Умрел во агонија поради лоша инјекција

Ужасен крај на животот на 38-годишниот Клејтон Локет, осуден силувач и убиец, ги поттикнал критичарите неговото погубување да го окарактеризираат како вистинско мачење.

Како што пренесе АФП, извршувањето на смртната казна тргнало на лошо кога, поради нетестираната смртоносна инјекција, тој поминал цели 40 минути во вистинска агонија, за на крај да почине од срцев удар.

На Локет му била дадена нетестирана смртоносна инјекција кој се состоела од три лека: седатив, анестетик и од смртоносна доза на калиум хлорид. Тој, по десет минути, останал без свест, но неколку минути подоцна почнал да се грчи, тешко да дише и да ја стега вилицата.

Директорот на Службата за затворски казни на Оклахома Роберт Патон наложил да се прекине извршувањето откако на осуденикот му прснала вена. Но, тој починал 40 минути по добивањето на инјекцијата. Затворски портпарол изјавил дека лековите што му биле дадени на Локет „не влегле во неговиот систем“.

Локалните медиуми тврдат дека таквата инјекција воопшто не била тестирана.

Американскиот Устав налага дека осудениците на смрт не смеат да чувствуваат болки при погубување.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

притисни ентер