Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок - Канал 5

Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров денеска изјави дека претставниците на САД и Украина постигнале реален напредок за време на втората рунда мировни преговори во Берлин за прекин на војната со Русија, објави Ројтерс.

Умеров: На разговорите во Берлин постигнат е реален напредок

- Во текот на изминатите два дена, разговорите меѓу Украина и САД беа конструктивни и продуктивни, при што е постигнат вистински напредок, објави Умеров на платформата Икс, кој е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Тој истакна дека американскиот тим, предводен од Стив Виткоф и Џаред Кушнер, „работи исклучително конструктивно за да ѝ помогне на Украина да најде пат кон траен мировен договор“.

Претходно и американскиот специјален претставник Стив Виткоф, кој со Зеленски вчера имаше петчасовен разговор изјави дека е постигнат „голем напредок“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.

Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

На 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. 

Претрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Пет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓаните

Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа.

Денеска сите тие лаги потонаа.

Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал.

ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти.

По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат.

Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени.

Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер