Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
ЖивотУНХЦР бара да се стави крај на враќањето на барателите на азил и насилството врз бегалцитеУНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите. Вискокиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) изразува загриженост од зачестените протерувања и неформални враќања на бегалци и баратели на азил на европските копнени и морски граници и ги повикуваат земјите да ги истражат и прекинат тие практики. – УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите. Неформалните враќањата се одвиваат на насилен и очигледно систематичен начин. Чамците со бегалци се влечени наназад. Луѓето, штом стигнат на копно, се собирани и потоа враќани на море. Многумина пријавуваат насилство и злоупотреби од страна на државните сили, нагласи помошникот високиот комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс. Тој посочи дека, исто така, лицата кои пристигнуваат по копнен пат се неформално притворани и насилно враќани во соседни земји, без да се земе предвид нивната потреба за меѓународна заштита. Тригс потанцираше дека Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законите на ЕУ бараат од земјите тие да ги заштитат правата на лицата кои бараат азил и заштита од враќање, дури и ако влезат по нерегуларен пат. Властите, како што посочи тој, не можат по автоматизам да не дозволуваат влез или да ги враќаат луѓето без да извршат индивидуална проценка на лицата на кои им е потребна заштита. – Почитта кон човечките животи и правата на бегалците не е прашање на избор, туку правна и морална обврска. Иако земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие исто така мораат да ги почитуваат и човековите права. Неформалните враќања се едноставно незаконски, рече Тригс. Помошникот на високиот комесар наведува дека правото на барање азил е основно човеково право. – Пандемијата КОВИД-19 не е исклучок; можно е да се обезбеди заштита од пандемијата и да се осигури пристап до правична и брза постапка за азил, истакна Тригс. Тој посочи дека УНХЦР јасно ја изразила својата загриженост пред европските држави. Агенцијата за бегалци, како што рече, повикува итно да се истражат наводните прекршувања и малтретирање, кои се засноваат на веродостојни сведоштва и се потврдени од невладините организации, медиумите и извештаи од отворени извори. – Се залагаме за независни национални механизми за мониторирање кои ќе го осигураат пристапот до азил, ќе го спречат кршењето на права на границите и ќе обезбедат одговорност. Независното мониторирање се предлага и од Пактот на ЕУ и апелираме до земјите-членки на ЕУ да го поддржат, рече Тригс. Имено, бројот на пристигнувања во ЕУ продолжува да опаѓа секоја година. Бројот на лица кои пристигнале по воден и копнен пат во 2020 (95.000) е намален за 23 проценти во споредба со 2019 (123.700 лица) и за 33 проценти во споредба со 2018 (141.500). – Со толку малку пристигнувања во Европа, оваа состојба би требало да е под контрола. Жално е дека прашањето на азил продолжува да се политизира и да создава поделби и покрај ваквите бројки во опаѓање. УНХЦР согледува дека одредени земји носат непропорционална одговорност во однос на прифатот на новопристигнати луѓе. УНХЦР ги повикува останатите европски држави да покажат солидарност и да ги поддржат, наведе помошникор висок комесар. УНХЦР ги повика европските земји да ги почитуваат своите постојни заложби за заштита на бегалците со тоа што ќе ги примаат барателите на азил на своите граници, ќе ги спасуваат на море и ќе дозволат нивно префрлање на копно и регистрација, како и поддршка на новите баратели на азил. Од УНХЦР истакнаа дека се подготвени да им помогнат на државите да ги достигнат тие меѓународни обврски во областа на азилот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМуцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерстваВо рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“.Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век. „Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски. Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност. „Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски. Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства. „Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот. Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакна дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери. „Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост“, истакна тој. Муцунски се осврна и на економскиот суверенитет, нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност. „За нас, економскиот суверенитет е длабоко поврзан со поврзаноста. Ако не сте добро поврзани, не можете истовремено да бидете и суверени“, посочи министерот. Во таа насока, тој ги издвои инвестициите во Коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација, додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината. Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакна дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив. „Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот, туку и пошироко, затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека во услови на глобални промени, одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДербито во ЗМанлестер за бранителот на тронот ПСЖ, Реал со пресврт до триумф во Рим Спектакл во Манчестер и Рим, но не помалку возбудливо беше и во другите градови, каде што се одигра 2. коло од Лигата на шампионите! Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Манчестер Сити со 4:2 на „Етихад“, додека Реал Мадрид, по неверојатен пресврт, ја победи Рома со 4:3 на Олимпискиот стадион. Уште од самиот почеток, ПСЖ покажа дека е подготвен за уште еден голем европски подвиг, а прашањето за победникот практично го реши уште во првото полувреме. Од друга страна, Реал Мадрид и Рома приредија вистински фудбалски трилер во италијанската престолнина. Кралевите од Мадрид со резулатски превсрт ги освоија бодовите против Рома. среда ЛАСК Линц - Ливерпул 3:6 Феенорд - Комо 3:2 Бетис - Порто 3:2 Рома - Реал Мадрид 3:4 Астон Вила - Фенербахче 6:0 Боде Глимт - Борусија Дортмунд Манчестер Сити - Пари Сен Жермен 2:4 Шахтјор - АЕК 3:1 Слован Братислава - Штутгарт 0:3 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаМаск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува Илон Маск посочи дека американската влада можеби стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува и да остане поврзано со интернет мрежата Старлинк и Спејс икс.„Старлинк“ е витална алатка што му овозможува на Киев да насочува беспилотни летала кон руски цели, а исто така и да го штити сопственото небо, но во вторник вечерта Украина соопшти дека неочекуваните нови ограничувања на брзината ги нарушуваат нејзините мисии на бојното поле. Советник на Зеленски рече дека верува оти ограничувањата не се случајност и се поврзани со најновите тензии меѓу Киев и Вашингтон. Маск рече дека „Старшилд“ е контролирана од американската влада и „сите ограничувања на брзината или употребата ги одлучува американската војска и на крајот Маск - пишувајќи на X - одговараше на молбите од украинските власти за враќање на поврзаноста, вклучително и од Зеленски, кој за британските медиуми изјави: „Се надевам дека е грешка, можеби технички проблем. Владата на САД не коментираше.во раните утрински часови во четврток, руските напади убија две лица во регионот Дњепропетровск, изјави регионалниот гувернер. Иако обете компании се во сопственост на „Спејсикс“ на Маск, „Старлинк“ е цивилна услуга што користи сателити во ниската земјина орбита за да обезбеди пристап до интернет, особено во оддалечени области, додека „Старшилд“ е дизајниран за владина и воена употреба.најмалку 600.000 луѓе низ цела Украина останаа без електрична енергија, а жителите рекоа дека не добиле никакво предупредување за дроновите пред да удрат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11