Уште едно обвинение за сексуален напад насочено кон Пи Диди - Канал 5

Уште едно обвинение за сексуален напад насочено кон Пи Диди

Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Деди или Пи Диди, е обвинет од поранешен колега за сексуален напад.

Уште едно обвинение за сексуален напад насочено кон Пи Диди

Музичарот и претходно е тужен за сексуални напади, вознемирување и недолично однесување, уште од четири лица, од ноември 2023 година.

Родни „Лил Род“ Џонс - продуцент на албумот на Пи Диди од 2023 година, во понеделникот поднел тужба до Федералниот суд во Њујорк против раперот и неколку негови соработници. Тој тврди дека бил сведок на тоа како Комбс и другите „се впуштиле во сериозни незаконски дејствија“ додека живеел и патувал со нив од септември 2022. до ноември 2023 година.

Во документите се тврди дека Пи Диди го принудил Џонс да бара сексуални работници, некои од нив и малолетни лица, кои наводно биле непристојно тормозени и понижени. Продуцентот тврди дека бил принуден да има секс, а и слики од тие случаи се вклучени во поднесокот.

Адвокатот на Пи Диди, Шон Холи го критикува Џонс дека неговото „непромислено нафрлање имиња и настани коишто се чиста фикција“ е, едноставно, нешто кое не се случило, а тужителот само бара внимание и корист.

- Имаме огромен, неоспорен доказ дека неговите тврдења се целосни лаги. Нашите обиди да го споделиме тој наш доказ со адвокатот на г-н Џонс - Тајрон Блекбурн, беа игнорирани, т.е. г-н Блекбурн одбива да ги прифати нашите повици, изјави правобранителот.

Тој најави образложение на овие обвинувања на Суд и соодветни мерки против оние што ги изнесуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Данил Медведев ќе претрпи повеќекратна штета поради исклучувањето од мечот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Пекинг. 

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Не само што е без премијата што ја заработи, туку ги загуби и бодовите што го држеа во првата петорка во светот.

Имено, Медведев налутено упати топка во публиката и удри гледач, а на само неколку поени од пораз си потпиша сопствена дисквалификација.

Тоа значи дека нема да зема бодови за полуфинале.

Тоа дополнително имплицира дека тој нема да биде во Топ 5, бидејќи со откажување на неговите поени пред него се враќа Феликс Оже Алијасим и ќе има уште 30 поени.

А во трката за завршниот Мастерс во Торино трпи удари, бидејќи Ѓоковиќ сега драстично му се приближи и би можел да го остави без таа конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер