Умерено облачно време со повремен слаб дожд

Времето ќе биде умерено облачно, а попладне во западните делови значително облачно со услови локален слаб дожд. 

Утринските температури ќе се движат од пет до 13 степени, а дневните од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од североисточен правец.

Утринската темература ќе се спушти на 11, а дневната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе преовладува стабилно и суво време. Утринските температури следните денови ќе имаат тенденција на опаѓање, а дневните на покачување./МИА

Индонезија го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво

Индонезиската вулканолошка агенција денеска го подигна нивото на тревога за вулканот Ибу на највисоко ниво по серијата неодамнешни ерупции.

Во соопштението, агенцијата исто така ги предупреди околните жители да не се приближуваат до вулканот, кој се наоѓа на оддалечениот остров Халхама.

Вулканот Ибу еруптираше на 13 мај.

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ од државните институции.

Италијанската крајнодесничарска партија Лига денеска најави дека ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на Европската унија од зградите на државните институции.

Претседателот на Лигата, Матео Салвини, кој е дел од коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, има за цел да собере евроскептични гласови пред европските избори во јуни, јавија западни медиуми.

Сенаторот Клаудио Борги, кој е кандидат на претстојните избори за ЕУ, рече дека пред канцелариите треба да има италијанска тробојка заедно со знамињата на одделни региони.

Маричиќ средба со Маида Горчевиќ

Соработката на регионот и реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се состана со Министерката за европски прашања на Црна Гора Маида Горчевиќ на маргините на Лидерскиот самит за Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

На средбата се говореше за значењето на соработката на регионот и успешна имплементација на Планот за раст за Западен Балкан од Европската Комисија.

Планот за раст е конкретна стратегија за социоекономски развој на регионот, соработка и доближување на земјите од Западен Балкан.

Исполнувањето на обврските усогласени со Европската Унија ќе значи значителен развој, прогрес и просперитет на државата и регионот.

Маричиќ се заблагодари за успешната и плодна соработка за спроведување на регионалната соработка и одличните релации помеѓу нашите две држави.

Со цел успешно имплементирање на Планот за раст, потребно е државите упорно да продолжат да работат во соработка со Европската Комисија со цел постигнување на стратешката цел за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и земјите од регионот.

притисни ентер