Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп
МЕРМС, Геолошкиот завод и УГД со заеднички иницијативи за геотермална енергија, критични минерални суровини и геолошки истражувања
1Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп
2МЕРМС, Геолошкиот завод и УГД со заеднички иницијативи за геотермална енергија, критични минерални суровини и геолошки истражувања
3Нетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
2„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
3Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“
Други спортовиУнгарија противник на Грција во финалето на Светското првенство во спортови во водаРепрезентациите на Унгарија и на Грција ќе се борат за шампионскиот трофеј на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Фукуока, Јапонија.Ова е епилогот по двата денешни полуфинални натпревара. Во првото полуфинале Грција со убедливи 13:7 (3:2, 3:0, 3:3 и 4:2) ја победи Србија. Унгарците во второто полуфинале кое беше понеизвесно и драматично, ја совлада Шпанија со 12:11, иако на половина од мечот Шпанците водеа со 6:4. Завршните натпревари во ватерполо машка конкуренција ќе се играат в сабота. Од 6 часот е мечот за 3.место во кој ќе се сретнат Србија и Шпанија, а финалето е закажано за 11 часот по македонско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСедум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд ТрампКалифорнија и шест други американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради тоа што им ги ускратила средствата одобрени од Конгресот.Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата одобрени од Конгресот за трошење во областите на имиграцијата, расните прашања и образованието. Тужбата претставува нов правен спор околу границите на претседателските овластувања кога станува збор за трошењето јавни пари. Потегот на Трамп да побара од Конгресот да ги задржи средствата толку блиску до крајот на фискалната година – со што законодавците не би имале доволно време да реагираат – наиде на критики од двете партии. Имено, критичарите го оценија потегот на Трамп како обид да се заобиколи уставното овластување на Конгресот во однос на федералните расходи. Во тужбата, поднесена пред окружниот суд во Калифорнија и предводена од јавниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, се тврди дека одбивањето на администрацијата да ги потроши наменските средства ја нарушува уставната поставеност на власта, како и други одредби од Уставот. „Сè уште сме згрозени од очигледното непочитување на основните уставни рамки на нашата власт од страна на претседателот Трамп. Тоа што на претседателот не му се допаѓа програмата, не значи дека може да ги скрати средствата за неа“, изјави Бонта. Уставот му гарантира на Конгресот овластување да троши јавни средства, но Белата куќа минатата недела изјави дека програмите што ги финансираат поттикнуваат нелегална имиграција, расни тензии и непотребни стравови за животната средина. Федералните држави, пак, тврдат во својата тужба дека напорите на администрацијата на Трамп да ги задржи федералните средства ги поткопуваат ексклузивните права на Конгресот да управува со федералниот буџет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаМЕРМС, Геолошкиот завод и УГД со заеднички иницијативи за геотермална енергија, критични минерални суровини и геолошки истражувањаВо Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа координативен состанок.Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа координативен состанок со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод, на кој беа разгледани можностите за заедничко учество во европски истражувачки проекти, како и иницијативи за унапредување на геолошките истражувања и подобро искористување на минералните и геотермалните ресурси во државата. Централна тема на состанокот беше можноста за заедничко учество на повикот во рамките на Хоризон Европа, насочен кон процена на ресурсите во длабоки седиментни и длабински резервоари. Разгледана беше можноста за формирање меѓународен конзорциум и за вклучување странски партнери со искуство во геолошки и геотермални истражувања. Целта е преку заеднички проект да се придонесе кон подобро утврдување на геотермалниот потенцијал на државата, преку анализа на расположливите геолошки, геофизички податоци, лабораториски испитувања, моделирање и, доколку техничките и проектните услови го овозможат тоа, истражувачко бушење и добивање јадро за понатамошни научни испитувања. Во рамките на разговорите беше истакната и потребата од системски пристап кон критичните минерални суровини, имајќи го предвид нивното растечко значење за енергетиката, новите технологии и економскиот развој. Во таа насока беше разгледана иницијатива за подготовка на Програма за истражување на критичните минерални суровини, преку која би се дефинирале приоритетите и идните активности за истражување на нивниот потенцијал во државата со вклучување на стручните и научните капацитети на Факултетот за природни и технички науки при УГД. На состанокот беше отворено и прашањето за Сивец, како препознатлива домашна минерална суровина, при што беше предложено да се разгледаат можностите и условите за негова соодветна заштита и препознатливост преку географска ознака. Дополнително, беше иницирана подготовка на Каталог на минералните суровини, кој треба систематизирано да ги претстави расположливите информации за минералните суровини и нивниот потенцијал. Идејата е каталогот да придонесе кон подобра достапност и прегледност на геолошките информации, како основа за понатамошни истражувања, планирање и промоција на минералниот потенцијал на државата. За реализација на активностите беше истакната потребата од зајакната соработка меѓу Министерството, Геолошкиот завод, Универзитетот „Гоце Делчев“ и други научни и стручни институции, како и од активно вклучување во европските програми за истражување и развој. Во однос на повикот од Хоризон Европа, учесниците се согласија да се работи на подготовка на заеднички проектен концепт и на идентификување соодветни странски партнери. Како потенцијални партнери беа разгледани геолошки и стручни институции од Хрватска, Словенија и Германија. Со овие активности, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го насочува фокусот кон систематско истражување на домашниот геолошки потенцијал, развој на геотермалната енергија, подобро познавање на критичните минерални суровини и создавање стручна основа за долгорочно и одржливо управување со минералните ресурси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
СветНетанјаху: Рано е да се каже кои биле мотивите за нападот на пилотот и обидот за уривање на авионот на „Флајдубаи“Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави оти е прерано да се каже што стои зад спречениот обид на копилотот да предизвика уривање на авионот на „Флајдубаи“ кој летал од Дубаи кон Тел Авив.Властите, како што пренесува Би-Би-Си, сè уште немаат информации за мотивот на копилотот кој со нож го нападна својот колега, пилот во авионот..Изралескиот премиер рекол дека напаѓачот е под истрага во Саудиска Арабија, каде е упасен откако авионот на „Флајдубаи“ принудно слета на аеродромот во табук, по совладувањето на копилотот од страна на патниците. Вознемирените патници раскажаа како упаднале во пилотската кабина и се бореле со напаѓачот додека авионот нагло почнал да губи висина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05