СветУнгарската влада со ултиматум до трговците: Имате две недели да ги намалите цените на гориватаУнгарската влада им даде рок на трговците на мало од две недели да ги прилагодат цените на горивото на регионалниот просек, рече министерот за економија Мартон Наѓ.Цените мора повторно да се изедначат со регионалниот просек, а тоа особено важи за бензините 95 и дизелот, нагласи министерот по седницата на владата. Владата им даде рок на трговците од две недели за да ги доближат до просекот, а потоа тие повторно ќе ги анализираат „и ќе воведат строги мерки“ доколку се сè уште над регионалниот просек, рече Наѓ. Министерот пред една недела во интервју за деловниот весник „Вилаггаздасаг“ рече дека се подготвени да го разгледаат поставувањето ценовни лимити откако Државниот завод за статистика КСХ ќе објави преглед на просечните цени во регионот на Централна Европа. „Трпението на владата е при крај... Мислиме дека цените на горивата на (унгарскиот) пазар се седум до девет отсто повисоки од регионалниот просек“, рече Наѓ во интервју објавено минатата среда. Заводот за статистика од 19 април почнал да објавува неделни извештаи во кои се споредуваат цените во Унгарија со просекот во регионот на Централна Европа, вклучувајќи ги Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Србија, Романија и Бугарија. Извештајот од минатиот петок покажал дека бензинот 95 во Унгарија таа недела бил во просек за 3,2 отсто поскап од просекот во регионот, а дизелот за пет отсто. Разликата изнесува 20 HUF и 31 HUF соодветно, пресметале статистичарите. Цените донекаде паднале, но се очекува оние што ќе стапат во сила од петок и понатаму ќе бидат повисоки од просечните за 10 или 27 форинти по литар дизел или бензин, рече министерот Наѓ. „Вистинското решение би било замрзнување“, нагласи тој, додавајќи дека Здружението на производители (МАСЗ) склучило договор за усогласување на цените со регионалниот просек објавен во петокот од Централниот завод за статистика. Унгарската компанија за нафта и гас Мол во рок од една недела ја намалила цената на дизелот на 633 HUF, а на бензинот на 647 HUF, додаде министерот. Со цел да се заштитат домаќинствата, Владата ги повикува сите трговци што поскоро да ги вратат цените на регионалниот просек, нагласи тој. Ројтерс пренесува дека МОЛ, според извршниот директор Золт Хернади на состанокот на акционерите, стравува дека државната интервенција на пазарот на гориво ќе влијае на одржливоста на нивните планови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си. Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики. Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат децаДве третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца. Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80. Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМинистерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работнициМинистерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран. Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни. Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook