Условите за влез во Грција продолжени до 27 август - Канал 5

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19", што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Како и досега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата" имаат четири опции во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Согласно новата одлука, како што јавува МИА, промени има за „посетителите на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата", кои доаѓаат од Египет, Албанија, Аргентина, Бразил, Грузија, Куба, САД Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Русија и Турција и за да влезат во Грција потребно е да добијат негативен резултат на задолжителното тестирање со ПЦР или брз тест на влезните точки во земјата.

Од задолжителното тестирање, исклучок има за оние кои се вакцинирани или имаат прележано Ковид-19.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена.

На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест.

Во однос на лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, кимаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а за влез од Турција преку Кастаниес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица.

Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

На листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, освен Македонија, дозволено е патување и за државјаните на Сан Марино, Азербејџан, Андора, Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Ватикан, Ерменија, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Јордан, Израел, Канада, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Белорусија, Либан, Црна Гора, Молдавија, Монако, Бахреин, Брунеј, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Украина, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Турција.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до Ротердам

Руте предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад.

Шефот на НАТО за европската армија: Додека постигнеме договор, Путин веќе ќе стигне до Ротердам

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека формирањето на обединета европска армија би можело да биде штетно во случај на руски напад, бидејќи координирањето на дејствијата меѓу Алијансата, националните војски и европските сили би одземало премногу време.

Руте го изјави ова на 72-рата годишна седница на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Тој појасни дека не се противи на создавањето европска армија, но истакна дека, доколку се реализира таква иницијатива, би имало смисла да се укинат националните војски на земјите-членки на Европската унија, за да се избегне преклопување на надлежностите.

„Мојот став отсекогаш бил дека, ако имате европска армија, не можете истовремено да одржувате и национални војски. Соединетите Држави имаат една војска. Не постои посебна армија или морнарица за сојузната држава Њујорк или Калифорнија. Постојат обединети, интегрирани вооружени сили на САД. Ако Европа може да го постигне тоа, тогаш во ред“, рече Руте, изразувајќи притоа скептицизам дека таков развој на настаните би можел да се случи во скоро време.

За да ја илустрира својата поента, Руте претстави хипотетичко сценарио што вклучува руски напад врз европските нации – ситуација во која, доколку постои таква структура, би бил потребен одговор од силите на НАТО, националните војски и заедничките воени сили на ЕУ. Тој процени дека постигнувањето договор за воените одлуки би траело со недели, период во кој руските сили би можеле да напредуваат сè до Холандија.

„Она што не би го препорачал е секоја земја да има своја војска – соработувајќи во рамките на НАТО – а покрај тоа, да постои и голема европска воена структура. Ако Путин нападне, прво ќе ни требаат две или три недели за да се договориме кој што прави, а тој веројатно ќе стигне до Ротердам уште пред ние да донесеме одлука. Тоа е мојот аргумент“, рече генералниот секретар на НАТО.

Руте додаде дека, според него, координацијата и поделбата на одговорностите меѓу НАТО и Европската унија во моментов се на многу добро ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во работните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена - Борец“ се одвива со силна динамика

- Целосната реконструкција напредува со силно темпо. Во срцето на градот, меѓу зеленилото и спомен-обележјата, генерации наоѓале свое место за средба, за прошетка и за краток одмор од градската врева. Сакам и следните генерации да го доживуваат овој парк со истата блискост и да го затекнат уреден и негуван. Старите плочки ги заменуваме со нови и ги обновуваме пешачките патеки, за овој простор да добие изглед достоен за неговото место во срцето на Скопје. Ја реставрираме и постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување го збогатуваме парковското зеленило – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно беше обновено спомен-обележјето на децата бегалци, кое беше вандализирано, а по периодот во кој беше згаснат, кај фонтаната повторно гори Вечниот оган.

- Со обновата на овие обележја го чуваме и сеќавањето што му дава посебно значење на овој парк. Моја одговорност е скопските паркови да ја добиваат грижата што ја заслужуваат, и денес, додека ги обновуваме, и секој ден потоа. Затоа продолжуваме со нивно редовно одржување и со подигнување нови зелени површини, за секоја генерација скопјани да има свое место под сенка, своја клупа и спомени во парк. Скопје се сака со дела – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит

Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер