Уште една ѕвезда влезе во тесна трка за улогата на Џејмс Бонд - Канал 5

Уште една ѕвезда влезе во тесна трка за улогата на Џејмс Бонд

Актерот од популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“, Лусиен Лависконт, би можел да биде следниот Џејмс Бонд.

Уште една ѕвезда влезе во тесна трка за улогата на Џејмс Бонд

Како што пишува Дејли Мејл, Британецот ѝ паднал во очи на продуцентката Барбара Броколи, која ги има правата на филмската франшиза за Џејмс Бонд, а моментално, како што пишуваат, тој е најверојатниот кандидат.

Лависконт се прослави со улогата во „Емили во Париз“, а наводно токму оваа работа му помогнала да влезе во потесниот избор за новиот агент 007. "Лусиен го има она што е потребно за да биде новиот Бонд. Тој е исклучително талентиран актер, тој е многу презентабилен и во последните 18 месеци освои многу обожаватели со неговата улога во Емили во Париз. Луѓето кои работат на новиот Бонд веќе можат да го видат во смокинг 007, тој би бил совршен за улогата“, изјави за Дејли Меил извор близок до продукцијата на Бонд.

Сепак, Англичаните нагласуваат дека една работа може да биде пречка за Лависконт, а тоа е неговото учество во Celebrity Big Brother во 2011 година. Производителите на франшизата го гледаат тоа како дамка во кариерата на Лусиен и мислат дека тоа може да му наштети на угледот. Сепак, сѐ друго им е задоволувачко.

Во конкуренција за новиот Џејмс Бонд се споменуваа и Хенри Кавил, Идрис Елба, Том Харди, Рене-Џин Пејџ, Арон Тејлор-Џонсон, Ричард Маден, Том Хидлстон, Силијан Марфи и многу други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал

Се обидел да избегне еден автомобил, но, за жал, завршил директно во друг. 

ЈО: Обвинение за возачот на „Сеат Алтеа“, му го пресекол патот на мотоциклистот што загина кaj Радишани и избегал

19-годишниот Никола Макрачевски со својот мотор загинал преминувајќи во спротивната коловозна лента за да избегне возило. Зад несреќата според Обвинителството, стои маневар на 46-годишен возач на „сеат алтеа“ кој му го пресекол патот и започнал да свртува налево кон ул.18. На крстосницата немало сообраќајни знаци, но како што соопштија од Обвинителството, возачот не ги пропуштил возилата што доаѓале од спротивната страна на ул. Радишанска.Така возачот на „алтеата“ му го пресекол патот на Никола, кој со мотоцикл „кавасаки“ се движел право. Во обид да избегне директен судар, Никола свртел налево и преминал во коловозната лента наменета за возилата што се движат во спротивна насока. Но, таму се движел автомобил „алфа ромео“. Мотоциклот директно удрил во автомобилот, а од силината на ударот Никола излетал и паднал на коловозот. Се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Полесно бил повреден и возачот на „алфа ромеото“.

Според Обвинителството, 46-годишникот по несреќата не застанал да им помогне на повредените, туку го напуштил местото. Тој сега се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

-Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола“, соопштија од Обвинителството.

Откако 46-годишникот од Арачиново, каде беше пронајдено и неговото возило беше уапсен завчера, денеска со новите детали од Обвинителството официјално се открива и улогата на третото возило во несреќата. Првично, од МВР беше соопштено дека во судирот учествувале мотоциклот и „алфа ромеото“, но според новите детали и обезбеден видео запис при увидот, токму возачот на „сеатот“ го натерал Никола да се обиде да го избегне сударот и да премине во спротивната лента, што заврши кобно за младиот мотоциклист.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стабилна е состојбата на на 28-годишниот скопјанец кој има тешка повреда на ‘рбетниот мозок по пад од тобоган во Турција

Стабилна е здравствената на 28 годишниот скопјанец кој имаше тешка пвореда на ‘рбетниот мозок при пад од тобоган во Турција, изјави директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски. 

Стабилна е состојбата на на 28-годишниот скопјанец кој има тешка повреда на ‘рбетниот мозок по пад од тобоган во Турција

Пациентот самостојно дише и почна со храна, потврдија докторите. Пациентот имаше операција во Турција и вчера беше донесен во Македонија со владиниот авион.

Доктор Мерџаноски со апел до сите кои скокаат од карпи во во вода и користење на забавни паркови, многу често завршуваат со фатални последици по нивното здравје со траен инвалидитет. Иако со години има кампањи од страна на докторите и МВР да се внимава често пати адреналинот е многу појак од апелите.

Новите операциони сали во клиничкиот центар се функционални две недели и се работи со полна пареа и за викенд да се намалат листите на чекање, потврди доктор Мерџаноски кој цел викенд со својот тим оперираат. Големо влијание на списокот за операции имаат честите сообраќјни незгоди заради топлото време каде често моторџиите се со скршеници, но многу често и возачи на автомобили во топлите часови од денот добиваат топлотен удар и имаат тешки сообраќајни незгоди.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски објави видео 35 години независност - промоција на СДСМ

Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија.

СДСМ: Мицкоски објави видео 35 години независност - промоција на СДСМ

И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ.

Во видеото е Киро Глигоров.

Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија.

Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ЕУ.

Сè што е позитивно и државотворно во тие 35 години, е дело на СДСМ.

Ниту еден вистински државен успех во овие три и пол децении, не носи потпис на ВМРО.

Затоа во видеото нема место за Никола Груевски.

Тие години на темнина, криминал и бегство не се за промотивни спотови.

Нема место ниту за оваа актуелна Влада - затоа што нема што да покаже.

Мицкоски сакаше да се пофали со независноста. А всушност објави промоција на сè она што СДСМ го изгради.

Македонија има причина да биде горда.

И таа гордост, во најголем дел, носи потпис на СДСМ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер