Украина прв противник на Македонија на европски ракометен шампионат

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започнува натпреварите на уште едно големо натпреварување, Европското првенство  во Австрија, Шведска и Норвешка.

Црвено жолтите ќе бидат дел од првиот европски шампионат со 24 учесници кој по прв пат во историјата ќе се организира во три земји Австрија, Шведска и Норвешка. Македонскиот национален тим првата фаза од шампионатот ќе ја игра во Виена во Групата Б.

Подмладената селекција на Македонија денеска од 20 часот и 30 минути против незгодната репрезентација на Украина ќе го одигра првиот меч на континенталниот собир.

Во групата Б која според ракометните стручњаци е најизедначената на првенството, следни противници на избраниците на селекторот Брестовац ќе бидат и селекциите на Чешка и домаќинот Австрија.

Македонија на ЕП отпатува со 18 ракометари, денешниот меч против Украина селекторот Брестовац одлучи да го одиграат Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марио Танкоски, Кире Лазаров, Мартин Велкоски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.

За најдобрите ракометари на Македонија ова ќе биде шестото Европско првенство по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).

На ЕП 2020 во улога на бранител на тронот е селекцијата на Шпанија.

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Интернет сајтовите со содржини за забава на возрасни „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ ќе мора да се усогласат со дополнителни обврски што произлегуваат од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), откако изминуваат четири месеци од нивното назначување за „многу големи онлајн платформи“.

Дополнителните обврски, кои мора да ги почитуваат сите „многу големи онлајн платформи“, односно социјални мрежи, пребарувачи, страници за е-трговија и сајтови кои месечно имаат над 45 милиони корисници од ЕУ, се однесуваат на поднесување извештаи за проценка на ризик до Европската комисијата, воспоставување мерки за справување со системските ризици поврзани со услуги што ги нудат, усогласување со правилата за транспарентност и за емитување рекламите, како и за обезбедување пристап на истражувачите до нивните податоци.

Новите обврски за „Порнхаб“ и „Стрипчет“ почнуваат да важат од утре, а за „ИксВидеос“ од втроник.

Целта на Законот за дигитални услуги на ЕУ е да ги натера онлајн платформи да преземат поголема одговорност за обезбедување побезбеден и потранспарентен интернет простор, со тоа што, меѓу останатото, ќе спречат ширење на илегални содржани и ќе ги намалат ризиците по малолетниците.

Општите одредби од Законот за дигитални услуги, покрај за „многу големите онлајн платформи“, од 17 февруари годинава почнаа да важат за сите интернет страници независно од нивната големи. Меѓу овие одредби се и обврските за упатување на известување за соодветност на одредена содржина на возраста на корисниците, забрана за целно таргетирани реклами, пред се насочени кон деца и зголемена транспарентност. /МИА

притисни ентер