Украина повика на состанок со Русија, Олаф Шолц денеска патува за Киев

Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната европска безбедносна група поради ескалацијата на тензиите на нејзината граница, пренесува Би-Би-Си.

Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала формалните барања за објаснување за зголемувањето на војниците.

Тој рече дека „следниот чекор“ е барање состанок во следните 48 часа за „транспарентност“ за плановите на Русија. Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска патува за Киев, како продолжение на западните дипломатски напори за смирување на руско-украинските тензии.

По Киев, тој утре ќе замине за Москва. Русија негираше какви било планови за инвазија на Украина и покрај трупањето на околу 100.000 војници на границите на Украина. Но, некои западни земји предупредија дека Русија се подготвува за воена акција, при што САД велат дека москва може да започне со воздушни бомбардирања „во секое време“.

Повеќе од десетина земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина, а некои го повлекоа персоналот на амбасадата од главниот град. CBS News објави дека САД се подготвуваат да го повлечат целиот свој персонал од киев во следните 48 часа.

Кулеба рече дека Украина во петокот побарала одговори од Русија за нивните намери според правилата на виенскиот документ, договор за безбедносните прашања усвоен од членките на организацијата за безбедност и соработка во европа која ја вклучува и Русија.

Италијанката Џорџи ја заврши тениската кариера

Италијанката Камила Џорџи стави крај на својата професионална кариера, на 32 годишна возраст, соопшти денеска Тениската федерација на Италија.

Во текот на кариерата Џорџи освои четири ВТА турнири, од кои најголемиот е оној од серијата Мастерс 1000 во Монтреал во 2021 година.

На грен – слем турнирите најдалеку отиде во Вимблдон во 2018 година, кога играше во четвртфиналето.

Последниот дуел Џорџи го одигра во март годинава на турнирот во Мајами, каде загуби во второто коло од најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 1-6, 1-6.

Утре посвежо со повремени врнежи од дожд

 Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Tемпературата ќе достигне до 22 степени.

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал

Возило излетало од коловозот на патот Македонска Каменица - Виница, возачот починал, а сопатникот тешко повреден.

Патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, синоќа, излетало од коловозот на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, по што на самото место починал возачот, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа била пријавена синоќа во 22.20 во Полициската станица Виница.

-На магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Сопатникот Д.Г.(33) од Делчево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, наведуваат од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

притисни ентер