УНИЦЕФ: Се отстрануваат бариерите децата со попреченост да го заземат местото во општеството

Стигмата честопати постои поради сознанија изградени врз стереотипи.

Новото истражување на УНИЦЕФ за знаењата, ставовите и практиките на јавноста кон децата со попреченост покажува дека е постигнат неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите кои ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето заслужено место во општеството. Речиси сите анкетирани сега сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост. Сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост и сметаат дека тие треба да учат во редовните училишта, заедно со нивните врсници.

-Стигмата честопати постои поради сознанија изградени врз стереотипи. Немањето информации, заблудите, изолацијата и сегрегацијата ги одржуваат ваквите стереотипи – па најдобар начин за решавање на стигмата е да се прекинат стереотипите, вели Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Резултатите од истражувањето покажале дека кога на децата со попреченост ќе им се дадат можности да ги покажат своите способности, општеството може да ја надмине стигмата која ги спречува децата со попречност да се вклучат и да учествуваат во општеството".

Истражувањето направено годинава било споредувано со резултати од истражување спроведено на почетокот од 2014 година. Меѓу двете истражувања се реализирала кампањата „Биди фер, за детство без пречки" која поттикнала дискусија за стигмата кон лицата со попреченост.

Резултатите покажале дека годинава 62 проценти потврдиле дека познаваат дете со попреченост и дека имаат почести контакти со него, за разлика од 2014 година кога 45 проценти се изјасниле дека познаваат вакво дете. Повеќе од 90 отсто сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост, што не било случај во 2014 година, кога во просек 32 проценти сметале дека е прифатливо нивното дете да биде соученик на дете со попреченост.

-Јасно мнозинство – 86 проценти годинава во споредба со 58 проценти во 2014 година разбираат дека општеството и околината треба да се прилагодат за да одговорат на потребите на децата со попреченост – пристап втемелен во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, дека многумина или 73 отсто веруваат дека инклузивното образование им користи како на децата со попреченост, така и на децата без попреченост, така што придонесува за подобрување на социјалните вештини, толеранцијата и почитувањето на различностите, се вели во соопштението од УНИЦЕФ.

Нивното истражување покажало и дека постои шесткратно зголемување – од 4 проценти (2014) на 24 проценти (2018) – во бројот на луѓе кои веруваат дека најдобар пристап кон образованието на децата со попреченост е да одат во редовни училишта и да учествуваат во редовна настава заедно со своите врсници без попреченост, како и дека иако другите ја поддржуваат идејата децата со попреченост да одат во редовни училишта, 18 отсто сметаат дека тие треба да одат на посебни часови со врсниците; а 22 проценти сметаат дека треба да има одвоени паралелки. Бројот на лица кои веруваат дека децата со попреченост треба да посетуваат специјални училишта се намалил од 48 проценти (2014) на 31 процент (2018).

-Позитивните промени во знаењата, ставовите и практиките во општеството треба да бидат проследени со забрзано спроведување на политики и програми за претворање на инклузијата во реалност за десетици илјади деца и возрасни со попреченост во земјата, вели Перкс, и додава дека е уведен оти дека ова ќе покрене демократски барања за поголема инклузија и дека ќе ја забрза имплементацијата на системските реформи кои се во тек, за да се обезбеди секое дете да ја добие поддршката што му треба да оди на училиште со своите врсници, да добие здравствени и социјални услуги, и за да се стави крај на исклучувањето, изолацијата и институционализацијата на децата со попреченост.

„Последователното истражување за знаењата, ставовите и практиките кон инклузијата на децата со попреченост" било спроведено како дел од пошироката програма поддржана од УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата со попреченост, исто така поддржано од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и промовирање социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција" поддржан и финансиран од ЕУ и УНИЦЕФ.

Далас избори конференциско финале

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2.

Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл: 29 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Во финалето на Западната конференција Далас ќе игра со победникот од двојката Денвер – Минесота (3:3).

Вечер од 21:30 часот по македонско време, Њујорк ја пречекува Индијана во одлучувачкиот седми натпревар од четвртфиналната пресметка во Источната конференција. /МИА

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Битола, ноќеска во 00:20 часот, на ул.„Охридска“ во Битола  го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот битолчанец И.М.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

притисни ентер