УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници - Канал 5

УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници

Универзитетското студентско собрание при скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ вечерва информираше дека поднеле барање до Ректоратот за прекин на наставата. 

УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници

Оттаму информираат дека сите настани и работилници ќе бидат одложени поради трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

- УСС на УКИМ по одржаниот вонреден состанок на 16.03.2025 на кој беа присутни делегати на Универзитетското студенстско собрание, претседатели и членови на факултетските студентски собранија, надворешни членови на Универзитетско студентско собрание, поднесе барање до ректоратот за прекин на наставата и за организирање на заедничка настава во вид на собири од 17.03-21.03. Сите настани и работилници ќе бидат одложени. Ве повикуваме на заедничка сплотеност почнувајќи од утре 17.03.2025 во 12 часот на платото на општествениот кампус, се вели во информацијата од УСС.

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Владата на таа држава ги разгледува извршните наредби на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на царините за производителите на автомобили. 

Шејнбаум: Олеснувањето на царините за производителите на автомобили е чекор напред

„Тоа е напредок“, рече Шајнбаум, чија земја се смета за една од најизложените на увозните давачки на Трамп.

Таа додаде дека новите правила ќе му дадат на Мексико „дополнителна конкурентска предност“ поради нејзиниот договор за слободна трговија со САД и Канада. /МИА

Халанд повторно тренира со првиот тим

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, се врати на тренинзите со првиот тим откако се закрепне од повредата на глуждот, објави денеска англискиот клуб.

Халанд повторно тренира со првиот тим

Дваесетичетиригодишниот Норвежанецот се повреди на 30 март во победата против Борнмут (2:1) во четвртфиналето од ФА Купот, а оттогаш тренира според индивидуална програма.

Халанд постигна 39 голови за клубот и репрезентацијата оваа сезона, а сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот. /МИА

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

 Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. 

САД ја затвораат програмата на Пентагон за учество на жените во мировни мисии

Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата.

Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и државниот секретар Марко Рубио, а со цел зајакнување на улогата на жените во спречување конфликти. Но, новиот министер за одрана, Пит Хегсет, ја окарактеризира како „феминистичка агенда поддржана од леви активисти“, со тврдење тврдејќи дека војската ја презира.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за „враќање на програмата на нејзините изворни цели“, и дека ќе бидат укинати деловите од агендата додадени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Законот за оваа програма беше потпишан со цел да се зајакне стабилноста преку инклузивно учество на жените. Програмата претходно беше пофалена и од страна на Доналд Трамп како „важен чекор кон демократија“.

притисни ентер