Уметничката збирка на Пол Ален на аукција е продадена за рекордни над милијарда долари - Канал 5

Уметничката збирка на Пол Ален на аукција е продадена за рекордни над милијарда долари

Продажбата на уметничката колекција на ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален, кој почина во 2018 година, на аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, ја надмина историската граница од 1 милијарда долари.

Уметничката збирка на Пол Ален на аукција е продадена за рекордни над милијарда долари

Аукцијата се одржа вчера вечер, со низа рекордни достигнувања за делата на Ван Гог, Сезан и Гоген.

И покрај економската неизвесност поради војната во Украина и инфлацијата, пет слики станаа мала група дела продадени за повеќе од 100 милиони долари на аукцијата одржана во Центарот Рокфелер на Менхетен, потврдувајќи дека уметничкиот пазар сè уште напредува. Најскапата од нив Пози заедно (мала верзија) (1888) од Жорж Сеурат, слика која се смета за ремек-дело на поентилизмот, е продадена за 149,24 милиони долари, објави Кристи.

Аукциската куќа најави дека вкупната сума од продажбата ќе биде наменета за хуманитарни потреби.

И покрај спорот со Бил Гејтс, со кого го основаше Мајкрософт во 1975 година, американскиот милијардер Пол Ален во 2009 година го потпиша Договорот за давање, во кој вети дека најголемиот дел од своето богатство ќе го даде во добротворни цели.

Вчера биле продадени само 60 од 150-те предмети, останатите вечерва ќе им бидат понудени на купувачите.

Статуата на Венецијанската жена на Алберт Џакомети III. е продадена за 25 милиони долари.

Скулптурата на германско-американскиот уметник Макс Ернст „Играта на кралот и кралицата“е продадена за 24,3 милиони долари, а на аукцијата биле вклучени и дела од сликари како Диего Ривера, Лусијан Фројд, Винсент Ван Гог и Пол Гоген, чија слика од Тахитскиот период е Мајчинство II. (1899) продадена за 105,73 милиони долари.

Буковата шума на Густав Климт достигна цена од 104,5 милиони долари, што е уште еден рекорд.

Овој бран од рекорди сведочи за квалитетот на колекцијата собрана од Пол Ален, милијардер со широко поле на интереси, кој основал музеј за поп култура во родниот Сиетл и поседувал неколку спортски франшизи, меѓу кои и Сиетл Сихокс.

Експертите на оваа аукциска куќа истакнуваат дека уметноста е повеќе од кога било безбедно место за инвестирање и покрај неизвесните економски услови.

„Има повеќе милијардери отколку ремек-дела“ на пазарот и „побарувачката е многу разновидна“, со зголемено присуство на клиенти од Азија и Блискиот Исток, рече Адриен Мајер, експерт за модерна уметност во Кристи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница - Штип.

Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките

Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест.

-Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка и тоа претставува значаен здравствен проблем за жените и за општеството. Меѓутоа, тука сум да ги видам и новите услуги кои се воведени во клиничката болница, новата лабораторија, новиот сет на услуги, а веќе наредната недела ќе најавиме и нови услуги на одделот за неврологија. Целта ни е на таа нова зграда што ќе се гради да почнеме да ѝ даваме содржина бидејќи здравството не го чинат зградите, го чинат луѓето и нивната работа - истакна Клековски.

Целта на мултидисциплинарниот кабинет за дојка е подобра координација меѓу специјалистите, за побрз и поквалитетен одговор на потребите на пациентките со болести на дојката.

За овој месец е предвидено да се направат дополнителни 180 мамографии за време на викендите — за пократка листа и пократко чекање.

Во Клиничката болница Штип се очекува и нов, современ мамограф — за поквалитетна услуга за пациентките од источниот дел на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација

Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт. 

Ристовски: ФНЦ во Скопје е можност за промоција на спортот и на Македонија како спортска дестинација

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на прес конференцијата и изрази поддршка за првиот настан на најголемата ММА организација во Европа, „FNC 34 Fight Nation Championship “ што ќе се одржи на 24 октомври во СЦ „Т-Арена/Борис Трајковски“ во Скопје. Организатор на овој настан е Македонската ММА федерација со поддршка од Министерството за спорт.

„Министерството за спорт секогаш ќе дава поддршка на вакви проекти кои го промовираат спортот и Македонија. Мислам дека ова ќе биде голем и убав спектакл и ќе гледаме квалитетни борби кои ќе го промовираат спортот, но ќе ја провомираат и Македонија како спортска дестинација“ - истакна министерот Ристовски.

ФНЦ за прв пат доаѓа во Македонија, но со оглед на се растечката популарност на ММА борбите нјавена е долгорочна соработка и организација и на други настани во иднина.

„По повик од многубројни фанови од Македонија, ФНЦ доаѓа по првпат во Скопје. Многу веројатно не сме последен пат овде. Доаѓаме со сериозни борби, ние сме во подем, растеме секој ден. Гледачите ќе можат 4-5 часа да уживаат во спектакуларни борби“ - изјави Дражен Форгач, основач и претседател на „ФНЦ“.

На „FNC 34 Fight Nation Championship“ Македонија ќе биде застапена со пет борачи. Македонската ММА Федерација ќе ја претставуваат: Даниела Алексовска, Марко Трајановски, Тоше Цветков, Ален Амедовски и Дино Старчевиќ.

На шампионатот ќе има 11 борби, а во главната борба на вечерта, Лом-Али Ескиев ја брани титулата во лесна категорија против Марко Бојковиќ.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања (Women Public Sector Climate Leaders Network).

Божиновска во Брисел: Со заеднички сили до стратегија за чиста енергија

Со ова членство, таа директно се вклучува во утврдувањето на стратешките насоки на Мрежата и во европскиот дијалог за климатските политики, чистата енергија и одржливите инвестиции.

Божиновска денеска во Брисел учествува на основачкиот собир на Мрежата, посветен на спроведувањето на климатските цели, забрзувањето на енергетската транзиција и поврзувањето на јавните политики со инвестициите и технолошкиот развој.

Управувачкиот комитет ги утврдува стратешките приоритети на Мрежата и придонесува во подготовката на високите политички дијалози. За Македонија, учеството на министерката претставува можност за размена на искуства и воспоставување контакти за идна соработка во развојот на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и модернизацијата на инфраструктурата.

На дневен ред се и климатската отпорност, заштитата на водните ресурси, циркуларната економија и примената на дигиталните технологии и вештачката интелигенција. Посебен акцент се става на соработката меѓу владите, европските институции, финансискиот сектор и бизнис-заедницата во реализацијата на климатските цели.

Мрежата е основана од Women Political Leaders (WPL) во партнерство со Мрежата на жени лидери за климата на Групацијата на Европската инвестициска банка, со цел да се зајакне придонесот на жените на раководни позиции во јавниот сектор во креирањето и спроведувањето на климатските политики.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер