Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
1Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
3За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
ЖивотУкраински свештеник со велосипед тргнал на аџилак во Ерусалим, но короната го „зароби" во СтрумицаУкраинскиот баптистички свештеник од градот Черкаси, Јуриј Бобкин, две недели е гостин во конаците на храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици" во Струмица. Неговите браќа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА, со благослов на владиката Јаков, го примиле откако пред 14 денови бил вратен од грчката граница заради забраната на Грција, со која не им се дозволува влез на граѓани кои не се од земјите членки на Европската унија до крајот на овој месец. Бобкин има намера да престојува во руски манастир на Света Гора, а потоа со брод да продолжи за Ерусалим. На аџилак тргнал со велосипед во мај од родниот град и по патешествјата низ Молдавија, Романија и Бугарија, во државата влегол пред три недели на граничниот премин Ново Село и останал неколку денови во тамошниот манастир во истоименото село. -Кога пристигнав на молдавско-романската граница не можев да продолжам. Границите беа затворени. По неколку денови чекање на границата дојде еден автобус. Влегов во него и кога ме прашаа каде е мојот багаж, јас им реков „еве го-тоа е мојот велосипед". Успеав да влезам во Романија и продолжив кон Бугарија. Таму престојував во повеќе градови на брегот на Црното Море и продолжив кон Македонија, раскажува Јуриј. Тој вчера наполни 52 години, а роденденот го прослави скромно. На нашето прашање зошто тргнал на аџилак среде пандемија на Ковид-19, вели дека знае за пандемијата, внимава, но е убеден дека го чува Господ. – Привлечноста на моето срце отсекогаш бил Израел, веројатно затоа што татко ми имал еврејски корени во неговото семејство и затоа го избрав како дестинација за патувања. Моето прво патување не ја постигна целта, бидејќи тогаш започнаа сериозни воени операции во Сирија. Но, по околу една година, Бог ми даде можност да дојдам во Израел со авион и таму ме благослови со велосипед. Благодарение на ова, успеав да го патувам скоро 90 дена во Светата земја и да видам многу, да разговарам многу и да најдам многу нови пријатели и браќа. Помина време и желбата повторно да го посетам Израел не ме напушти. Но, не можев да се одлучам за патување зашто не ја видов Божјата волја. Непосредно пред појавата на епидемијата на коронавирус повторно бев мотивиран од духот на ново патување и штом се затопли, повторно тргнав, објаснува Бобкин. Не сака многу да зборува за причините за неговиот аџилак. Со тешко срце, сепак, одлучи да ни раскаже за неговата судбина и одлуката да тргне во посета на Ерусалим со велосипед. -Се беше добро-имав прекрасно семејство, заедно присуствувавме на служби, му пеев псалми на Господ, го прославував во црковниот хор, па дури и проповедав од говорницата. Но, одеднаш почувствував празнина одвнатре и студенило во моето срце, плачев до Бога дека сум бил со него веќе 10 години, но не научив вистински да го сакам ниту него, ниту мојот сосед. Се започна од тој ден. Нема да навлегувам во детали, но од тоа време на се што ги повикував луѓето почна да се распаѓа: семејството ми се распадна, во црквата избувна пожар, а по некое време татко ми, ѓаконот на црквата, почина, раскажа Јуриј. Оттогаш почнал пресвртот во неговиот живот и скоро две години живеел во целосен стрес и трагедија. -Тогаш решив да се ослободам од семејниот живот и да се посветам на службата на Господ. Бидејќи сакам велосипед уште од детството и Господ ми подари дарба за комуникација со луѓето, решив да ги комбинирам моите способности со Божјите планови и да се евангелизирам во улога на патувачки проповедник, ја дообјаснува Бобкин својата мисија. Домаќин на гостинот од Украина е теологот Ванчо Тркалевски. Тој ни раскажа дека изминатите денови гостинот од Украина заедно со свештениците од Струмичката епархија на МПЦ-ОА присуствува на сите богослужби. -Сака многу повеќе да го запознае христијанството, да научи нови работи. Секое утро со мене доаѓа на богослужби во црквата и веќе научи многу зборови од нашиот јазик и секако за нашата црква, вели Тркалевски, на чија иницијатива се сретневме со Бобкин. На крајот Украинецот искажа голема благодарност до своите браќа и рече дека никогаш нема да го заборави престојот во Струмица. Ги одбројува деновите до крајот на август и се надева дека ќе може да стигне на целта од својата прва етапа до Света Гора, во Грција, а потоа да продолжи до Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook