Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
2Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
СветУкраинците ги нападнаа Русите со американски ATACMS, Путин се закани со „Орешник“ Русија се закани со одмазда откако објави дека утринава соборила осум американски ракети ATACMS истрелани од Украина.Москва смета дека употребата на вакви ракети, кои имаат дострел до 300 километри, е голема ескалација на конфликтот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана собориле осум балистички ракети заедно со 72 беспилотни летала. Тие додаваат дека „на овие акции на режимот во Киев, кои се поддржани од западните куратори, ќе се одговори со одмазда“, пренесе Си-Ен-Ен. Министерството извести дека овие проектили биле насочени кон регионот Брјанск, тврдејќи дека нема штета или жртви. 🚨🇷🇺 | RUSSIA CLAIMS DOWNING OF US-SUPPLIED ATACMS MISSILES Russia says it shot down 8 ATACMS missiles and 72 drones, warning of hypersonic retaliation. The missiles, capable of deep strikes in Russia, could escalate tensions. No casualties or damages reported yet. • AFP. pic.twitter.com/p1nOBzbsRZ — F’Chkeel (@F_Chkeel) January 4, 2025 Руското министерство во соопштение наведува и дека уништиле неколку беспилотни летала во Ленинградската област на северозапад и еден во Курск, каде Украина изведе ненадеен напад минатото лето. Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го овласти Киев да ја користи ракетата ATACMS во ноември, велејќи дека тоа е делумно одговор на вмешаноста на севернокорејските трупи во војната. Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе одговори на ракетните напади на Украина АТАКМС со употреба на новата хиперсонична балистичка ракета Орешник. Минатиот месец Путин сугерираше дека таков проектил би можел да биде истрелан кон главниот град Киев, за да „се тестираат системите за противвоздушна одбрана што западот ѝ ги доставува на Украина“. Првото и единствено лансирање на ова експериментално оружје се случи на 21 ноември минатата година и беше насочено кон регионот Днепро. Нападите со беспилотни летала на Украина ги принудија властите да воведат привремени ограничувања на аеродромот во Санкт Петербург, јави руската државна медиумска агенција ТАСС. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, на Телеграм рече дека „денешната ноќ и утро биле рекордни по бројот на уништени беспилотни летала“, при што четири биле соборени над неговиот регион. Украинскиот безбедносен функционер Андриј Коваленко изјави дека пристаништето Ленинград било цел, нарекувајќи го „инструмент за економски и воен опстанок на Русија“. Истовремено, во текот на ноќта од петокот кон саботата, Русија лансира вкупно 81 беспилотно летало кон Украина, соопшти командата на украинските воздухопловни сили, вклучително и иранските беспилотни летала Шахед. Украина влегува во новата година во неповолна положба во војната што започна во февруари 2022 година, додека Русија напредува на источните фронтови. Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека нивните сили ја презеле контролата врз селото Надија во источниот украински регион Луганск. Во Доњецк, центарот на Покровск е под зголемен притисок од Русија, бидејќи украинските сили го губат теренот јужно и источно од градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПо ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер. - 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка. - Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола. - Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки. Пратеничка група на СДСМ Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. -СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година. Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренВетеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаКрива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравитеПовеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните. „Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест. „Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка. Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи. По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот. Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени. Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44