Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху - Канал 5

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон .

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон со кој учениците од верските училишта (јешива) би се изземале од задолжителна воена служба.

Шест од преостанатите седум членови на УТЈ (UTJ), која ги обединува фракциите Дегел ХаТора и Агудат Јисраел, поднесоа оставки, додека претседателот на партијата Јицак Голдквопф се повлече уште пред еден месец.

Со овој потег, Нетанјаху останува со минимално мнозинство од 61 претставник во Кнесетот (израелскиот Парламент), што брои 120 членови. Не е познато дали другата ултраортодоксна партија, Шас, ќе го следи нивниот пример.

Дегел ХаТор изјави дека одлуката е донесена по консултација со водечките рабини на партијата, поради, како што наведуваат, „повторените прекршувања на ветувањата на владата за зачувување на статусот на светите ученици на јешива, кои посветено учат“. Од тие причини пратениците го соопштија своето повлекување од коалицијата и од владата.

Ултраортодоксните партии тврдат дека законот за изземање на студентите јешива беше клучен услов за влез во коалицијата на Нетанјаху на крајот од 2022 година.

Портпаролот на Голднопф потврди дека сите седум претставници на УТЈ ја напуштаат владата.

Ултраортодоксните пратеници веќе долго време се закануваат дека ќе ја напуштат коалицијата поради контроверзноста околу законот за регрутирање.

Дел од религиозните партии во владејачката коалиција бараат учениците од верските училишта да продолжат да бидат ослободувани од задолжителна воена служба, додека некои други коалициски партнери се залагаат за укинување на сите ослободувања.

Ултраортодоксните Евреи со децении наназад се ослободени од воена служба, но Врховниот суд на Израел минатата година му наложи на Министерството за одбрана да ја запре таа практика и да почне да ги регрутира и тие ученици.

Во последните недели, Нетанјаху интензивно се обидува да ги надмине несогласувањата во рамките на коалицијата во врска со предлогот за нов закон за регрутирање, што доведе до сегашната криза.

Темата за ослободување на студентите Јешива од воената служба стана особено чувствителна со оглед на тоа што израелската армија сè уште е во војна во Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тимчо Муцунски утре во „Само Интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Тимчо Муцунски утре во „Само Интервју“

Влегува ли Македонија во нова фаза на меѓусоседски политички премрежија?

Случаен или намерен е инцидентот со протекувањето информации за семејството на Премиерот од Софија? Кој и зошто сега одлучи да го крши меѓународното право?

Mоже ли да бидеме реални оптимисти или се подготвуваме за долг престој во чекалната?

На повидок ли е решение за редиците на граничните премини?

Кој ќе ја „преживее“ владината реконструкција, а кои ресори ќе се ротираат?

Кој посакува предвремени избори, а кој има ноќна мора?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју, гостува министерот за надворешни, Тимчо Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција е потврден прв случај на ебола

Франција го потврди својот прв случај на ебола. 

Во Франција е потврден прв случај на ебола

Станува збор за лекар кој се вратил од хуманитарна мисија во Демократска Република Конго. Лекарот бил „веднаш примен во специјализирана установа“ и е во стабилна состојба, објави денес француското Министерство за здравство, пишува Би-Би-Си.

Епидемија во Африка

Демократска Република Конго прогласи епидемија на ебола минатиот месец, но експертите веруваат дека вирусот циркулирал со недели пред официјалното соопштение. Во таа централноафриканска земја, повеќе од 260 луѓе починале од вирусот, а регистрирани се илјада случаи на инфекција.

Ова е првиот потврден случај на ебола во Европа, иако американски лекар кој бил позитивен на тестот во ДР Конго минатиот месец бил лекуван во болница во Германија. Случаи на инфекција се потврдени и во соседна Уганда, каде што Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека се заразени 20 лица, од кои две починале.

Француските власти: Ризикот е низок

Министерството за здравство на Франција денеска нагласи дека ризикот за населението е „многу низок“ и дека надлежните служби работат на пронаоѓање луѓе кои можеби биле во контакт со заразениот лекар. Здравствените работници се особено изложени на ризик од ебола, која се шири преку телесни течности. Минатата недела, СЗО објави дека 17 од 75 здравствени работници кои се заразиле со ебола во ДР Конго починале.

Вирус без вакцина и посебни мерки

Актуелната епидемија е предизвикана од сој на вирусот Бундибугио, за кој во моментов нема вакцина. Франција воспостави „специјален систем за надзор“ за хуманитарните работници кои се враќаат од ДР Конго, објави Министерството за здравство.

Ситуацијата во ДР Конго

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ) и американските власти за јавно здравје, тековната епидемија на ебола има потенцијал да стане една од најголемите досега регистрирани. Случаите се претежно концентрирани во источните провинции Итури, Јужен Киву и Северен Киву.

Итури е главен епицентар на пренос, сочинува повеќе од 90 проценти од потврдените инфекции. Светската здравствена организација предупреди дека конфликтот во источен ДР Конго го отежнува справувањето со епидемијата, бидејќи бунтовничката група М23 контролира големи делови од Северен и Јужен Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мини робот ги средува забите наместо стоматолог- грешката во позиционирањето е помала од 0,2 милиметри (ВИДЕО)

Истражувачи на Универзитетот во Базел развија минијатурен стоматолошки робот кој еден ден би можел автоматски да ги подготвува забите за коронки. 

Мини робот ги средува забите наместо стоматолог- грешката во позиционирањето е помала од 0,2 милиметри (ВИДЕО)

Технологијата би можела да помогне во намалувањето на бројот на закажани прегледи потребни за стоматолошки третман, пишува EurekAlert!

Роботот е развиен од истражувачи на Одделот за биомедицинско инженерство на Универзитетот во Базел. Прототипот е со големина на плута од вино, со димензии само 43 на 26 на 28 милиметри. Неговите мотори и контролен систем се наоѓаат надвор од роботот и се поврзани со него преку флексибилни погонски вратила, кабли и цевки.

„Дизајниран е да биде доволно мал за удобно да се смести во отворена уста“, вели д-р Јукико Томока, прв автор на труд во списанието IEEE Transactions on Medical Robotics and Bionics, во кој истражувачкиот тим го претставува роботот.

Прототипот, наречен „MIR“ - кратенка од „Miniature Intraoral Robot“ - е дизајниран прецизно да ги подготвува забите според дигитален план. Идејата е дека, по скенирањето за време на првиот преглед, стоматолозите можат точно да испланираат како роботот треба да го отстрани забниот материјал и веднаш да ја нарачаат коронката, наместо да чекаат до втор преглед.

YouTube video

Скенирањето се користи не само за планирање на круната, туку и за креирање на прилагодена забна шина на која е прикачен мини-роботот.

„Дури и ако пациентот ја сврти главата, MIR се движи со него“, вели д-р Томока.

Истражувачите го тестирале својот стоматолошки робот на модели на заби од синтетичка смола и на керамички материјал чија тврдост е слична на забната глеѓ. Роботот го подготвува забот во два чекора: прво, користи широка дупчалка за да ја намали површината на забот, отстранувајќи материјал одозгора. Во вториот чекор, подолга, потенка дупчалка ги обработува страните на забот.

Она што е впечатливо е колку прецизно веќе работи стоматолошкиот робот, иако сè уште нема сензори за мерење или директно корегирање на неговата положба. Во тестовите, грешката во позиционирањето била помала од 0,2 милиметри, што дополнително ќе се намали откако сензорите ќе бидат интегрирани во системот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер