СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
1СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
Шоу бизФифти Сент ја тужи поранешната девојка за клеветаПовеќе од еден месец откако беше обвинуван за силување и физичко малтретирање од поранешната девојка Дафне Џој Нарваез - додека биле врска во 2011 година, раперот Куртис Џексон, попознат како Фифти Сент, сега ја тужи за клевета.Поднесокот од 6 мај наведува дека јавните обвинувања за злоупотреба на интернет-просторот на Нарваез во март произлегуваат од обидот на Џексон да добие единствено старателство над нивниот 11-годишен син Сајр, откако раперот дознал дека е именувана како една од сексуалните работнички во тужбата на Родни Џонс против Шон Комбс - „Пи Диди“. Нарваез ги негираше тие врски со Комбс. Ова не е прв правен спор на двојката. Кога во 2013 година раскинаа по тригодишна врска, Нарваез го обвини Џексон за семејно насилство, тврдејќи дека ја удрил со нога и уништил имот од повеќе од 7.000 долари. Според наводите, Џексон се изјаснил дека нема да оспорува едно обвинение за вандализам, додека три исти други такви и една точка за семејно насилство се отфрлени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дебрца се менува и развиваДебрца се менува и развива со нова фабрика во Мешеишта, реконструкција на Домот на културата во Волино, асфалтирани улици низ цела општина/Една година после промените кои ги донесоа граѓаните, Дебрца бележи значаен развој во повеќе области, со реализација на бројни инфраструктурни проекти, инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за семејствата, младите, земјоделците и локалната економија. Проекти се реализираат, се вложува, се гради, се инвестира, ветеното пред граѓаните се исполнува. Во таа насока, особено значајна е инвестицијата од 6 милиони евра во село Мешеишта, каде што во изградба е фабрика за производство на еластични огради, која ќе донесе нови работни места и дополнителен економски развој за општина Дебрца. Во изминатиот период целосно реализирани или започнати се бројни инфраструктурни проекти во населените места низ Дебрца. Во Оровник започна реконструкцијата на главната улица со ново осветлување и тротоари, инвестиција вредна 11,5 милиони денари, додека во Мешеишта се реализирани повеќе улици, партерно се уредува сретселото, а започната е и реконструкцијата на патот Мешеишта – Волино, вредна 15,5 милиони денари. Во Волино е завршена реконструкцијата на Домот на културата, инвестиција од 6,5 милиони денари, а асфалтиран е и патот до црквата „Св. Петка“, со ново осветлување и пешачка инфраструктура. Инвестиции во патната инфраструктура се реализирани и во Злести, Ботун, Лешани, Издеглавје, Долно Средорече, Годивје, Лактиње и други населени места, а особено значајни се средствата издвоени за патните правци до манастирите и црквите, како и санацијата на пристапните патишта до спомениците од историско значење. Паралелно со инфраструктурните проекти, се работи и на долгорочно решавање на проблемите со водоснабдувањето и наводнувањето, при што во изградба е нова каптажа во месноста Опчели – Караорман, со која треба да се обезбедат дополнителни количини квалитетна вода за шест населени места, во Лешани се подготвуваат решенија за нова пумпна станица, додека во повеќе населени места се градат и бетонски канали за наводнување. Значајни инвестиции има и во противпожарната заштита и комуналните услуги. Во Белчишта се гради гаража и противпожарна станица за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, вредна 2,4 милиони денари, ЈКП „Дебрца“ е опремено со нова механизација и возила, меѓу кои камион за смет дониран од град Виена, ново комунално возило, Volkswagen Transporter, специјална машина за чистење канализации, обезбедени се и 480 нови канти за отпад и нови униформи за вработените. Особено внимание е посветено и на социјалните мерки, по што воведена е субвенција од 20.000 денари за полагање возачки испит за жителите до 21 година, поддршка за локалните продавници, мерки за поддршка на наталитетот, помош за младите брачни парови, како и финансиска помош за семејства погодени од елементарни непогоди и за лекување. Во образованието, за првпат се обезбедени бесплатни училишни униформи за сите ученици, за првачињата се обезбедени по 10.000 денари и целосно опремени ранци, воведени се стипендии, награди, бесплатни екскурзии и поддршка за учество на натпревари, а општината вложува и во зачувувањето на културното и историското наследство, при што уредени се споменици од НОБ, пристапни патишта до повеќе значајни локалитети, а во Требеништа е започната реализацијата на проектот „Златна маска“. Реализираните и започнатите проекти се доказ дека инвестициите во инфраструктурата, економијата, комуналните услуги, образованието и социјалната заштита се одвиваат паралелно, со цел подобрување на условите за живот во сите населени места во Дебрца. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП бара „главните партии“ да вратат 4 милиони евра – Не во наше име! Ова не е Македонија!Ова што го прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од највисоко ниво, од нивните лидери преку нивните партиски соопштенија, е дегутантно. На секој граѓанин и на секој образован човек му се превртува во утробата кога ги гледа и слуша секојдневните меѓусебни пресметки. Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабоко огорчување и најостар протест против тоталната деградација на јавниот говор и политичката дебата во нашата земја. Кога еден лидер на помала партија почна да го користи овој ужасен речник, наместо сите да го осудат и изолираат, сега и “главните партии” почнаа да го практикуваат. Јавниот простор е преплавен со навреди, каде што нормалниот разговор е заменет со токсични квалификации и епитети како „лажго“, „арамија“, „мекотел“, „безрбетен“, „квинслинг“, „душман“, „предавник“, „крвник“, „измеќар“, „пион“, „вазал“, „анароден“, „профитер“, „рекетар“, „клептоман“, „талог“ и „идиот“. Како дното да нема крај. Ваквите кафански муабети можат само да ја уништат државата, а не да ја направат развиена. Наместо понуда на идеи, економски развој, реформи во образованието и подобрување на животниот стандард, граѓаните се принудени секојдневно да бидат сведоци на најнизок примитивизам. Затоа, ЛДП бара “главните партии” веднаш да им ги вратат парите на граѓаните, односно сите четири милиони евра што се земаат за финансирање на политичките партии. Граѓаните не можат да врзат крај со крај па уште мора да одвојуваат од својот џеб за “главните партии” да ги користат тие средства за ширење омраза и меѓусебно понижување. Бараме итно враќање на достоинството на политиката. Ова не е Македонија каква што ја сакаат нејзините граѓани — Македонија заслужува култура на дијалог како што не учеа родителите, меѓусебна почит и одговорност пред народот. Не во наше име! Од ЛДП никогаш нема да видите ваков примитивизам. Упатуваме отворен апел до сите граѓани, интелектуалци и општествени чинители: Заедно да ги осудиме, заедно да ги спречиме! Со почит, Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter