Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило, испушта вода колку осум Канадери (ВИДЕО) - Канал 5

Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило, испушта вода колку осум Канадери (ВИДЕО)

Најмоќното противпожарно возило на светот е базирано на руска технологија, а се наоѓа во Унгарија.

Унгарија го изработи најмоќното противпожарно возило, испушта вода колку осум Канадери (ВИДЕО)

Познат е како „Големиот ветер“, и тоа е хибрид кој ги користи ресурсите на две од веројатно најдолговечните воени машини во историјата. За ова возило одговорни се Унгарците, кои во својот арсенал имаат една копија од ова неконвенционално возило. Big Wind е развиен врз основа на руска идеја, произведен е со помош на MB Drilling и е дел од MOL.

Неговата основа е Т-34, веројатно најпознатиот, најдолготрајниот и најсигурниот тенк во историјата. Рускиот тенк беше претставен во 1940 година и ја обезбеди руската тенковска надмоќ на бојното поле. По Втората светска војна, технологијата беше усвоена од многу земји во светот. Во текот на деценијата на производство (и модернизација), тој достигна тираж од околу 85.000 произведени примероци.

YouTube video

На таа вечна основа се инсталирани два млазни мотори, имено турбомлазни мотори Тумански Р-25 од поновите верзии на МиГ 21, од кои секој турка над 40 kN. Тој е еден од најпопуларните воени авиони во историјата, произведен во над 10.000 примероци. Се подразбира дека тоа бил авион со исклучителни перформанси (воведен во 1959 година).

Млазните мотори со помош на воздушен притисок овозможуваат прскање на вода кон изворот на пожарот, кој преку специјални цевки се доведува до моторот. Големиот ветер е долг 7,2 метри, широк 3,4 метри, висок 3,9 метри, а тежи дури 42 тони.

Потрошувачката на вода е неверојатна, дури 830 литри во секунда. Тоа е до 50 тони вода во минута, односно количина на вода што ја испуштаат осум Канадери CL-415. Големата маса на резервоарот овозможува работа со полн гас, возачот е добро заштитен, а погонот на гасеникот го олеснува движењето. Водениот тепих што го создава е нешто досега невидено и е систем толку моќен што може да го изгасне најголемиот пожар.

YouTube video

„Големиот ветер“ се покажа во пракса во раните 1990-ти кога беше успешно искористен за гаснење на запалените нафтени извори во Кувајт. Се покажа како најефективното, но и најевтиното решение за гаснење пожари. Може да користи и солена вода, но и специјални течности за гаснење пожари од различни извори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Ќерката на  поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. 

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ

Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката.

Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко.

Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли.

Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик.

Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години.

Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко.

Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил.

Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Со згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество.

Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева.

Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување.

Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ

МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања.

Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука.

Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените.

По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив.

Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер