УНИЦЕФ: Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови - Канал 5

УНИЦЕФ: Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови

Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови, а за ранливите домаќинства да се воведе парична помош

УНИЦЕФ: Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови

Образовните установи во Македонија да се подготват за топлотните шокови за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст поради екстремните температури, а наставниците и родителите да се оспособат за одговор на топлотниот стрес, порачува УНИЦЕФ.

Во најновата анализа, објавена денеска, УНИЦЕФ укажува и дека постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури, како и во примарната здравствена заштита, за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата предизвикани од топлина. Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои оние што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, со попреченост и децата што живеат и работат на улица.

Според УНИЦЕФ, земајќи предвид дека е поголема веројатноста семејствата со пониски примања да се соочат со поголем ризик од изложеност на топлина и да имаат намален капацитет за справување, како и дека топлотните бранови ја засегаат и семејната егзистенција, постои потреба од поширок национален одговор за да се разбере социо-економското влијание на топлотните бранови и да се воведат социјални интервенции - како што се парична помош и социјални услуги за ранливите домаќинства, за да им се помогне на семејствата да се справат со социо-економските ефекти од екстремните горештини.

-Во Македонија, иако топлината не е главен фактор што придонесува за смртност на доенчињата, изложеноста на чести топлотни бранови и понатаму загрижува, налагајќи националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите. Треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес. Адаптацијата на училиштата често се превидува зашто топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст. Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст поради екстремните температури, стои во анализата.

Истражувањето опфаќа податоци од 23 земји, а покажува дека сè поголемите горештини во Европа и Централна Азија убиваат речиси 400 деца годишно. Во 2021 година како последица на сè повисоките температури, починале околу 377 деца.

-Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија или 92 милиони деца, веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот. Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време. Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот“, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија. Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања. Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32 000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот, наведува УНИЦЕФ.

Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, Националните планови за адаптација и политиките за намалување на ризикот од катастрофи и за контрола на катастрофи, при што децата треба да бидат во центарот на овие планови, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што учат децата и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран. Исто така се препорачува да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, како и да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат.

- УНИЦЕФ работи со владите, партнерите и заедниците од целиот регион за да изгради отпорност против топлотните бранови. Ова значи оспособување на наставниците, здравствените работници во заедницата и семејствата со вештини и знаења за да реагираат на топлотниот стрес, подвлекува УНИЦЕФ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Купувачите на „iPhone 18 Pro“ пријавуваат необичен проблем

Ако штотуку сте купиле нов „iPhone 18 Pro“ и сте забележале нешто необично, не сте единствените.

Купувачите на „iPhone 18 Pro“ пријавуваат необичен проблем

На онлајн форумите, сопствениците на новите модели „iPhone 18 Pro“ пријавуваат чудни звуци на пукање и кликање кои доаѓаат директно од слушалката за разговори. Според досегашните извештаи од корисниците, проблемот ги погодува и моделот „Pro“ и поголемиот модел „Pro Max“.

Засега не е познато дали станува збор за хардверски проблем или за софтверска грешка, а ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што некои корисници добиле заменски уреди кои ги покажуваат истите симптоми.

Описот на проблемот варира кај корисниците. Некои тврдат дека речиси постојано слушаат многу слаби звуци на потчукнување или пукање, додека други пријавуваат дека звукот се појавува само при одредени дејства.

Врз основа на досегашните извештаи, звукот може да се слушне за време на стандардни телефонски повици, при прелистување веб-страници или при пишување на тастатурата.

Некои сопственици дури успеале да го предизвикаат звукот со вклучување и исклучување на режимот „Airplane Mode“ или со нагла промена на осветленоста на екранот. Ова сугерира дека проблемот можеби не е директно поврзан само со репродукцијата на звук.

„iOS 27.0.1“ не го реши проблемот

„Apple“ веќе објави брзо ажурирање за решавање на неколку почетни проблеми по лансирањето на новите телефони, но „iOS 27.0.1“ не вклучува поправка за овој конкретен проблем со звучникот.

Првичните реакции на корисниците по инсталирањето на најновиот софтвер покажуваат дека случајното пукање и потчукнување продолжуваат да се појавуваат на некои уреди. Уште поинтересни се случаите на корисници кои го вратиле телефонот во продавницата и добиле сосема нов уред, само за да откријат дека истиот проблем повторно се јавува.

Ова само по себе не докажува фабрички хардверски дефект, но покажува дека замената на поединечен уред не го решава проблемот во секој случај.

Ако причината е поврзана со софтверот, „Apple“ можеби ќе го реши проблемот со идно системско ажурирање. Од друга страна, ако се покаже дека проблемот е поврзан со самиот звучник или со други компоненти на телефонот, ќе биде потребно поинакво решение.

„Apple“ сè уште нема дадено коментар за ова прашање.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самитот на Трамп за вештачка интелигенција: Ова се трите клучни заклучоци!

 Американскиот лидер ја собра елитата што ја „гради златната ера на САД“ и склучи пакт за „супер-интелигенција“.

Самитот на Трамп за вештачка интелигенција: Ова се трите клучни заклучоци!

Американскиот претседател Доналд Трамп беше домаќин на средба со водечките луѓе од технолошкиот сектор, која ја нарече „извонреден собир“ на умови што ја „градат златната ера на Америка“.

На списокот со гости беа лидери од компаниите OpenAI, Entropic, Nvidia, SpaceX, Meta и Google – сите клучни фигури во американската индустрија за вештачка интелигенција.

Средбата се одржува во време кога некои раководители на технолошки компании и експерти повикуваат на построг надзор врз вештачката интелигенција, наведувајќи ја загриженоста за потенцијалните ризици што таа ги носи за човештвото. Ова се трите клучни заклучоци од технолошкиот самит на Трамп во Белата куќа.

По затворениот состанок, Трамп околу 30 минути одговараше на прашања од медиумите заедно со водечките лидери од технолошкиот сектор. Американскиот претседател изјави дека лидерите потпишале документ што е „морално обврзувачки“ и кој ќе послужи како „вид заштита“ од потенцијалните ризици поврзани со вештачката интелигенција.

Според договорот, кој Трамп го објави онлајн, компаниите се одговорни за обезбедување на сигурноста на сопствената технологија. Тие исто така се согласија да воведат заштитни мерки за да се осигури дека моделите функционираат како што е предвидено, како и за брзо откривање и отстранување на какви било проблеми.

Тие, исто така, ќе соработуваат со „независни ревизори“ за да проценат дали нивните системи со вештачка интелигенција функционираат според предвиденото и за да се осигурат дека нивните платформи не вршат „хакирање или пристап до технички системи на начини кои не биле планирани“.

Договорот го потпишаа Трамп, првиот човек на Google, Сундар Пичаи, првиот човек на Anthropic, Дарио Амодеи, Марк Закерберг од Meta, претседателот на OpenAI, Грег Брокман, Илон Маск од SpaceX и извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг.

„Тоа е, на некој начин, речиси како Устав. И најголемите луѓе во светот го потпишаа, а и јас го потпишав како претседател“, рече Трамп.

Трамп додаде дека ќе формира одбор што ќе ја надгледува безбедноста на алатките за вештачка интелигенција. Тој не прецизираше кој ќе биде дел од тој комитет.

Закерберг изјави дека договорот им влева „доверба на американскиот народ и на корисниците дека технологијата функционира“ како што е предвидено, нарекувајќи ја средбата „историски разговор“.

Амодеи го нарече тоа метод за „сигурна победа“, осврнувајќи се на коментарот на претседателот од почетокот на месецов дека „оној што ќе ја победи вештачката интелигенција, победува“.

Сепак, не сите технолошки експерти се импресионирани од договорот. Хозе Мигелито Енрикез, истражувач за управување со вештачка интелигенција на Технолошкиот универзитет „Нанјанг“, рече дека договорот покажува „консензус во подем“, но не го решава прашањето дали развивачите на вештачка интелигенција треба да сносат одговорност за инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Русија го предупредила НАТО за можен нуклеарен одговор на каков било обид за блокада на Калининград, истакнувајќи дека тоа е во согласност со руските прописи.

Кремљ потврдува: НАТО предупреден за можен нуклеарен одговор

„Повеќепати слушнавме изјави од Полска и од други европски земји – прилично скандалозни изјави што ја допираа темата за Калининград. Сосема е природно нашите дипломати да се обидат да ги потсетат вжештените глави во Европа на нашите стратешки документи во врска со ова прашање“, изјави Песков пред новинарите за време на брифинг.

Според претходен извештај на литванскиот медиум „LRT.lt“, руската амбасада во Белгија го предупредила НАТО дека „агресивната политика што ја спроведуваат раководството на Алијансата и земјите-членки“ го зголемува ризикот од „директен вооружен конфликт“ со Русија.

Исто така, беше наведено дека Москва е подготвена да го употреби својот „целосен арсенал на достапно оружје“ доколку земјите од НАТО се обидат да го „изолираат регионот Калининград“ од остатокот на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер