Умејр Мухамеди на „Кавга со Иван“ - Канал 5

Умејр Мухамеди на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Умејр Мухамеди.

Умејр Мухамеди на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пендаровски и Ковачевски со спротивни тврдења за Груевски

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни.

ЗНАМ: Пендаровски и Ковачевски со спротивни тврдења за Груевски

Руски рулет во СДСМ - Пендаровски и Ковачевски си противречат за едно од најчувствителните политички прашања во поновата македонска историја

Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни.

Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата “360 степени” и на поранешниот Претседател на Владата и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на емисијата “Само интервју” на Канал 5.

Изјави кои отвараат прашање кое директно ја засега политичката историја на државата, начинот на кој биле носени одлуките и степенот на искреност што граѓаните ја добивале од тогашната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Во своето интервју, Пендаровски јавно откри дека во периодот кога се барало решение за обезбедување мнозинство за уставните измени постоеле разговори и сценарија поврзани со можноста за враќање на Никола Груевски во Македонија.

Тој вели, цитирам:

„Во тој момент Груевски има само два начина како ќе се врати: помилување или закон за амнестија, бидејќи има две правосилни пресуди. Со измени у КЗ не можеш да го вратиш. Втората теза е уште полуда. Груевски се враќа тука, ја расцепува партијата на два дела, да гласаат за Бугари во Устав, и после тоа, тезата продолжува на крај и вели: А од тоа ќе има ќар и владеачката партија тогаш, СДСМ, бидејќи така полесно ќе го победи ВМРО на избори, раздвоено ВМРО.”

Ова веќе не е обична политичка дебата.

Ова е прашање за можен партиско-политички инженеринг врз правосудниот систем и врз институциите на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина

Денеска ја промовиравме Скопската иницијатива, регионална платформа за соработка меѓу сестринските партии и прогресивните сили во регионот и Европа.

Филипче: „Скопска иницијатива“ ги обедини прогресивните сили во регионот за европска иднина

Темелот на таа соработка е борбата против авторитарните режими, борбата против корупцијата и европската интеграција на нашиот регион – практично, сите исти предизвици со кои се соочуваме во регионот.

На почетокот, искрена благодарност до генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти, господин Џакомо Филибек, понатаму до госпоѓа Даша Шиловиќ, која ја предводи Мрежата за родова еднаквост, како и до претседателите на сестринските партии од регионот.

Имавме одлични дискусии, споделивме искуства и предлози. Од овој состанок ќе произлезе и заедничка Декларација, која ќе ја потпишеме на следниот состанок што ќе се одржи кон крајот на годината.

Имено, соочени со слични или исти предизвици, а тоа се силите на регресијата кои доминираат кај нас во Македонија и во регионот, и кои не дозволуваат да го продолжиме патот на развојот, реформите и евроинтеграцијата, мораме заеднички да се справиме со нив, затоа што заедно сме посилни.

Особено во оваа ситуација и особено по вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват. За првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа. Нудат механизми и олеснувања со кои се забрзува нашата евроинтеграција, а бенефитите од членството се добиваат и чувствуваат уште за време на преговорите, а не дури откако земјата ќе стане членка на Европската Унија.

Сметам дека оваа можност треба да ја искористиме додека вратата е отворена во оваа форма.

Да не ја пропуштиме шансата, затоа што станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои со децении го чекаат овој момент.

Сме имале многу разочарувања во минатото, вклучително и од Европската Унија. Едно од нив беше француското вето пред неколку години, кога сите очекувавме почеток на преговорите, но тоа не се случи. Потоа следеше понатамошен развој на процесот и сега треба да се направи следниот чекор – да започнат преговорите и отворањето на поглавјата.

Искрено верувам дека во оваа форма, заеднички и многу посилни, ќе ги надминеме силите што нè држат во место, а кои како механизми и инструменти ги користат корупцијата и кражбата на народните пари. Токму тоа е горивото што им овозможува на овие авторитарни режими толку силно и моќно да владеат.

Ви благодарам.

Прес конференција, претседател на СДСМ, Венко Филипче, Скопска иницијатива

Скопје, 06.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека од самитот во Тиват се враќа задоволен и охрабрен, оценувајќи дека пораките од европските лидери биле најсилни досега кога станува збор за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц

Според него, на самитот било потврдено дека процесот на проширување на Европска Унија останува активен и дека паралелно со него се подготвува нов механизам за продлабочување на односите меѓу Унијата и земјите од регионот.

Макеодонскиот премиер истакна дека од разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц добил уверување дека се работи на документ кој ќе овозможи користење на одредени европски алатки и механизми од страна на земјите од Западен Балкан.

„Тој документ не е во конфликт со проширувањето. Станува збор за два паралелни процеси – едниот е нов механизам за соработка, а другиот останува процесот на проширување“, рече премиерот.

„Мојот оптимизам се темели на тоа што јас бев единствениот кој од земјите од западен Балкан имаше билатерални состаноци и со францускиот претседател Макрон и со германскиот канцелар Мерц. И точно знам што се зборуваше на тие состаноци и точно знам што ќе следи во периодот којшто е пред нас. Од страна на соговорниците добив одговори на некои од дилемите и кога ќе го имаме сето ова во предвид, оттаму доаѓа мојот оптимизам и инспирација, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер