Уште девет жени го тужат холивудскиот комичар Бил Козби за сексуален напад - Канал 5

Уште девет жени го тужат холивудскиот комичар Бил Козби за сексуален напад

Уште девет жени го обвинија познатиот американски комичар Бил Козби за сексуален напад во тужба во која тврдат дека ги малтретирал, користејќи ја неговата огромна моќ, слава и престиж.

Уште девет жени го тужат холивудскиот комичар Бил Козби за сексуален напад

Во тужбата, поднесена во средата пред федералниот суд во Невада, се наведува дека жените биле запрепастени и нападнати помеѓу 1979 и 1992 година во домови, хотели и соблекувални во Лас Вегас, Рено и езерото Тахо.

Една од жените го обвини Козби, кој тврдеше дека е нејзин актерски ментор, дека ја намамил да дојде од Њујорк во Невада, каде што била дрогирана во хотелска соба, а потоа силувана.

85-годишната ѕвезда е обвинета од повеќе од 60 жени за силување, сексуален напад и сексуално вознемирување. Актерот ги отфрли сите обвинувања.

Козби е првата американска славна личност која е осудена во ерата на движењето #MeToo. Тој помина речиси три години во затвор пред повисокиот суд да ја поништи пресудата и да го ослободи во 2021 година. Претходно оваа година, судот во Лос Анџелес и досуди отштета од половина милион долари на жена која тврдеше дека Козби ја малтретирал во вилата на Плејбој во 1975 година, кога имала 16 години.

Жените ги поднесоа тужбите неколку недели откако гувернерот Џо Ломбардо потпиша закон со кој заврши двегодишниот статут на застареност за поднесување обвиненија за сексуален напад. Слични тужби следеа и во други сојузни држави по усвојувањето на истиот закон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.

СДСМ: Владата има пари за авион -  нема за плати!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето.

Тоа било за нив „сериозна држава“.

За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода.

Се мери со нов авион за Мицкоски.

„Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има.

Се може да почека само авионот не може.

Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат.

Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат.

Само авионот не може да чека.

Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии.

За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија.

А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа.

Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше.

Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани.

Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница.

Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации

Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко.

Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо.

Од Охрид пак, новите линии ги поврзуваат граѓаните со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

Подобрата поврзаност е важна и за економијата. Поголемиот број директни линии може да придонесе за развој на туризмот, особено во Охрид, но и за полесно поврзување на домашните компании со странски партнери и пазари.

Проширувањето на авиомрежата е дел од заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поголема мобилност, повеќе можности и посилно поврзување на Македонија со Европа и светот.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Третиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметност

Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. 

Третиот ден од карпошовото културно лето започна со урбана уметност

Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ).

Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето

Вчера, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации!

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер