Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаУште пет дена кампања, одлуки за коалициите во вториот кругПартиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември. Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од коалицијата „Вреди“, Хаќим Рамадани ја оцени како „голема грешка пред се за кандидатите за градоначалници од таа коалиција“. -Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Така што, толку себичен потег од политичар во поновата историја Македонија не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати, кои што, исто така, се борат во вториот круг за градоначалнички мандат, изјави Мицкоски. И претставниците на меѓународната заедница, како што рече, со кои зборувал многу сериозно, гледаат со големо жалење и просто со неверување за тоа што слушаат дека некој во 21 век, може да користи таков речник. Најави дека Рамадани ќе биде разрешен од актуелната функција и порача дека неговата лична и поддршката на Владата ја имаат сите оние коишто работат на иднината на државава, без разлика на етничката, верската или политичката припадност или неприпадност. Прашан за поддршката со Коалицијата „Вреди“ во вториот круг, Мицкоски, посочи дека таа коалиција испратила соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари во Кичево. - Го слушав Фатмир Лимани, кој што апсолутно не повика да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Второ, Коалицијата ВРЕДИ испрати соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари, како кандидат за градоначалник во Кичево. Но, еве и јас ги повикувам Албанците коишто се во Кичево, но и Кичевчани коишто ќе ја слушаат оваа изјава, да размислат после сето она што го слушнавме, за човекот што ги уценува нивните внунки и нивните ќерки, дали треба да го дадат гласот за него, и дали е тој достоинствен кандидат за иден градоначалник на Кичево. И жалам, што здруженијата на мајки и женските здруженија, кај Албанките, не излегоа со осуда и со згрозување да го коментираат тоа што го слушаа за овој кандидат и кој што се обидува повторно да биде градоначалник на Кичево, изјави Мицкоски. Повтори и дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опзицијата кои повикуваат на тоа, им порача „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“. Најави дека по локалните избори се подготвуваат за партискиот конгрес, кој што ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци. Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше и во скопски Карпош, за поддршка на Сотир Лукровски за градоначалник во оваа општина, каде исто така беше побарано да се излезе масовно на гласање и како што беше речено, да заврши бетонизацијата и актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски да стане минато. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, пак, на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како што информирапе ЗНАМ, добил јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела. Противкандидатот на Лабудовиќ и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат ќе се спроведе хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“. -Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица. Просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните. Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година, изјави Герасимовски. Опозициската СДСМ, како што изјави лидерот Венко Филипче, одлуката за коалиции во вториот круг ќе ја донесе до задутре. Етничката припадност, уверува Филипче, нема да биде критериум. - Мултиетничкиот карактер на државата и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет, СДСМ до среда ќе одлучи со кого ќе коалицира или поддржи за вториот круг, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од штабот на партијата во општина Аеродром од каде порача дека нивниот кандидат Александар Трајановски влегува во вториот круг со силна поддршка и јасна визија за општината. Филипче најави и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. Кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности. По истекот на рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, ноќеска завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември. Првиот круг од локалните избори се одржа на 19 октомври и завршени се во 43 општини, додека постапката ќе се повтори во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде немаше доволна излезеност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter