Унгарија се противи на одлука на НАТО: Не сакаме и нема тоа да го поддржиме

Будимпешта не сака НАТО алијансата да стане „антикинески“ блок и нема да ја поддржи во тоа, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

На маргините на самитот на НАТО во Вашингтон, Сијарто рече и дека прифаќањето на Украина во воената алијанса ќе го ослаби единството на нејзините земји-членки, објави Индекс.

Во нацртот на завршната изјава на состаноците, Кина е опишана како актер кој решително ги овозможува руските воени напори во Украина и дека Пекинг продолжува да поставува системски предизвици за Европа и нејзината безбедност.

Кина го нарече документот пристрасен и оцени дека „сее раздор“.

„НАТО е одбранбен сојуз, не можеме да го организираме за да биде антикинески блок“, изјави Сијарто за унгарската државна телевизија на прашањето на новинарите за напорите на НАТО да ги прошири сојузите во индо-пацифичкиот регион.

Кина е важен трговски и инвестициски партнер на Унгарија, а другите членки на Европската унија бараат начини да станат помалку зависни од Пекинг.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во понеделникот се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг за да разговара за можен мировен договор за Украина, откако претходно ги посети Киев и Москва.

Неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин ги налути некои лидери на ЕУ бидејќи блокот се обидува да избегне контакти на високо ниво со Москва.

Во нацрт-заедничката изјава, сојузниците во Вашингтон ја потврдија својата поддршка за Киев на неговиот пат кон членство во НАТО.

„Прифаќањето на Украина нема да го зајакне, туку напротив ќе го ослабне единството на алијансата, со оглед на сосема спротивните ставови за нивното членство. Членството на Украина во НАТО не би го зајакнало ниту одбранбениот карактер на алијансата, бидејќи во пракса тоа би создало ризик од отворен конфликт меѓу Русија и НАТО“, рече Сијарто.

Највисоките хрватски функционери си ги зголемија платите за 83%

Хрватската влада денеска ја усвои одлуката за зголемување на платите на највисоките државни функционери.

Со оваа одлука, месечните примања на претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и на претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ од август ќе пораснат за 2.500 евра..

Основицата на платата на околу 270 функционери ќе се зголеми за 83,45 посто, па место досегашните 516 евра бруто, ќе изнесува 947 евра.

Според новите пресметки, Пленковиќ ќе има плата од 5.535 евра, а Милановиќ од 6.074 евра.

Соработка -Министерството за локална самоуправа- Министерството за дигитална трансформација

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.

На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.

Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.

-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински. Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда

Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.

Реакција на ставовите на Венко Филипче

Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.

Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ. Најавена е голема странска инвестиција во областа на зелената енергија, големи странски инвеститори присутни во земјата водени од сигурноста која ја пружа владата се одлучуваат на големи нови инвестиции. Пензиите се покачуваат. Име повеќе за секого.

Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400м2 станбена површина чини повеќе од милион евра.

Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто?

Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев.

Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер