Уште две жртви од коронавирус во Италија , маските се продаваат по 5 000 евра

Коронавирусот се чини дека влезе во нова фаза со нови фокуси низ целиот свет, предизвикувајќи стравувања дека ќе се претвори во пандемија.

Официјалните лица на Светската здравствена организација соопштија дека бројот на дневни случаи на инфекција со коронавирус, пријавени надвор од Кина, го надмина бројот на заразени во земјата од која потекнува смртоносниот вирус.

Коронавирусната инфекција сега е забележана на сите континенти, освен на Антарктикот.

Вирусот досега уби најмалку 2.800 луѓе во светот, повеќето во Кина.

На глобално ниво, има повеќе од 82,000 случаи на инфекција со коронавирус.

Според „Гардијан“, коронавирусот ќе го чини светскиот туризам околу 22 милијарди долари. Односно, ќе има толку многу загуба поради намалената потрошувачка од кинеските туристи.

Ова се проценки на шефот на британскиот Светски совет за туризам.

Бројот на заразени лица во Швајцарија се зголеми на шест. Двете неодамна заразени лица се жени кои неодамна престојувале во северна Италија, пренесува Ројтерс.

Заменик-министерот за здравство на Италија, Пјерпаоло Силери, рече дека Италија не планира да ги затвори своите граници.

„Мислам дека не постои причина за тоа , особено затоа што погодените области се добро изолирани“, рече тој.

Трговците кои наплатуваат неверојатно високи цени за маски за лице и други производи што се рекламираат како заштита од коронавирус на интернет, се соочуваат со кривични пријави во Италија.

Финансиската полиција денеска објави дека открила луѓе што продаваат маски за лице по цена од 5.000 евра.

Покрај тоа што се надуени на неверојатни нивоа, продавачите на интернет лажно тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита“ од коронавирус.

Во меѓувреме, во Кремона, лоцирана во близина на црвената зона во северна Италија, немаат каде да ги сместат пациентите.

„Не знаеме каде да ги сместиме пациентите“; изјави медицинско лице за весникот Кориере дела Сера.

Велат дека бројот на пациенти постојано се зголемува и дека интензивната нега веќе не е достапна. Затоа, голем дел од пациентите биле пренесени во болниците во Павија и Милано.

Италијанските власти соопштија дека уште двајца починале од коронавирус.

Официјалните бројки за Италија сега гласат: 14 мртви, со вкупно 528 пациенти , од кои 282 во моментов се болни.

Австрија објави дека е потврден првиот случај на инфекција со коронавирусна инфекција во Виена, која, по двете заразени лица во Тирол, е трет случај на инфекција со вирусот во земјата.

„Станува збор за 72-годишник ставен во карантин во болницата „Рудолфстифтунг“ веќе десет дена и по позитивниот тест беше префрлен во изолиран оддел во специјалната болница, потврди градскиот советник Питер Хакер на прес-конференција во Градското собрание на Виена.

Медиумите објавија дека заразеното лице било во Италија, каде најверојатно се заразил.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер