Украинска новинарка привлече внимание со својата остра порака кон Русите - Канал 5

Украинска новинарка привлече внимание со својата остра порака кон Русите

Влада Зинченко се најде во центарот на вниманието додека зборуваше за Русите, кои се борат против нејзината татковина, им порача „од ... т“.

Украинска новинарка привлече внимание со својата остра порака кон Русите

Украинската новинарка Влада Зинченко, сопругата на фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко, се најде во центарот на вниманието додека зборуваше за Русите, кои се борат против нејзината татковина, им порача „од ... т“.

Украинските медиуми побараа од неа да каже неколку реченици на руски. Тоа не ѝ се допадна и беше многу груба кон Русите.

-Барате изјава на руски за да нè разберат Русите. Не ми е тешко да комуницирам на руски, но војната трае повеќе од 40 дена и сè што можам да кажам на руски за да можат Русите да ме слушнат во што поголем број е: „од...те“! Треба ли да клечам пред нив? Нема! Ќе продолжам да зборувам украински – рече Влада.

Александар и Влада се меѓу најгласните кога е во прашање поддршката на украинскиот народ. Фудбалерот кој е и капитен на репрезентацијата често се огласува на социјалните мрежи поради војната.

Влада, инаку, беше долгогодишна девојка на Олександар Жинченко, тие се венчаа и сега имаат бебе. Таа работи како спортски новинар во Украина.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во:

- автопати

- експресни патишта

- железница

- над 1200 проекти во општините

- аеродроми

ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. 

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.

Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.

Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

Вистината е сосема спротивна.

Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.

Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.

Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.

Високите температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септември

Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер