Успешно 58. издание на „Охридско лето", оценија организаторите - Канал 5

Успешно 58. издание на „Охридско лето", оценија организаторите

„Охридско лето 2018“ е едно од најуспешните изданија, основа од која ќе ги градиме следните, кои ќе бидат скалило погоре во однос на квалитетот, оцени денеска на прес-конференција директорката на фестивалот, Сузана Вренцовска.

Успешно 58. издание на „Охридско лето", оценија организаторите

На ден пред свеченото затворање, таа забележа дека успешно е реализирано зацртаното со исполнување на целата програма и учество на околу 800 уметници од 27 земји од светот, како и полни трибини и задоволна публика по секој настан.

Вренцовска упати благодарност до сите што помогнале да се реализира 58. „Охридско лето“, нагласувајќи дека фестивалот завршува со позитивно финансиско салдо.

Годинава имало зголемување на продажбата на билети, он-лајн билети се купувале од посетители од многу земји во светот. Во однос на подобрување на условите за учесниците и публиката, санирано е гледалиштето во предворјето на црквата „Света Софија“, а за идната година Вренцовска најави реконструкција на сцената Долни Сарај, со финансиска поддршка на Министерството за култура, како и изградба на монтажни гледалиште и сцена.

- Со тоа Охрид и фестивалот ќе добијат една атрактивна сцена која ќе ги задоволува сите барања на уметниците и на самата публика. Фестивал како што е „Охридско лето“ заслужува да ги има сите неопходни услови за реализација на програмата. Тоа ќе значи дека настаните ќе може да се поставуваат на бројни места низ градот каде има услови за тоа, истакна Вренцовска.

Проблем, рече таа, останува изградба на концертна сала со што големите настани нема да зависат од временските прилики.

- Охрид е град можеби со најголем број културни случувања и неопходноста од една концертна сала е навистина голема. Нашата културната политика е да ја доближиме културата до граѓаните, да ги збогатиме културните содржини, да придонесеме во развојот на културниот туризам преку промоција на културното наследство. За нас најважно е да се гради брендот на институцијата, домаќинското работење и почитувањето на традицијата. Тоа ни дава поттик да продолжиме да ја градиме вредноста на ова светско собиралиште на врвни уметници, додаде директорката на фестивалот.

За успешноста на фестивалот говореа и селекторите на музичката и драмската програма, Васо Ристов и Александар Поповски.

Со понудената музичка програма, како што забележа Ристов, Охрид повторно стана вистинска културна метропола, која привлече бројни посетители кои доаѓаат од други земји и тоа само заради ѕвездите на фестивалот.

- Горди сме што и оваа година успеавме да ја продолжиме традицијата, најголемите ѕвезди на фестивалот да настапат со нашите национални оркестри. И оваа година нашите заложби беа фестивалот да има квалитетна и атрактивна програма во текот на сите 40 фестивалски денови. Во тоа и успеавме, а доминантна беше класичната музика, рече Ристов.

Потсети дека и годинава имале ексклузивни проекти на кои учествуваа легендарни имиња од светската музичка сцена, како Николај Лугански великан од пијанистичката фела, челистот Александар Књазев, виолинистот Сергеј Крилов, од Русија...

Поповски изрази задоволство од она што беше прикажано во драмскиот дел, но и жалење што македонски претстави биле малку застапени. Најави дека за следната година ќе работат на тоа да договорат гостувања на повеќе македонски театри.

- Забележав дека публиаката реагира на различни типови жанрови и оти охридската публика сака да гледа добар театар со глума, односно класично во позитивна смисла. За следната сезона ќе посветиме внимание на тоа, истакна Поповски.

По 40 дена фестивалска програма, 58. „Охридско лето“ ќе заврши утре со претставата „Илијада“ од Хомер во режија на Јернеј Лоренци, копродукциски проект на Словенешкиот народен театар СНГ Драма Љубљана, Цанкарјв дом и Градски театар од Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. 

Баба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности

Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата.

Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности.

Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото?

Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти.

Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите.

Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година.

Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија

Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија.

И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка.

Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот

Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија.

Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга.

Приказната за натчовечките способности веќе кружи

Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа.

Од каде прогнозите за поединечни години?

Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната.

За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Суд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.

Двојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фирерот

Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times.

Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер.

Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија.

На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн.

„Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој.

На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“.

Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR.

Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. 

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“.

Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја.

Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти

Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки.

Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии.

Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените.

Жените со години се борат за правото на сопственото име

Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка.

Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци.

По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер