Украински медиуми: Саботажа во Москва пред парадата за Денот на победата - Канал 5

Украински медиуми: Саботажа во Москва пред парадата за Денот на победата

Припадниците на движењето „Атеш“, составено од Украинци и Татари од Крим, кои вршат саботажа на териториите под руска контрола и во самата Русија, тврдат дека извршиле саботажа на воена единица во Москва.

Украински медиуми: Саботажа во Москва пред парадата за Денот на победата

Припадниците на движењето „Атеш“, составено од Украинци и Татари од Крим, кои вршат саботажа на териториите под руска контрола и во самата Русија, а кои украинските медиуми ги нарекуваат партизани, тврдат дека ја прекинале комуникацијата на неколку руски воени единици откако уништиле опрема во трафостаница во московскиот регион.

Ова го објави Киев Индепендент, кој потсетува дека Кремљ на воената парада на Денот на победата на 9 мај во Москва покани бројни странски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој до сабота е во тридневна посета на Русија.

– Агент на движењето „Атеш“ успешно извршил саботажа во селото Могилци во Московската област, уништувајќи ја опремата во трафостаницата која обезбедувала електрична и телекомуникациска инфраструктура во тој реон – пишува во објавата на „Атеш“ на Телеграм.

Киев Индипендент наведува дека не може самостојно да ги потврди овие тврдења.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски:

“Денеска сме во официјална посета во Подгорица, на Црна Гора, каде што имаме богата и продуктивна агенда. Остваривме средби со премиерот Милојко Спајиќ, со вицепремиерот Филип Ивановиќ, како и со министерот за сообраќај, Зечевиќ.

Разговаравме за блиската соработка којашто ја имаат Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора се две пријателски држави коишто имаат добра, одлична соработка.

Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар.

Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми.

Исто така, зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата.

Сè на сè, една плодна средба од којашто се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар” – изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло!

За директорката и помошникот директор да се коцкаат.

Да, добро ме слушнавте. Имаме и видеа и фотографии.

Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.

Брука! Казино образование на Јаневска и ВМРО.

Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците - се коцкаат на слот машини во казино.

Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.

Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите, раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.

Каква едукација им дале првите луѓе на уличиштето - како се вртат слот машини?

На што ги учат децата ВМРО-ОКГ и нивните кадри? Да се коцкаат.

Ова е неморален случај и затоа бараме одговорност од прв до последен.

Ја повикуваме Јаневска итно да изврши надзор и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.

Одговорноста во образованието не е привилегија, туку обврска.

Прес-конференција на СДСМ , Јованче Манасков-претседател на комисија за образование и наука на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид на првата испорака од новите контејнери, кои уште денеска ќе бидат распоредени низ Скопје.

Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!

- Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Особено важно е што истите контејнери, за кои моите претходници плаќале по 18.600 денари, ние ги набавуваме по двојно пониска цена и тоа во време на глобален раст на цените. Тоа значи да се води сметка за секој денар на граѓаните. Чист град значи поздрав живот, поуредни населби и подостоинствено секојдневие за секој човек. Нашите деца заслужуваат да растат покрај чисти улици и паркови, а скопјани заслужуваат град со кој ќе се гордеат – изјави Ѓорѓиевски.

Истовремено, Ѓорѓиевски апелираше да се чува новата опрема и да се почитува комуналниот ред во градот Скопје.

- Чекор по чекор, го менуваме ликот на Скопје. Новата опрема мора да се почувствува таму каде што е најважно - пред нашите домови, во нашите маала и на улиците по кои секојдневно се движиме. Но, за чисто Скопје потребна е и совеста на секој од нас. Упатувам јасен апел до граѓаните, да го чуваме она што е наше, заедничко. На градежниот шут и кабастиот отпад не им е местото ниту во контејнерите ниту покрај нив. Со таквото однесување се оштетува опремата, се отежнува собирањето на сметот и се создаваат диви депонии среде нашите населби. За ваквата неодговорност нема да има толеранција – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје.

Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, кое треба да заврши на рециклирање, а со неговото одделно собирање се намалува мешаниот отпад и се зголемува заштитата на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер