Украинските вооружени сили назначија командант на Силите за беспилотни системи

Во соопштението од ГШ на вооружените сили се вели дека по наредба на министерот за одбрана Рустем Умеров на функцијата е именуван Вадим Сухаревски, заменик командант на вооружените сили.

Украинската војска објави назначување на командант на силите на беспилотните системи, нагласувајќи ја важноста на беспилотните летала во војувањето, како што претседателот Володимир Зеленски и другите лидери постојано нагласуваат за време на 27-месечната војна против Русија.

Во соопштението од ГШ на вооружените сили се вели дека по наредба на министерот за одбрана Рустем Умеров на функцијата е именуван Вадим Сухаревски, заменик командант на вооружените сили.

Во февруари Сухаревски беше назначен за заменик командант задолжен за беспилотни летала. Истиот месец Зеленски издаде декрет за создавање посебна единица на вооружените сили одговорна за беспилотни летала, а минатата недела декретот беше одобрен од владата./МИА

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

По дојавите за поставени експлозивни направи во 100 средни училишта низ Хрватска минатиот четврток, утрово иста информација објавија хрватскте медиуми за загрепско средно стручно училиште.

Полицијата одговорила на повикот.

„Можеме да потврдиме дека по електронска пошта која пристигна на адресата на образовната установа, истата е евакуирана и учениците се безбедни. Полициски службеници веднаш се испратени на местото на настанот и ги спроведуваат сите неопходни превентивни дејствија. Потенцираме дека нема опасност за учениците и бараме да не се шири паника“, изјавија за локални медиуми од загрепската полиција.

Јужна Кореја разгледува како да го минимизира влијанието на новите американски царини

Јужнокорејското Министерство за индустрија денеска соопшти дека е одржан итен состанок со производителите на челик во Сеул на кој се разговарало за мерките за минимизирање на влијанието на потенцијалните нови царини во САД.  

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.

Министерството за индустрија на Јужна Кореја потврди дека се обидува да ги дознае деталите за потенцијалните царини и најави дека тесно ќе соработува со производителите на челик за активно да одговори на потенцијалното воведување царини.

Јужнокорејските челични компании доставуваат челик во погоните на автомобилскиот гигант „Хјундаи Мотор“ и неговата подружница „Киа“. Тие, исто така, обезбедуваат набавки за фабриките во САД и Мексико на голем број производители на електроника за широка потрошувачка, вклучително и јужнокорејските корпорации „Самсунг Електроникс“ и „ЛГ Електроникс“, посочија корпоративните претставници.

ПОЦ: За една недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територијата на О. Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9  февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила .

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 3 до 9 февруари, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар соопштуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општината.

притисни ентер