УМС на ВМРО-ДПМНЕ на трибина „Ние сме иднината“

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира трибина под наслов „Ние сме иднината“.

На трибината се обрати и Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Добар ден, Унијо на млади сили, добар ден до победничкиот и најсилниот политички подмладок во Македонија!

Оваа 30-та Годишна конференција на УМС преставува значаен јубилеј за сите членови, кои поминале низ УМС, кои 30 години од генерација на генерација го пренесуваме аманетот, работиме за Македонија, работевме и ќе работиме за генерациите млади кои доаѓаат.

Оваа Годишна конференција се организира во една исклучително сложена политичка ситуација во која Македонија е втурната од страна на власта. Проблемите кои ги создаде оваа власт се понижувачки за народот и со далекусежни последици. Ништо не им е свето, нивниот идеал е чиста кражба која се врши врз граѓаните, неодговорно работење и никаков влог за иднината. Од сето ова најголема штета претрпуваат младите кои се заглавени во мочуриштето на власта, безперспективноста и апатијата. Овие чувства кај младите луѓе се реалност и се оправдани, денес нема млад човек кој гледа иднина во Македонија. Ваквата ситуација која ја живееме сите, мораме да ја промениме. Мораме како и нашите предци неуморно да се бориме за посветла иднина, за повеќе можности, за подобар живот. Мораме да го следиме идеалот за Македонија. Младиот човек е силно разочаран, и му недостига искра за борба, a таа искра сме ние, таа искра која ќе им понуди на младите луѓе, иднина каква што заслужуваат во Република Македонија.

Апатијата која владее е оправдана, бидејќи младите беа брутално искористени од оваа власт кога беше опозиција. Изманипулирани младите луѓе се исплашија за момент од политичкиот активизам поистоветувајќи ги сите политички субјетки. Ги повикаа младите на улица да се борат за повеќе и подобро, им ветуваа се и сешто, а на крајот им го одземаа и она кое го имаа. Јас како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ви ветувам, заврши тоа време на лаги и манипулации. ВМРО нема да дозволи таков товар на себеси, никогаш ВМРО нема да дозволи манипулација со иднината на Македонија, со нас, младите, кои треба со љубов да ја водиме нашата Македонија во успеси. Не смееме да помислиме дека надежта која делумно младите ја изгубија пред извесен период е целосно потоната, затоа што овој период низ кој поминуваме сите заедно сплотени ќе не направи уште посилни, уште похрабри, ќе не претвори во вистински Македонци – решителни од секоја битка да излеземе како победници.

Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, јас како нејзин претседател и сите членови ја разбираме историската улога која ја имаме во моментов во Македонија. Таа историска улога од нас бара одговорна работа, посветеност, разумни решенија и принципиелност во политичкото делување. Со ваквов пристап УМС има за цел да ги сочува постулатите на чесност, патриотизам и напорна работа, како основа на македонската држава, да ја победи апатијата помеѓу младите, да ги мотивира младите активно да се вклучуваат во политичките процеси, бидејќи само така иднината ќе си ја создадеме сами. Бегањето од политиката не значи избегнување на проблеми, туку оставање простор на неодговорна власт како моменталната да прави што сака со нашата татковина.

УМС е организација која од ден на ден расте и ќе продолжи да расте. Унијата ќе се грижи за сите прашања кои ги засегаат младите и предизвиците кои ги носи модерното живеење. Идеалите на ВМРО се оние за кои ние отсекогаш сме се залагале и ќе продожиме да го правиме тоа, ќе одговараме на прашањата кои го засегаат целиот свет и ќе се приспособуваме на предизвиците на 21-от век. Се бориме за здрава и чиста животна средина, подобрување на условите во образованието и животите на најмладите, на средношколците и на студентите. Се бориме на секој млад човек да му биде загарантирана еднаквоста во можностите, еднаква стартна позиција при потрагата по среќа, просперитет и успех.

УМС не е обичен партиски подмладок кој постои без причина, без своја приказна и цел. УМС од секогаш била, е, и ќе остане авангарда на младинскиот политички активизам. УМС и натаму ќе продолжи да биде предводник на сите промени и ќе се осигура, проблемите со кои ние младите се соочуваме секогаш да бидат решени. Ќе останеме мегафон на секој оној кој се чувствува обесправено, на секој млад човек кој е заборавен и оставен на маргините, а неговиот глас замолчуван и претставуван како неважен.

Затоа, Ве повикувам сите да ни се придружите. Нека различностите не спојат во точката која не води до целта, а целта е рушење на оваа власт и иднина каква што заслужуваме.

Има ли поубав пример од македонската фудбалска репрезентација, кој докажува дека сплотеноста и вербата на различностите за светла иднина, успеси и победа е тајната на успехот? Но пред се, да го сакаш искрено знамето и државата за која играш и се бориш.

Ќе продолжиме да работиме и да се бориме, од ден во ден ќе влеваме надеж кај секого дека Македонија не е оставена сама на себе. Македонија има една цела армија на млади и енергични луѓе. Една унија составена од индивидуи кои ги обединуваат четирите свети букви и уште поважно идеалот за создавање на подобро утре на секој еден млад човек во државата. На секој еден од нас кој иднината ја гледа во оваа земја. Луѓе подготвени да бидат промената, која сите сакаме да ја видиме.

Сега ќе упатам порака до нашиот политички опонент, до социјалдемократската младина, не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер, излезете од мантрата на понижување,која ве користи за лично богатење и опстојување на власт, утре вие ќе го носите товарот дека сте направиле штета на сопствената земја. Земја која треба да ја градиме сами со свои идеи, цели и сили. Тешката ситуација во Македонија е она кое сите нас не обединува.

Нашата кауза и борба не познава разлики, знае само за една разлика: Дали сме за Македонија или сме за стагнација и апатичност? ВМРО и УМС како најважен дел од борбата ќе го поведе процесот на обнова, со кој ќе зачекориме во успеси и подобра иднина. Македонија нема повеќе време за губење и Македонија нема повеќе деца за губење. Сега е времето кога ќе се исправиме пред сите предизвици, достојни сме и способни да се справиме со сите проблеми, да изградиме општествен систем и да си обезбедиме соодветна иднина. Македонија ќе ги победи сите предизвици! Македонија ќе успее!

Кон сите оние кои се сомневаат во сето ова што го говорев, би им порачал дека е време да се променат, од луѓе кои критикуваат и се сомневаат, да се претворат во луѓе кои веруваат. Индивидуи кои веруваат дека ние сме иднината, дека силата на Македонија е во секој еден од нас и дека УМС е онаа која ќе истрае во борбата и ќе опстане. За Македонија повторно да биде моќна како некогаш, за Македонија, да биде просперитетна како никогаш и за Македонија да ни биде вечна засекогаш.

А сега, би сакал да го поканам човекот кој ќе остане запишан во историјата како борец и лидер во најтешкото време за Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, човек кој верува дека ние сме иднината, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!“, рече Попов.

„Царот на границите“ на Трамп откри кој град е прв на листата за масовна депортација мигранти

Том Хоман, „граничниот цар“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откри дека најголемата масовна депортација во земјата, ќе започне во Чикаго.

Хоман, поранешен вршител на должноста шеф на имиграцијата и царината за време на првиот мандат на Трамп, ги изложи своите планови за отстранување на мигрантите кои илегално ја преминале јужната граница.

„Чикаго е во неволја затоа што вашиот градоначалник е лош. Вашиот гувернер е лош“, им рече Хоман на толпата на празничната забава на републиканците во која беа гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон.

И двајцата ги нарече „страшни“ и истовремено ги повика да тргнат по стапките на градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и „да дојдат на маса“ на разговори. Хоман, исто така, го предупреди Џонсон, кој вети дека ќе се бори против планот за депортација на администрацијата на Трамп, да не „го попречува“ во неговите напори.

„Ако не сака да помогне, нека се тргне од патот. Ако свесно крие или крие нелегални странци- ќе го гоним“, рече тој.

Хоман продолжи да објасни што подразбираат напорите на Трамп за депортација. Најпрво ќе бидат цел на мигрантите кои извршиле злосторства додека биле во Соединетите Држави - потоа легалните мигранти, вклучително и барателите на азил и оние кои влегле во САД на хуманитарен услов за време на администрацијата на Бајден.

Хоман во понеделникот рече дека ќе работи на проверка на статусот на барателите на азил и дека ќе ги уапси сите за кои ќе се утврди дека засолнува криминални мигранти. Тој, исто така, повтори дека нема план за раздвојување на семејствата, иако сугерираше дека тоа може да се случи.

„Мојата цел е да го спроведам законот, но ако се ставите во таа позиција, тоа може да се случи. Но, во оваа администрација во моментов нема план за раздвојување на семејствата“, рече тој.

„Сепак, ние ќе го спроведеме законот. Значи, ако се ставите во таа позиција, зависи од вас“, рече тој, додавајќи дека родителите на „сонувачите“ - децата на мигрантите родени во САД - имаат две опции.

„Можете или да го земете детето дома со вас или да го оставите да остане тука. Но, не добивате пропусница“, посочи тој.

Тој исто така рече дека оние кои нема да ги исполнат условите за азил ќе добијат наредба да бидат депортирани преку судскиот систем.

Чикаго има повеќе од 50.000 мигранти насобрани во Ветровитиот град од август 2022 година, а по изборот на Трамп минатиот месец, градоначалникот Џонсон го бранеше статусот на градот како „засолниште“ и рече дека нема да дозволи полицајци да им помагаат на федералните имиграциски агенти.

Во меѓувреме, гувернерот Прикер е во разговори со канцеларијата на јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, за да истражи какви правни ресурси или персонал ќе им треба за да ги оспорат политиките на Трамп.

Роботот „Оптимус“ на Тесла излезе надвор и покажа што може (ВИДЕО)

Tesla објави ново видео од својот хуманоиден робот Optimus кој автономно оди на отворено, што претставува значаен чекор во развојот на овој проект.

Видеото покажува како роботот се движи по нерамен терен, потпирајќи се единствено на сензорите вградени во неговиот систем. Овој напредок предизвика ентузијазам кај фановите, но потсети и на поврзаните технологии кои веќе ги видовме од други компании, како што е Boston Dynamics.

Илон Маск, извршен директор на Tesla, долго време го истакна огромниот потенцијал на роботот Optimus, нарекувајќи го „можност од повеќе трилиони долари“ за компанијата. Маск очекува дека Tesla во иднина ќе произведува десетици милиони од овие роботи годишно, со цел првите модели да им бидат достапни на клиентите веќе следната година. Цената по парче би можела да биде помеѓу 25.000 и 30.000 долари, според проценките на Маск.

Сепак, има сомнежи за вистинските способности на роботот. На неодамнешниот настан „Ние, робот“, Тесла не беше целосно транспарентен за фактот дека некои сегменти од функционалноста на роботот се контролирани од далечина. Сепак, компанијата редовно објавува нови информации за развојот на роботот, што покажува дека напредокот не забавува.

Во последното видео, директорот на проектот Optimus, Милан Ковач, истакна дека роботот користи напредна невронска мрежа за обработка на податоци за само 2-3 милисекунди и без употреба на камера. Роботот се потпира на други сензори за да одржува рамнотежа на предизвикувачки површини, како што е прекривка. „И јас самиот се лизнав на овој терен, што го прави овој подвиг уште повпечатлив“, додаде Ковач.

Овој напредок, иако импресивен, потсетува на видео објавено од Boston Dynamics пред повеќе од осум години, кое ја доведува во прашање оригиналноста на технолошките решенија на Tesla. Критичарите истакнуваат дека Tesla можеби не е пред конкуренцијата во однос на технологијата, но предноста може да лежи во нивната способност за масовно производство и ефикасност.

Tesla планира да ги искористи своите постоечки капацитети во областа на батериите и компјутерите за заклучување за да го оптимизира производството на роботи. Иако компанијата моментално стои зад конкуренцијата, долгорочната стратегија фокусирана на економската профитабилност може да ги промени односите на пазарот на хуманоидни роботи.

Optimus се уште е во фаза на развој, но потенцијалот за практична примена и поширока достапност ја отвора вратата за промени во начинот на кој ја замислуваме иднината на роботиката.

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

притисни ентер