Две жени се убиени во парк во САД, покрај нив имало дете во крв, а бебето исчезнало

Две жени се убиени во парк во Ново Мексико, детето на едната е пронајдено облеано во крв, додека 10-месечно бебе исчезнало.

Жените, двете од Тексико, Ново Мексико, биле пронајдени мртви во парк северно од Кловис во петокот попладне.

Полицијата одговорила на повикот и ги известила итните служби за загинатите жени во паркот.

Полицајците ги пронашле Саманта Сиснерос (23) и Тарин Ален (23) мртви на земја во близина на сиво комбе.

Полицаецот Тревор Трон изјавил дека полицијата не знае што довело до нивната смрт.

„Знаеме дека требаше да бидат во Волмарт, од она што го кажаа членовите на семејството и да продадат кученца. Имаа пет кученца во нивното возило. Сите мислеа дека се во Волмарт со кученцата. Не сме сигурни дали биле во Волмарт, а потоа отишле во парк, не знаеме“, рече тој.

Во близина е пронајдено повредено дете, ќерка на една од жртвите. Таа била пронајдена со повреда на главата и била пренесена во болница, пренесува Мирор.

Полицајците нашле докази дека со нив било уште едно дете.

Во возилото пронашле седиште за бебе, количка и мало шише. Поради ова, се стравува дека со нив имало и бебе кое можеби е киднапирано, поради што е започната потрага.

Саманта била мајка на девојчето кое е пронајдено со повреда на главата и уште едно дете, 10-месечната Марија Торес. Полицијата смета дека луѓето кои ги убиле жените најверојатно го киднапирале бебето.

Полицијата бара да се јават сите со какви било информации за злосторството или за исчезнатото бебе.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ оствари средба со чешкиот амбасадор Лудва

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, предводена од амбасадорот, Јарослав Лудва. 

На средбата, инаку прва официјална меѓу двајцата соговорници, биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски состојби во двете земји, како и за можностите за продлабочување, но и потврда на меѓусебните одлични дипломатски односи.

Стоилковиќ го запознал амбасадорот Лудва со досега сработеното од стапувањето на функцијата, а на средбата станало збор и за идните планови, односно клучните прашања и приоритети на Министерството за односи меѓу заедниците.

На крајот од средбата заклучокот на двајцата соговорници бил дека заштитата на етничките заедници со фокус на промената на перцепцијата и фактот дека тие треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани со сите права и обврски кои произлегуваат од Уставот, треба и понатаму да остане приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува и на кои може заеднички да се работи во иднина, а првата е зголемување на економската соработка и инвестициите на Република Чешка во Македонија.

Филмаџии од светот на форум на филмски градови на УНЕСКО во Битола

Филмски професионалци од Шпанија, Полска, Германија, Ирска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија во Битола учествуваат на форум на филмските градови на УНЕСКО.

Битола е дел од мрежата која годинава е фокусирана на „Одржливи и еколошки практики во филмот и креативните индустрии“, изјави за МИА, Кристина Христова Николова, претставник на Центар за филм-Битола.

-Во рамки на форумот беше презентиран проектот „Зелени филмски градови, јакнење на одржливи креативни градови“, а на посебен панел филмски професионалци од целиот свет се обидуваа да најдат одговори на прашања за одржливи практики во филмската и креативната индустрија насочени кон градење одржливи градови. Сакам да истакнам дека голема е честа и Битола да биде дел од оваа мрежа на УНЕСКО и наши гости да бидат филмски професионалци од Гдањск, Сараево, од Тераса-Шпанија, Потсдам, Ваљадолид, Софија, Голвеј и секако македонски филмски професионалци. Заклучоците од форумот ќе бидат испратени во кластерот за филм на УНЕСКО, нагласи Христова Николова.

Според програмата вечер во рамки на форумот, во битолското кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од одржлива и „зелена“ продукција, односно „Привлечност“ на режисерот Александра Шчепанијак, „Небото над Зеница“ на режисерите Нана Франк Мелер и Златко Прањиќ, филмот „ГАЈА“ во режија на Нермин Хамзагиќ и Енис Чишиќ и „Жешки нешта“ во режија на Паскал Шух и Јонас Ример.

Ејупи: Со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, се приклучи на акцијата за засадување дрва што се спроведе на локација во близина на Кокино. 

Со засадување на последините 1000 дрвни расади беше заокружена овогодинешната акција за пошумување „Сончева Гора“, како дел од „Генералка викенд 2024“, најголемата и најмасовна волонтерска еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан.

- Ги поздравувам сите партнери и сите учесници во акциите, бидејќи сите овде не обединува силната желба со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина. На отпадот не му е место во природата“ истакна Ејупи во своето обраќање додавајќи дека секое место каде што отпадот е непрописно одложен може да биде чиста и зелена оаза каде со задоволство ќе го поминуваме слободното време.

Тој порача дека на нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски и треба да бидеме пример на нашите најмлади.

Годинава по трет пат во есенската акција„ Сончева Гора“ се засадува по едно дрво за секои 10 килограми собран отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Национални шуми веќе засадија повеќе од 100.000 дрвја (црн бор, бел бор и аризонски чемпрес) на површина од 51 хектар, а со последните 1000 садници се заокружува акцијата.

Активностите Генералка Викенд и Сончева Гора се во организација на Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, а се спроведуваат со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми, други институции и волонтери.

Канцеларија за комуникација со јавност.

Министерство за животна средина и просторно планирање

притисни ентер