Уштипци од тиквици - Канал 5

Уштипци од тиквици

Совршен лесен летен оброк или мезе, овие уштипци се вкусни, ароматични и полни со свежи состојки.

Уштипци од тиквици

Послужете ги топли со сос од јогурт или како прилог со главното јадење.

Состојки (за 4 лица):

2 рендани тиквици

1 рендана главица црвен кромид

2 млади кромидчиња, ситно сечкани

1 гранче нане, ситно сечкано или лажица суво

2 јајца

10о грама рендано тврдо сирење или кашкавал

100 грама презла или 2 лажици брашно со прашок за пециво

2 лажици маслиново масло

1 гранче свеж магдонос, ситно сечкан

Сол и црн бибер по вкус

Масло за пржење

Начин на подготовка:

Ренданите тиквици ставете ги во голем сад, посолете ги малку и оставете ги да стојат 15–20 минути. Потоа добро исцедете ги од вишокот течност.

Додадете го ренданиот црвен кромид, младите кромидчиња, нането, магдоносот и ренданиот кашкавал/сирење.

Разматете ги јајцата и додадете ги во смесата.

Додадете ја презлата или брашното (по потреба за да се добиете густа смеса), заедно со маслиновото масло.

Зачинете со сол и бибер по вкус и добро измешајте сè.

Загрејте масло во тава и со лажица формирајте мали уштипци.

Пржете ги на средна температура од двете страни додека не добијат златна боја (приближно 2–3 минути по страна).

Ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Совети:

По желба, додадете и едно чешне лук за посилен вкус.

Наместо да ги пржите, можете да ги печете во рерна на 200°C околу 20 минути, превртувајќи ги на половина печење.

Најдобро се служат со ладен јогурт или таратор.

Добар апетит!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Халанд играл болен против Англија?

 Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд играше во четвртфиналето на Светското првенство против Англија со вирус, тврди поранешниот напаѓач на Челзи, Тони Каскарино.

Халанд играл болен против Англија?

Каскарино изјави дека за време на полувремето од натпреварот меѓу Англија и Норвешка – во кој „Гордиот Албион“ победи со 2:1 по продолженијата – добил порака од сигурен извор дека Халанд пред натпреварот се борел со вирус и дека влегол во игра во таква состојба.

„Физички не изгледаше добро. Излезе од игра, а не се работеше за повреда. Претпоставувам дека она што го слушнав беше точно. Боледуваше“, изјави Каскарино, пренесува „ТокСпорт“ (TalkSport).

Халанд го одигра својот најлош натпревар на Светското првенство против Англија, едвај ја допре топката покрај голманот на Англија, Марк Гехеј, и Џон Стоунс, изгледајќи чудно, а теоријата за вирусот звучи сосема реално.ж

Четири дена пред натпреварот помеѓу Норвешка и Англија, се појави информација дека вирусот ја „покосил“ соблекувалната на Викинзите, но потоа, се разбира, не беше објавено кои играчи „паднале“. Сега се покажува дека вирусот ја заразил и најсилната алка во норвешкиот тим, кој не успеа да ја продолжи бајката на Викинзите на Светското првенство и да го одведе својот тим до полуфиналето. Халанд остана на теренот до крајот на првото продолжение, по што беше заменет од тренерот на Столе Солбакен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Фокус“: Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше екс-судијата Ѓоко Ристов

Во скопската населба Тафталиџе ноќеска целосно изгоре патнички автомобил, кој, според неофицијални информации што ги објави Фокус, го користел судијата Ѓоко Ристов.

„Фокус“: Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше екс-судијата Ѓоко Ристов

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на територија на карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р..

„Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, патничко возило „сангјонг“ и деловен објект.. Огнот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје. “ велат од МВР.

Ѓоко Ристов е поранешен судија во скопска апелација, против кого се води судски случај за пронајдените 350.000 евра заѕидани во семејната куќа во неготино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски во увид на градежните активности во касарната во Ќојлија

Мисајловски во увид на градежните активности во касарната во Ќојлија, градежни инвестиции на армиските објекти низ повеќе касарни.

Мисајловски во увид на градежните активности во касарната во Ќојлија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (13 јули) во армиската касарна во Ќојлија изврши увид на градежните активности кои во моментов се реализираат на објект во оваа касарна. Проектот тежи 10,7 милиони денари, обезбедени со буџетот на одбраната. Овој објект минатата година доби целосно нова кровна конструкција.

Мисајловски при увидот порача дека прекинува праксата на неинвестирање во армиската инфраструктура и дека посветеноста кон менување на состојбите може да се види и преку објектот во касарната во Ќојлија каде се врши целосна внатрешна реконструкција – прозори, врати, подна облога и реконструкција на сите санитарни јазли во објектот.

„Моментално присутни во сите касарни...Се работи и во Велес, се заменуваат покривите насекаде во касарните, правиме нови капацитети во Прилеп согласно модернизацијата, посебни капацитети за тие возила, исто така за артилеријата итн. Се надевам дека набрзо и во Штип ќе дојдете да видите дека целосно направивме таму целосно нови објекти, но продолжуваме и со нови технички документации за следната година“, рече министерот. Додаде дека приоритетите се поставуваат од страна на Армијата и дека ќе се инвестира согласно одбранбениот буџет кој ќе продолжи да расте.

Министерот истакна дека во моментов се работи, а ќе се започнат активности и на дополнителни големи инфраструктурни зафати низ сите армиски касарни, како и Воениот стадион, Военомедицинскиот центар, Домот на Армијата, Воената академија.

Изминатиот период реализирани се дваесетина инфраструктурни проекти во вредност од над 3,1 милиони евра, додека во фаза на реализација се пет проекти во повеќе касарни со вредност од над 850.000 евра. Во овој момент идентичен проект како оној во касарната во Ќојлија се реализира и во велешката касарна.

Во Ќојлија, министерот ги посети и припадниците на Инженерскиот баталјон кои се стационирани во оваа касарна. Армиските инженерци неодамна добија и нова инженериска механизација пристигната во рамките на првиот пакет поддршка преку Европскиот мировен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер