Украинската пејачка не оди на Евросонг: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна - Канал 5

Украинската пејачка не оди на Евросонг: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна

Алина Паш нема да пее на Евровизија 2022. Во соопштението објавено попладнево таа јасно ставила до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година станала премногу тешка за неа.

Украинската пејачка не оди на Евросонг: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна

„Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна“, рече таа само неколку часа откако беше откриено дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал патни документи за да изгледа дека таа легално патува во регионот.

„Јас сум државјанин на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традициите и вредностите на Украина на светот. Она што е вградено во оваа приказна воопшто не е она што го ставам во мојата песна“, рекла пејачката.

„Јас сум уметник, а не политичар. Немам армија од ПР луѓе, менаџери, адвокати за да се спротивставиме на сите овие напади и притисоци, кражби на моите социјални мрежи, закани. И апсолутно неприфатливи зборови кои луѓето си ги дозволуваат без да ги разберат ситуацијата и заборавање на достоинството на секој граѓанин на Украина. Не ја сакам оваа виртуелна војна и омраза“, додаде таа.

YouTube video

„Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце, за жал, ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Ќе контактираме со јавното радио и ќе ги потпишеме сите потребни документи. Посебно сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваат и ми помагаат, кои ја слушаат мојата песна и важната порака и не ме озборуваат“, заклучила таа.

Украинската песна исто така е повлечена од обложувалниците, иако веднаш по објавувањето скокна на второто место.

Да потсетиме, само четири дена по изборот на песна за Евровизија, Украинската национална телевизија UA: PBC го раскинала договорот со Алина за претставување на Евровизија. Имено, откриено било дека Алина пред седум години отпатувала на Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Во моментов е во тек истрага.

Веста за посетата на Крим дојде во време кога очите на целиот свет се насочени кон Украина поради можна руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израелски доселеници претепаа американска новинарка, ОН бара истрага (ВИДЕО)

Обединетите Нации повикаа на темелна истрага за нападот врз фотографката на „Вашингтон пост“, Хајди Левин, на окупираниот Западен Брег. 

Израелски доселеници претепаа американска новинарка, ОН бара истрага (ВИДЕО)

ОН нагласи дека новинарите мора да можат да ја работат својата работа без вознемирување. Левин известувал за кражбата на маслинки на Западниот Брег во времето на нападот, каде што израелските доселеници сè повеќе напаѓаат палестински земјоделци и им ги крадат посевите.

Заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави дека е запознаен со инцидентот. „Ова е очигледно уште еден случај во кој е прекршено правото на новинарите да ја извршуваат својата работа без мешање“, изјави тој за новинарите. Хак додаде дека ОН повикува на истрага за инцидентот и да се спречи какво било понатамошно вознемирување на новинарите на терен.

Реакција на ОН дојде откако „Вашингтон пост“ го осуди нападот врз нивната новинарка. „Утрово, израелските доселеници ја нападнаа фотографката на „Вашингтон пост“, Хајди Левин, додека таа известуваше на Западниот Брег“, изјави извршниот уредник на весникот, Мет Мареј. Мареј истакна дека Левин носела видливи ознаки што јасно укажуваат дека е новинарка.

Заштитни мерки

Кога беше прашан за одговорот на ОН на насилството на доселениците во окупираниот Западен Брег, Хак рече дека организацијата го покренува прашањето со земјите-членки. Тој објасни дека ОН работи и преку своите тела за човекови права и специјализирани агенции.

„Ги повикуваме сите земји-членки да ги почитуваат правата на новинарите“, рече Хак. Тој ја спомена работата на телата за човекови права на ОН, како и Организацијата за образование, наука и култура (УНЕСКО), која игра водечка улога во промовирањето на правата и безбедноста на новинарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крадци ограбиле колекционерка на луксузни чанти, вредни 300.000 долари- се фалела со нив на фејсбук (ВИДЕО)

Љубителка на луксузни додатоци од Лос Анџелес останала шокирана откако група крадци провалиле во нејзиниот дом и украле колекција чанти од „Хермес“, чија вредност се проценува на 300.000 долари.

Крадци ограбиле колекционерка на луксузни чанти, вредни 300.000 долари- се фалела со нив на фејсбук (ВИДЕО)

Патриша Ваињо (60) вели дека во понеделник попладне била на лекарски преглед, што криминалците го искористиле за да ги украдат чантите од нејзината куќа во населбата Игл Рок.

Ги избегнале камерите во куќата

Иако куќата е обезбедена со безбедносни системи, крадците успеале да ја избегнат камерата „Ринг“ и да ги заобиколат зајакнатите прозорци, пред да ја скршат бравата на вратата од гардероберот каде што ги чувала скапоцените чанти.

„Беа доволно пресметани за да ја избегнат камерата на предниот дел од куќата, па влегоа од страна. Точно знаеја што прават“, рекла Патриша.

Гардероберот ја содржел нејзината колекција чанти од „Хермес Биркин“, објавува „Дејли меил“.

Патриша ја започнала својата колекција пред повеќе од две децении, а луксузните чанти не биле само страст за неа, туку и еден вид финансиска сигурност за нејзиното пензионирање, се наведува во соопштението.

„Напорно работев за сè што имам“, рекла очајната жена.

Таа објавила список на Фејсбук

Снимките направени по провалата покажуваат скршено стакло расфрлано низ куќата и целосно ограбен гардеробер, каде што крадците барале вредни предмети.

Сепак, украдените предмети не биле само торби. Крадците зеле и часовници, како и кутија за накит во која се содржани млечните заби на нејзините ќерки од детството. Токму оваа загуба, рекла таа, ја погодила најтешко.

Според неа, крадците користеле уред за блокирање на сигналот за да го оневозможат системот за надзорни камери. Очигледно, блокирањето влијаело и на камерите во соседните куќи, што го отежнувало следењето на нивните движења.

Месеци пред грабежот, Патриција објавила список на предмети од нејзината колекција во Фејсбук група посветена на луксузни торби, наведувајќи предмети вредни илјадници долари.

Листата вклучуваше разни Birkin 35, златна чанта Kelly Sellier, Birkin 30 во сина боја Tiffany изработена од кожа Swift и сосема нова Evelyne Pochette 23.

„Толку сум исплашена“

Таа објасни дека продавала чанти кога ѝ здодевале, па објавувањето на листата било начин да ги претстави и размени предметите со други љубители на луксузни додатоци.

Патриша вели дека верува оти била мета поради нејзината колекција. По провалата, таа вели дека не се чувствува безбедно во својот дом, а инцидентот предизвикал и немири во нејзиното соседство.

„Толку сум исплашена. Се плашам да бидам во мојата куќа“, рече таа.

Таа додава дека е благодарна што нејзината ќерка и сопруг се безбедни, и покрај сè што се случило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Доколку Украина падне, 20 милиони Украинци доаѓаат во Европа (ВИДЕО)

Украина има поддршка од сите европски лидери, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, негирајќи ги извештаите дека европската страна го замолила да го намали тонот во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски: Доколку Украина падне, 20 милиони Украинци доаѓаат во Европа (ВИДЕО)

„Немаше никакви забелешки за време на денешните состаноци. Слушнав само поддршка од моите европски колеги, за што сум благодарен“, рече Зеленски на прес-конференција по учеството во делот од самитот на ЕУ посветен на Украина и по неколку билатерални разговори со лидерите на европските земји.

„Договорот на Трамп со Путин е погрешен“

Според некои медиумски извештаи, од Европа е побарано да не го крева тонот во односите со американскиот претседател Трамп за да не го налути дополнително.

Кога беше прашан за неговиот однос со Трамп и коментарите на американскиот претседател дека е потешко да се преговара со него отколку со рускиот лидер Владимир Путин, Зеленски рече дека морал да го брани опстанокот на својата земја.

Тој истакна дека договорот на Трамп со Русија за увоз на дизел не е во ред и дека по тоа влегуваме во лизгава патека за да може да следи договор за рускиот гас, потоа укинување на санкциите за банкарскиот систем, за одредени поединци, хемиската индустрија и конечно за замрзнатите руски средства.

На прашањето дали Украина ќе продолжи да ги напаѓа руските рафинерии додека Трамп бара прекин на нападите, Зеленски рече дека обично не зборува за „деталите за нашите операции. Ќе видите“.

„Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа“

Зеленски рече дека Путин не сака мир, дека сака да ја уништи Украина. „Тој не го почитува нашиот суверенитет и територијален интегритет, Донбас не му е доволен“, рече тој.

„Ако паднеме, 20 милиони Украинци ќе дојдат во Европа, затоа сакаме да останеме силни и да ја браниме нашата земја“, рече украинскиот претседател.

Дали Зеленски е жртвено јагне на Трамп? Тој само се насмеа: „Тоа е мојот одговор“

Кога еден новинар го праша дали мисли дека служи како жртвено јагне за внатрешните политички проблеми на Трамп, со оглед на тоа што за неколку недели, на среднорочните избори, на републиканците им се заканува губење на контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, Зеленски направи долга пауза, се насмеа и рече: „Тоа е мојот одговор“.

Зеленски рече дека американскиот сателитски систем Старлинк, кој Украина го користи за соборување на руски ракети, не бил исклучен, но дека неговата брзина била значително намалена, поради што не можеле да соборат некои ирански беспилотни летала Шахед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер