Украина тврди дека има докази дека Русија истрелала напредна хиперсонична ракета

Украина тврди дека има докази дека Русија истрелала напредна хиперсонична ракета - за која експертите велат дека е речиси невозможно да се собори - за прв пат во војната која трае речиси две години.

Киевскиот владин научно-истражувачки институт за форензички експертизи во објава на Телеграм објави дека остатоците пронајдени по нападот на украинскиот главен град на 7 февруари укажуваат на употребата на хиперсонична крстосувачка ракета „Циркон“ од страна на руската војска, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ознаки на делови и фрагменти, идентификација на компоненти и делови, како и карактеристики на соодветниот тип на оружје“ укажуваат на првата употреба на „Циркон“ во борба, соопшти институтот, кој е дел од Министерството за правда на Украина.

Објавата на Телеграм беше придружена со видео на кое се гледаат остатоци за кои се верува дека се од новата ракета.

Украинските власти соопштија дека четири лица загинале, а 38 се повредени во Киев за време на нападот на 7 февруари.

Експертите велат дека „Циркон“, ако е вистина она што руската влада го кажува за него, е застрашувачко оружје.

Неговата хиперсонична брзина го прави неранлив дури и за најдобрата западна ракетна одбрана, како што е „Патриот“.

Алијансата вели дека неговата брзина е поставена на осум махови, или речиси 9.900 километри на час (6.138 мпх). Хиперсонично се дефинира како секоја брзина над пет махови (3836 мпх).

„Доколку информациите се точни, ракетата „Циркон“ би била најбрзата во светот, и е невозможно да се одбрани од неа“, објави Алијансата на својата веб-страница.

Покрај тоа, се наведува дека „Циркон“ е „маневрирачка противбродска хиперсонична крстосувачка ракета“ со дострел некаде меѓу 500 и 1.000 километри (310 до 620 милји).

Кржовска:Случајот е пријавен во надлежните институции, ученичката доби опомена пред исклучување

Доцна попладнево со став излезе директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.

Таа потврдува дека во врска со вчерашни случувања било пријавено во надлежните институции кои имаат надлежност за понатамошно постапување, без да наведе повеќе детали за какво вознемирување станувало збор.. Таа посочува дека бил одржан наставнички совет, кој едногласно изрекол педагошка мерка опомена пред исклучување за ученичката, а дека не се работело за префрлување во друг клас како што е презентирано во јавноста..

Земјоделци го навредуваа и исвиркаа Макрон на Саем за земјоделство

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“. /МИА

На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

притисни ентер