 од Уставот на Република Северна Македонија. Се наведува дека пензијата не е социјална категорија, туку секој пензионер има остварено различна висина на пензија во зависност од тоа колку години и во која висина во Фондот за ПИОМ уплатувал придонеси и според подносителите се прави дискриминација, на една категорија пензионери кои се со пониски пензии да им се исплатува поголем процент при покачување на пензиите, а на други помал процент или попрецизно, со покачувањето од 2500 денари, на секој пензионер му се зголемува пензијата со различен процент, наведуваат подносителите на иницијативата. Со членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и -инвалидско осигурување од 18 септември 2024 година, се вршат измени во членот 37 кои гласат „Во ставот 2 по зборот “претходи ”се става запирка и се додаваат зборовите: „објавени од Државниот завод за статистика”. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата.” Со членот 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување објавен на 18 септември 2024 година, се вршат измени во членот 37 кои гласат: Одредбите од членот 37 од овој закон не се применуваат во период од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. На 1 септември 2024 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 31 август 2024 година се зголемуваат за 2500 денари. На 1 март 2025 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година се зголемуваат за 2500 денари. На дневен ред пред Уставниот суд се и две барања за заштита на слободите и правата, меѓу кои и за „повреда на слободата на јавното изразување на мислата“. Подносителите на барањето преку својот адвокат ја оспоруваат Пресуда 21 П4-401/20 од 15.07.2022 и Пресудата ГЖ-1463/23 од 19.12.2024. Подносителите наведуваат дека за време на настанот во Собранието кој се случил на 27 април 2017 година, не само што биле спречени во извршувањето на работните задачи, биле и нападнати од група граѓани додека известувале за вестите на Телевизија Телма, а државата преку полициските службеници не ја заштитиле нивната безбедност за да може да известуваат. Подносителите тврдат дека со часови биле фатени во обрач од толпата и втурнати внатре во Собранието, иако првично како новинарска екипа известувале од пред влезот, надвор. Поради фактичката состојба, поднеле тужби против државата, прво до Основниот граѓански суд Скопје, а по одбивањето се жалеле и до Апелација, но нивните наводи не биле прифатени. Меѓу другото во пресудите, според подносителите, е наведено дека не претрпеле телесна повреда како последица од настаните кривичниот ден, дека стравот не е опфатен со одредбата, како и дека повредата на слободата на изразувањето не е опфатена преку принципот на одговорност на државата, па им било посочено дека треба да ја докажуваат по принципот на субјективна одговорност на државата. Пред уставните судии на денешната седница е и предлог за одлучување со нацрт-одлука, по иницијатива за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување на Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр.91/2023), поведена од Уставниот суд на 02.07.2025 година.Тагови: Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16. Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУтревечер во Струмица стартува 21 издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд. Фестивалот продолжува на 5 август, во 11 часот, со Тивериополската филмска посета на Манастирот во Велјуса. Вечерта ќе се прикажат уште 7 кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“ во македонско-швајцарско-американска копродукција. Фестивалот ќе трае до 8 август и влезот за сите проекции е слободен. Инаку, меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева. „Астефест“ е поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија - сите што не мислат како него ги нарекува „талог“Христијан Мицкоски го искористи и најголемиот државен празник Илинден, за да ја продолжи поделбата на народот.Во својот говор повика на борба против „омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија“. Кој е тој „талог“ според Мицкоски? Сите што не мислат како него. Сите што ја разобличуваат неговата политика. Сите што бараат Европа, правда и одговорност. Истиот човек кој со години ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“, сега од говорница на Илинден повторно го употребува истиот речник. На денот кога треба да се слави државноста и единството, Мицкоски повторно сее поделба. На денот кога треба да се зборува за иднината, тој повторно напаѓа. Ова не е патриотизам, ова е политичка омраза облечена во празничен говор. Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека народот го третира како „талог“. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35