Унгарија забранува увоз на земјоделски производи од Украина - Канал 5

Унгарија забранува увоз на земјоделски производи од Украина

Унгарија ќе забрани увоз на значителен дел од земјоделските производи од Украина, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар.

Унгарија забранува увоз на земјоделски производи од Украина

Одлуката е формализирана со владина уредба за мерки поврзани со транспортот на одредени земјоделски производи од Украина, објавена вчера во унгарскиот службен весник, пишува Правда.

„Владата се откажува од намерата Унгарија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд и забранува увоз на земјоделски производи од Украина“, напиша Маѓар вчера на Фејсбук.

Кои производи се опфатени со забраната

Според уредбата, забраната за увоз се однесува, меѓу другото, на говедско, свинско, јагнешко и козјо месо, живина, јајца, мед, зеленчук, пченица, 'рж, јачмен, пченка, хељда, брашно, семки од сончоглед, масло за јадење и вино ако потекнуваат од Украина.

Забраната не се однесува на стоки што минуваат низ Унгарија во транзит, но таквите пратки се предмет на строги услови. Во случај на прекршување на прописите, превозниците можат да бидат казнети до 100 проценти од вредноста на стоките без ДДВ.

Обновување на претходните мерки

Како што објасни унгарскиот медиум Телекс, прописите донесени за време на вонредната состојба престанаа да важат кога таа беше укината на 14 мај, па владата некои од нив ги префрли во редовно законодавство.

Сепак, забраната за увоз на украински производи не беше меѓу тие одредби и сега е повторно воведена со оваа одлука.

Министер: Заштитата на земјоделците е национален интерес

Министерот за земјоделство и храна Саболч Бона изјави завчера дека нема да дозволи „украинската или која било друга увезена стока да го загрози егзистенцијата на унгарските земјоделци или снабдувањето со здрава храна за унгарското население“.

Според министерот, заштитата на унгарските производи, земјоделското земјиште и земјоделците е национален интерес. Затоа, Министерството за земјоделство веднаш ќе ја анализира ситуацијата и ќе преземе потребни законски чекори за да се осигури дека заштитата на унгарскиот пазар повторно ќе стане „јасна и извршлива“.

Се подготвува средба меѓу Зеленски и Маѓар

Во позадина на овие настани, министрите за надворешни работи на Украина и Унгарија треба да одржат разговори во последната недела од мај. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера се сретна со својата унгарска колешка, Анита Орбан, и тие се согласија за чекорите што ќе претходат на средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и унгарскиот премиер Петер Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер