ЖивотУништувањето на шумите во бразилскиот Амазон на рекордно високо нивоОколу 360 квадратни километри прашума во бразилскиот Амазон се уништени само во јануари годинава.Ова е најголемата бројка регистрирана за јануари од 2015 година, соопшти Националниот институт за вселенски истражувања (Инпе). Инпе користи сателитски снимки за своја анализа, користејќи брзо истражување за да ги испита промените во шумата во реално време. Според тоа, бројките на Инпе можат да покажат како може да се развие официјалната стапка на уништување на шумите во однос на дадена година. Годишната стапка е за периодот од август до јули. На климатската конференција на ОН ЦОП26, бразилската Влада објави дека ќе стави крај на нелегалното уништување на шумите во Амазонската прашума до 2028 година. Експертите стравуваат дека најновите податоци би можеле да укажат на зголемен ризик од уште една катастрофална година за Амазон. Помеѓу август 2020 година и јули 2021 година, околу 13.235 квадратни километри се обесшумени во регионот, според Инпе. Ова е зголемување од 22 отсто во однос на претходната година и најголема површина на уништени шуми од 2008 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОдеса сака да го забрани рускиот јазик на јавни места: Може да биде провокација Градскиот совет на Одеса, третиот по големина град во Украина, оваа недела одлучува за контроверзен предлог за забрана на рускиот јазик во уметноста. Одлуката би ги проширила постојните државни законски ограничувања, што е особено значајно бидејќи Одеса е град каде што најмногу се зборува руски. Забраната би се однесувала само на јавни простори, додека приватната употреба на јазикот нема да биде опфатена, пишува Би-Би-Си. Рускиот е мајчин јазик на милиони Украинци, вклучувајќи многу војници кои ја бранат земјата од руската агресија. Сепак, украинскиот е единствениот службен јазик и го зборува мнозинството од населението, а дел од јавноста го перцепира рускиот јазик како средство за руско влијание. Предлогот што беше доставен до советниците во Одеса, град кој секојдневно е цел на руски беспилотни летала и ракети, предизвика поделени мислења. Предлогот повикува на целосна забрана на руска содржина, од музика до литература, на улиците, во парковите, јавните институции и државните културни и забавни места. Исто така, се препорачува и приватните установи да ја воведат забраната. „Рускиот јазик е руско оружје и ние мора да го исправиме тоа“ Во пракса, ова би ги вклучило и старите песни за Одеса, познати низ целиот поранешен Советски Сојуз, а сите книги на руски јазик би морале да се отстранат од полиците на јавните библиотеки. Според постојните правила, тие можат да бидат во библиотеките, но не и на истакнати места. Адвокатот од Одеса, Артем Карташов, кој ги советуваше локалните власти за програмата за „деколонизација“ на градот, ја поддржува мерката. „Рускиот јазик е руско оружје и ние мора да го исправиме тоа“, рече тој. „Преку музика на руски и друга содржина, Русите се обидуваат да го уништат украинскиот идентитет и да влијаат првенствено на младите, бидејќи тие растат во средина каде што се зборува руски“, додаде тој. Од друга страна, комичарот Борис Барски, еден од најпознатите забавувачи во Одеса, се спротивставува на идејата. „Рускиот не е само јазикот на Путин, туку е и јазикот на Достоевски и Булгаков“, истакнува тој. „Кој има корист од поттикнување конфликт меѓу луѓето кои ја сакаат Украина подеднакво, само зборуваат различен јазик? Келнерите, продавачите и лекарите мора да зборуваат украински Тоа му користи само на Путин“, верува тој. Рускиот претседател Владимир Путин честопати ја наведуваше наводната репресија врз русофонското малцинство како едно од оправдувањата за инвазијата. Рускиот и украинскиот се поврзани, но различни јазици, а многумина во Украина зборуваат мешавина од двата јазика позната како Суржик. Самиот претседател Володимир Зеленски го има рускиот како мајчин јазик, но од почетокот на руската инвазија, тој зборува исклучиво украински во јавноста. Закон донесен во 2019 година ја наложува употребата на украинскиот јазик во голем број јавни и професионални ситуации, вклучувајќи го образованието, јавните услуги и услужните индустрии. Според тој закон, вработените во услужната индустрија, како што се келнерите, продавачите или лекарите, прво мора да им се обратат на клиентите на украински јазик и можат да се префрлат на руски јазик ако клиентот го побара тоа. Театарот „Барски маски“ беше казнет за кршење на законот, вклучително и употреба на руски јазик во промотивни материјали и знаци на руски јазик во кафулето на театарот. „На улиците, рускиот јазик може да биде причина за провокација“ „Ова повеќе не е Орвел или Кафка, ова е чиста лудост“, коментираше Барски. Бидејќи неговиот театар е приватен, Барски би можел да продолжи со претстави на руски јазик. Новиот предлог, сличен на оние што веќе се во сила во Киев и некои други градови, би ги охрабрил, но не би ги обврзал приватните установи како што се продавниците и кафулињата да ја спроведат забраната. Ана Неруш, комесар за јазик во Одеса задолжена за проверка на извештаите за прекршување на правилата, верува дека предлогот, доколку биде усвоен, ќе изврши притисок врз приватните компании. „Сите компании соработуваат со локалната самоуправа на некаков начин. Тие изнајмуваат простории, им се потребни дозволи за рекламирање и слично. Затоа е важно многумина да ја почитуваат одлуката на советот, дури и ако таа не предвидува казни“, објасни таа. Таа, исто така, истакна дека забраната нема да се однесува на некој што го слави својот роденден на руски јазик во посебна ресторанска просторија. „Но, на улиците, рускиот јазик може да биде причина за провокација, на пример за поранешни воени заробеници и луѓе што дошле од окупирани територии“, додаде таа. „Мора да разбереме дека бевме колонија“ Многу руски говорници во Украина се префрлија на украински во последниве години, особено по руската инвазија во 2022 година. Фотографката Наталија Михајленко е една од нив. Во Одеса, таа води тури кои ги истакнуваат неруските елементи од историјата на градот, како што се козачките гробишта кои датираат од пред 1794 година, датумот кога се вели дека руската царица Катерина Велика го основала градот. Статуата на Катерина Велика беше отстранета од главниот плоштад во Одеса во 2022 година, а улиците беа преименувани во чест на украинските писатели и активисти. „Мора да разбереме дека бевме колонија“, рече Михајленко. „Разбирам дека понекогаш овие закони за јазикот можеби не се демократски, но без нив нема да има нормална Украина во иднина“, додаде таа. Антропологот Анастасија Пиљавски верува дека ваквите мерки ги тераат руските говорници да се чувствуваат како граѓани од втор ред. „Ова всушност не е прашање на јазик, туку на слобода“, вели таа. „Украина се бори за слобода. Значењето на оваа војна е што не живееме под авторитарно владеење како што нуди Русија. Професор по физика: Децата не треба да бидат убедени Кога се појавуваат казни или закани за отпуштање поради прекршување на законите за јазикот, луѓето почнуваат да се прашуваат за што всушност се бориме?“, рече таа. Не е јасно колку поддршка има новиот предлог во советот. На него се спротивставува влијателна група советници поврзани со поранешниот градоначалник Генадиј Труханов. Еден од добро познатите жители на Одеса кој се најде во центарот на јазичната контроверзност е професорот по физика Павло Виктор. Неговите онлајн предавања ги следат милиони луѓе. Тој беше критикуван за објавување предавања на руски јазик, а подоцна и за тоа што рече дека ќе им зборува на преплашените деца за време на ракетните напади на нивниот префериран јазик. Виктор повикува на смирување на ситуацијата и се залага за постепен пристап. „Украинизацијата мора да биде учтива и блага. Децата не треба да се убедуваат да се префрлат од руски на украински јазик, туку да се создаде атмосфера во која тие самите ќе сакаат да го сторат тоа. Тоа е најдобриот начин“, верува тој. Тој проценува дека денес околу 10% од жителите на Одеса зборуваат украински на улица. „Но, ако почекаме 50 години, можеби 90% ќе зборуваат украински. Се надевам дека постепено ќе се движиме во таа насока“, заклучи тој.Тагови: Одеса Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЛамин Јамал и Инес Гарсија разменуваат нежности во јавност (ФОТО)Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (19) и инфлуенсерката Инес Гарсија (21) уживаат во своите заеднички моменти додека навивачите се загрижени за повредата на фудбалерот.Двојката неодамна зеде приватен авион на еднодневен излет во Париз. Нивната врска стана јавна во април, откако беа видени на заедничка вечера, а не долго потоа се појавија фотографии од нив како се држат за раце во Грција. Тие официјално ја потврдија својата врска во мај, кога дојдоа заедно на вечерата на Барселона на крајот од сезоната. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Еден ден во Париз Двојката објави на Инстаграм краток клип од нивното патување на кое се гушкаат на кауч. Инес Гарсија напиша опис на објавата: „24 часа во Париз“. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Коментари на објавата Нејзините 4,6 милиони следбеници реагираа брзо, а коментарите беа полни со позитивни реакции. „Прекрасно“, напиша еден следбеник. „Обожавам да ги гледам заедно!“, коментираше друг, додека трет додаде: „Тие се многу заљубени и тоа се гледа“.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказната за Силјан“ со две номинации за Еми наградите Од малата Македонија до Лос Анџелес, патот на документарниот филм „Приказната за Силјан“ одамна ги надмина границите на една филмска продукција.Оваа година „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, беше единствениот филм од неамериканска продукција меѓу номинираните во своите категории, и тоа со две номинации за Emmy Awards, Exceptional Merit in Documentary Filmmaking и Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program. Во двете категории „Приказната за Силјан“ се најде во директна конкуренција со американски продукции. Особено силна беше номинацијата за Exceptional Merit in Documentary Filmmaking, каде „Силјан“ беше еден од само два номинирани филма, додека во категоријата Outstanding Cinematography for a Nonfiction Program се најде меѓу петте избрани остварувања. Наградите во двете категории им припаднаа на американски продукции. Овој успех има уште поголема тежина затоа што доаѓа од мала земја и мала филмска индустрија, која не располага со буџетите и продукциските услови на најголемите светски кинематографии. Токму затоа фактот што еден македонски филм стигна до две номинации за Еми е силно признание за македонската кинематографија. Од македонските села и пејзажи, преку светските фестивали и National Geographic, до црвениот тепих во Лос Анџелес, „Приказната за Силјан“ покажа дека една локална приказна може да стигне до светска публика. „Тоа што ќе го донесеме дома од Еми наградите е едно незаборавно искуство од еден од најголемите светски настани по Оскарите, меѓународно признание, нова видливост за македонскиот филм и доказ дека границите на една мала земја не мора да бидат и граници на нејзините приказни“, изјави Тамара Котевска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12