Уште три дена за увид во избирачки список, апел од ДИК граѓаните да се проверат

Граѓаните имаат уште три дена да извршат увид во избирачкиот список. 

Од Државната изборна комисија апелираат граѓаните да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.

Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.

Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата. Со нив се предвидени и други новини, но една од поважните е што граѓаните ќе можат да гласаат со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, изјави дека тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.

Во однос на идентификацијата на гласачите, како што нагласува таа, сите што ќе бидат запишани во Избирачкиот список ќе треба на гласачкото место да можат да се идентификуваат со некаков документ пред избирачките одбори.

-Согласно последните измени во Изборниот законик, се предвидува дека за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, нагласува Гугучевска.

Портпаролката на ДИК објаснува оти со оглед дека како ден на изборите се смета денот согласно актот за распишување на изборите, за претседателските избори изборен ден, на којшто се одржуваат изборите е 24 април, тоа би значело дека оние лица коишто се запишани во изводите за 24 април, ќе бидат запишани и во изводите од Избирачкиот список за вториот круг за 8 мај.

- Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори тие ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори, вели Гугучевска.

На 18 март истекува рокот за проверка на гласачите во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави.

Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира за гласање парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи. /МИА

Кучиња до смрт изгризале мајка со 3 деца, братчето е повредено додека ја спасувал сестра си

Мајка од Џорџија загинала од глутница кучиња кои ги нападнале неа и нејзините три деца во близина на училиште, неколку дена пред Денот на мајката.

Кучињата го нападнале семејството во четвртокот додека мајката чекала со своите деца на автобуска постојка зад училиште во Китман, соопштија властите.

Кортни Вилијамс (35) била пронајдена мртва во блискиот двор.

„Кога полицајците пристигнаа, наидоа на неколку агресивни кучиња“, изјавија официјални лица.

Нејзините деца биле пренесени во болница со повреди, а нејзиниот син се здобил со неколку исеченици од борбата со кучињата во обид да го спаси животот на својата помала сестра, велат од семејството.

„Кајден ја турна сестра си и ја спаси, но кучињата тргнаа по него“, рекла нивната тетка Кристал Кокс.

Таа сподели неколку вознемирувачки слики од болницата на кои се гледа како момчето страда од неколку длабоки рани на рацете, нозете и главата.

Другиот син истрчал во училиштето додека кучињата го напаѓале неговото семејство и налетал на маж, кој успеал да го спаси од животните и да ги однесе во болница.

Сите три деца сега се опоравуваат дома, пренесува The New York Post.

Се уште не е познато каков тип на кучиња го нападнале семејството, но соседите велат дека долго време се жалат и бараат контрола на животните во областа.

Наредена е обдукција за официјално да се утврди причината за смртта на жената.

Две жени се убиени во парк во САД, покрај нив имало дете во крв, а бебето исчезнало

Две жени се убиени во парк во Ново Мексико, детето на едната е пронајдено облеано во крв, додека 10-месечно бебе исчезнало.

Жените, двете од Тексико, Ново Мексико, биле пронајдени мртви во парк северно од Кловис во петокот попладне.

Полицијата одговорила на повикот и ги известила итните служби за загинатите жени во паркот.

Полицајците ги пронашле Саманта Сиснерос (23) и Тарин Ален (23) мртви на земја во близина на сиво комбе.

Полицаецот Тревор Трон изјавил дека полицијата не знае што довело до нивната смрт.

„Знаеме дека требаше да бидат во Волмарт, од она што го кажаа членовите на семејството и да продадат кученца. Имаа пет кученца во нивното возило. Сите мислеа дека се во Волмарт со кученцата. Не сме сигурни дали биле во Волмарт, а потоа отишле во парк, не знаеме“, рече тој.

Во близина е пронајдено повредено дете, ќерка на една од жртвите. Таа била пронајдена со повреда на главата и била пренесена во болница, пренесува Мирор.

Полицајците нашле докази дека со нив било уште едно дете.

Во возилото пронашле седиште за бебе, количка и мало шише. Поради ова, се стравува дека со нив имало и бебе кое можеби е киднапирано, поради што е започната потрага.

Саманта била мајка на девојчето кое е пронајдено со повреда на главата и уште едно дете, 10-месечната Марија Торес. Полицијата смета дека луѓето кои ги убиле жените најверојатно го киднапирале бебето.

Полицијата бара да се јават сите со какви било информации за злосторството или за исчезнатото бебе.

Ердоган кон Нетанјаху: И Хитлер би бил љубоморен на неговите геноцидни методи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху достигнал ниво со геноцидни методи со кои што дури и Хитлер би го направил љубоморен.

„Дали е можно да се набљудува она што Израел го прави со луѓето во Газа со месеци и да се види дека е легитимно Израел да бомбардира болници, да убива деца, да ги угнетува цивилите и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори. Што правеше Хитлер во минатото тој ги угнетуваше и убиваше луѓето во концентрационите логори“, рече Ердоган во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Се прашуваше дали Газа не била претворена во затвор на отворено, не само по 7 октомври, туку и со години пред тоа?

„Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како во концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и систематски масовни убиства во Газа по 7 октомври?

Според Ердоган, Нетанјаху достигнал ниво што би го направило Хитлер љубоморен на неговите геноцидни методи, пренесе Анадолија.

„Зборуваме за тоа Израел да ги таргетира амбулантите, да ги погоди местата за дистрибуција на храна и да отвори оган врз конвоите со хуманитарна помош“, рече Ердоган.

Претседателот на Турција рече дека се прекршени правата и слободите на жителите на Газа, особено нивното право на живот.

„Ние ги браниме нивните права. Ние го браниме мирот. Израел, од друга страна, продолжува несовесно да ги крши резолуциите на ОН, меѓународното право и човековите права“, нагласи турскиот претседател.

Ердоган рече дека палестинскиот отпор нема да биде неопходен доколку постои „суверена, независна, географски интегрирана држава Палестина, во границите од 1967 година, со главен град источен Ерусалим“.

„Хамас, исто така, најави дека ако тоа се случи, ќе го распушти своето вооружено крило и ќе продолжи да дејствува како политичка партија. Решението за две држави е ефикасен начин да се обезбеди траен и одржлив мир“, рече Ердоган, додавајќи дека палестинската група се согласила на договор за прекин на огнот, но Израел „не сака“ примирје бидејќи сака да ја „окупира цела Газа“.

притисни ентер