Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
1Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
ЖивотУлцињ ја чува легендата за Сервантес и Дон КихотПрвата средба со популарното црногорско летувалиште Улцињ ни почна со стариот дел од градот и приказната за славниот Сервантес и неговите јунаци.Според легендата, авторот на Дон Кихот, откако бил ранет во една од битките, се спасил токму во Улцињ заедно со својата Дулчинеа. Затоа, понудата во стариот град на Улцињ се базира на оваа приказна, за која нашите домаќини „веруваат дека кај нив на гости бил познатиот Сервантес". Од стариот дел на градот се пружа извонредна глетка на брегот и овој дел на Јадранско Море, а секако по тесните улички не може да не се помине низ плоштадот на робовите, летниот амфитеатар и музејот на отворено, црквата џамија и многу други објекти – сведоци на времето на оваа омилена туристичка дестинација на многу туристи, па и на македонските уште од времето на заедничката држава. Од терасата на ресторанот „Тапхана", каде што нè пречека освежување и рибја чорба со ризото од различни морски плодови, се чини дека бескрајната морска и сива шир е на дофат на раката и сите сетила го чувствуваат мирисот на морето. Еден од специјалитите што го препорачаа љубезните домаќини е месо приготвено на тула. – Тулата се загрева на 350 степени, потоа се вади и на неа се става живото месо. Гостинот може сам да го приготвува јадењето и, секако, веднаш го јаде, објаснува Валид Суљевиќ од ресторанот „Тапхана". Во царството на бескрајните маслинарници По посетата на стариот дел на Улцињ, нашите домаќини од Туристичката организација на градот нè водат во маслинарникот на Фатмир Садику, производител на познато маслиново масло, кое лично го пробал и принцот Чарлс. Објаснува дека производството не е како некогаш. Сега плодот на маслинката се собира од дрвото, а не како порано од земјата откако ќе падне. – Јас сум сопственик на 85 илјади стебла и тоа е вистинска реткост на Медитеранот некој да има толку стебла. Ја утврдивме староста на маслинките, бидејќи во ЕУ сè уште се цени од каде потекнува шишето со масло, како што е случајот со нас, каде што имаме стебла стари по илјада и две илјади години. Годишно произведувам околу два тона квалитетно маслиново масло, кое го пласирам исклучиво во Црна Гора, раскажува Садику, кој потоа нè прошета во неговата мини фабрика за цедење на маслото и ни го презентираше традиционалниот начин на производство. Првиот ден од престојот во Улцињ го завршуваме со прекрасна вечера во ресторанот „Континентал", на Малата плажа во центарот на градот. Плажата „Валданос" рај за очите Вториот ден од престојот во бисерот на црногорскиот дел од Јадранот почнува со посета на заливот и плажата „Валданос". Нашите домаќини се посебно горди на овој зачуван дел од нивното крајбрежје и навистина има зошто. Боровата шума и чистата вода заградена од двете страни со високи ридови ви даваат чувство дека сте на некое парче од морето како од сликовница. Иако на оваа плажа бевме на почетокот на сезоната, сепак уште од утринските часови се брза да се фати место, а во шпицот на сезоната места се заземаат уште рано наутро. По заминувањето од „Валданос" се упатуваме кон Големата плажа долга 12,5 километри, која може да прими над 150 илјади капачи. Наша дестинација е плажата „Тампико", на која веднаш се забележува дека понудата е навистина врвна, со средени лежалки, туш, квалитетна храна и пијалаци и, секако, коректни цени. Тука ја пробавме топлата морска вода, а можеби единствена замерка, ако може така да се каже, е што влезот во морето е плиток и треба добро да пешачите доколку сакате да се капете во подлабоко. Според Фатмир Џека, директор на Туристичката организација на Улцињ, за развојот на туризмот најголем придонес даваат самите граѓани, кои секогаш се подготвени да ги пречекаат бројните туристи, а најмногу ги има од регионот. – Лани имавме гости од 109 земји од светот, кои го посетиле нашиот град. Секоја година имаме раст на бројот на туристите, па овој тренд продолжува и на почетокот на оваа сезона. И годинава сме подготвени да угостиме над 100 илјади туристи, посебно во шпицот на сезоната, од 10 јули до 15 август, смета директорот Џека. Додава дека во последно време расте бројот на гостите кои престојуваат во хотели, посебно во малите хотели, а еден таков е и хотелот „Дајте роомс", во кој беа сместени новинарите од регионот кои престојуваа во студиска посета на јужното црногорско крајбрежје. Со брод по Ада Бојана и влез во албанските води На плажата „Кобања" нè пречекува шаренило од кајт сурфинзи. Тука е домот на љубителите на овој екстремен спорт, кои го користат ветрот за да можат да сурфат. – За да се научи овој спорт, потребно е тој што е заинтересиран да престојува тука петнаесетина денови. Курсот за летање со кајт чини околу 400 евра, а потребно е да има тежина од минимум 35 – 37 килограми за да може да дава отпор на леталото, објаснува инструкторката Лара Сибиновиќ од Ниш. За крај домаќините ни го понудија најубавото – возење со брод по устието на реката Бојана во Јадранско Море и поглед на островот Ада Бојана, познат како оаза на љубителите на нудизмот. Реката Бојана, која истекува од Скадарско Езеро и во своето течение од 40 километри во два крака се влева во морето, е место каде што куќите од двете страни на реката се вистинска атракција. По напуштањето на едниот крак и влез во другиот, нашиот брод влегува во албанските територијални води. Водичот и капетанот велат дека тоа е нормално, бидејќи мора да пловат во подлабоки води за да можат да бидат на безбедно. Вториот крак по половина е поделен меѓу Црна Гора и Албанија. Од албанската страна сè уште можат да се видат бункерите и други објекти за обезбедување на пограничната територија. Полека се враќаме на почетната позиција. Бродот застанува пред култниот ресторан „Баракуда". Влегуваме директно од бродот и по кусото освежување се враќаме назад во хотелот. Последната вечер поминува во незаборавно новинарско дружење и со љубезните домаќини. Утре полека заминуваме од Улцињ и повторно сме на пат кон Бар и Подгорица. Секој од колегите од Словенија, БиХ, Србија и Словачка заминува во својот правец. Верувам дека чувствата на сите ни се исти – Улцињ и јужниот брег на Црна Гора треба да се доживеат за да може да се раскажува. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКим Кардашијан откри зошто често ја запира полицијата (ВИДЕО)Ким Кардашијан откри дека полицијата ја запрела „безброј пати“ поради пребрзо возење и непочитување на знак за стоп. Признанието дојде за време на разговор со колешките Сара Полсон, Наоми Вотс и Ниси Неш-Бетс на прес-турнејата за втората сезона на „All's Fair“ во Лос Анџелес. Разговор за навиките за возење Во видео објавено на TikTok, актерките разговараа за нивните навики за возење зад сцената. Сè започна кога Наоми Вотс спомена дека сонувала дека добила казна за пребрзо возење. На тоа, Сара Полсон изјави дека никогаш не била запрена од полицијата. „Никогаш? Никогаш не си била запрена?“ праша Кардашијан, а Ниси Неш-Бетс додаде: „Значи, дали воопшто возиш?“ @kimkardashian ALL’S FAIR S2 PRESS TOUR: LA #AllsFair ♬ original sound - Kim Kardashian Откако Полсон потврди дека вози, Кардашијан го призна сопствениот прекршок. „О, ме запреле толку многу пати“, рече таа. Полсон се прашуваше зошто. „Возејќи брзо. Или, да речеме, поминувајќи низ знак за стоп“, објасни Кардашијан, појаснувајќи дека мислела на забавување наместо целосно запирање. Потоа Ватс призна дека и таа била запрена, на што Полсон шегувајќи се рече: „Се обложувам дека си лош возач, нели?“ Ватс ѝ возврати: „Е*и се! Не сум лош возач. Возам навистина добро и ги почитувам правилата.“ View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Претходни прекршоци Возачките навики на Ким Кардашијан и претходно беа предмет на медиумско известување. Во ноември 2013 година, таа доби казна за пребрзо возење на автопатот 101 во Лос Анџелес, а потоа беше следена од папараците. „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека сообраќајната полиција снимила најмалку тројца фотографи како возат помеѓу 130 и 135 км/ч. Неколку месеци претходно, TMZ објави дека таа била запрена во Калабасас затоа што имала затемнети стакла, но потоа се извлекла само со предупредување. Во ноември 2024 година, полицијата ја запрела додека возела во Малибу. Полицаецот ѝ наредил да го отстрани филмот од шофершајбната бидејќи било премногу темно. Возење во семејството Кардашијан Во рамките на семејството, Ким не е позната како најлош возач. Во епизодата од 15 октомври на „Кардашијан“, Кортни Кардашијан беше прогласена за најлоша. „Таа не вози добро“, рече Ким за нејзината постара сестра, според People. „Мислам дека е премногу опуштена и не обрнува внимание на патот“. Клое Кардашијан имаше средба со полицијата дури и пред да го положи возачкиот испит. Во нејзиниот подкаст од март 2025 година, таа раскажа како била запрена од полицијата на 15-годишна возраст додека го возела теренецот на Кејтлин Џенер. Кога ја прашале за нејзината лична карта, таа се обидела да се идентификува со името на Кортни и датумот на раѓање на Ким. „Секако, веднаш рекоа: „Лажеш, излези од колата“, рече таа. Втората сезона од „All's Fair“ започнува да се емитува на Hulu на 4 ноември. Првата сезона имаше 3,2 милиони прегледи во првите три дена, што, и покрај негативните критики, беше најуспешниот почеток на серија игри на таа платформа во последните три години.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидериСе испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Новинар: Премиере, во првата изјава што ја дадовте рековте дека очекувате силни и значајни пораки да бидат испратени на денешниот самит. Дали состанокот ги исполни вашите очекувања? Христијан Мицкоски: Па, генерално, да. Се испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Исто така, можам да кажам дека и од останатите присутни на самиот работен дел од состанокот беше потврдена желбата, иницијативата, но и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу. Она коешто за нас како држава претставува важност е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за реформската агенда, дека буквално сѐ што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме. Очекувам – тоа и го кажав во работниот дел – очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори. Исто така, истакнав дека постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправното членство во рамките на Европската Унија. Остварив неколку билатерални средби, разговарав со соговорниците за состојбата кај нас. Но, исто така она коешто морам да го кажам, а не можам да го исклучам од генералниот тек на оперативниот, односно на работниот дел од самиот самит, е предизвикот којшто денеска се случува насекаде во светот – посебно, би рекол, историската енергетска криза којашто во многу нешта влијае денеска да ни се случуваат немири во неколку главни градови во Европа, па и кај нас во регионот, но исто така и војната во Украина. Практично живееме во атмосфера на тивка Трета светска војна којашто ќе донесе големи предизвици врз човештвото. Она коешто беше кажано од страна на неколку од соговорниците коишто имаат, би рекол условно кажано, можеби повеќе информации од тоа што јас го имам, а тоа се високи претставници на самата Европска Унија, е дека следните две години ќе бидат исклучително, исклучително предизвикувачки и тешки и треба да се води многу внимателна грижа за она што подразбира трошење, но и за она што подразбира државна одговорност. Новинар: Уставните измени и натаму остануваат пречка за отпочнување на преговорите. Прво министерот Муцунски, потоа и вие ја потегнавте идејата за трето столче на преговарачката маса со Бугарија. Има ли шанси за дијалог во скоро време и што велат европските партнери, можат ли да помогнат некако во тој процес? Христијан Мицкоски: Уставните измени секогаш нас ќе нѐ потсетуваат на капитулантската политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, односно на тоа што тие го прифатија. И понекогаш се чудам кога ќе слушнам високи функционери од поранешната влада, посебно од СДСМ, коишто велат: „Добро, ние бевме влада, сега вие сте влада, до каде сте со европската интеграција и европскиот процес?“. Вие бевте влада, ни оставивте товар тежок еден тон на грбот којшто ние треба сега да го носиме и да го исправаме, и тие очекуваат дека ние преку ноќ тоа што со децении било создавано, а тие го распродадоа, преку ноќ ќе го исправиме и ќе го вратиме во некој нормален тек. Тоа така не оди, треба време. Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата за македонските национални интереси, но исто така нема да отстапиме ниту од нашата стратешка цел да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме. И за таа цел, за да ги видиме вистинските намери и цели на сите стекхолдери во процесот, ние велиме: добро, предуслов за сѐ, дури и утре да се случи промена на Уставот, е ајде најпрвин да го договориме акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји-членки јасно велат дека немаат проблем, а една земја-членка вели дека има проблем. Ајде ние со таа земја-членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји-членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како Влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како Влада да го испорачаме. Бидејќи овој документ, акцискиот план за малцинствата, е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори. Така што ги отфрлам сите оние тези од опозицијата: „Добро, тие не се сега власт, ние сме“. Да, точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте и ја пониживте државата што ние во овие два-три-четири месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да, повративме дел од тоа, повраќаме, се бориме, жилави сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но сѐ тоа што тие го распродадоа, испокрадоа и уништија, ние за жал во овие два-три-четири месеци не можеме да го надоместиме. Но, она коешто за нас е цел – а тоа е она коешто го повторувам многу пати во моите изјави досега – е дека денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години, и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат, се наведува во соопштението од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСилно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата. Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс. 75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа. ⛈️ Des orages diluviens frappent les Bouches-du-Rhône ce mardi matin avec des inondations, ici à Port-de-Bouc. Prudence ! 🌊 (© Angelana Cri via La Météo du 13) https://t.co/e7pgFyEHaE — Météo Express (@MeteoExpress) October 20, 2026 Oct 20_5⃣ Climate Awareness🚩 🇫🇷 Heavy rainfall has hit the south of #France, causing widespread flooding in the Bouches-du-Rhône, Hérault, and Gard departments, as well as on the of Corsica island In some areas 200+ mm of rain fell in 24 hours #ClimateCrisis #ClimateEmergency https://t.co/eHa1FnX71e — Irene (@irene_makarenko) October 21, 2026 Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии. Severe flooding following torrential rainfall in Martigues, Bouches-du-Rhône, France 🇫🇷 (20.10.2026) #Anonymous #OpEarth 🌎 #BecauseItsOurHome #climatechange #ExtremeWeather https://t.co/FgU0p0SE7h — #Anonymous (@TheStripesGirl) October 22, 2026 Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.Тагови: поплави Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter