„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
СветУкраина може да го користи оружјето од Финска за да гаѓа цели на руска територија Украина може да го користи оружјето што го обезбеди Финска за да гаѓа цели на руска територија, соопштија високи претставници во Хелсинки.Финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, кажа дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го дава Финска, објави финската телевизија Иле. -Доколку е потребно, Украина треба да нападне и воени цели на руската страна. Тоа е сосема легитимна одбранбена битка што ја води Украина. Повелбата на ОН дозволува воени цели да бидат нападнати преку копнените граници, рече претседателот на парламентарната комисија за одбрана на Финска, Јука Копра. Политико пишува дека позицијата на Финска се разликува од онаа на другите западни земји, вклучително и на Германија, и укажува дека германскиот канцелар Олаф Шолц не ја одобрува испораката на крстосувачки ракети со долг дострел „Таурус“ во Украина, плашејќи се дека оружјето ќе биде употребено за напад на цели длабоко во Русија и со тоа ќе ја вовлече Германија во војна со Русија. -Ја охрабрувам Германија сериозно да размисли за тоа, рече Хакенен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи .„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој во вчерашното „Само Интервју“ кажа дека камерите ќе имаат директна видео-врска со команден центар и ќе доведат до попрофесионална полција, а и поради ова, очекува МВР да се прочисти од оние кои ги заобиколуваат процедурите и законите. -Боди-камера, која што не е обична боди-камера, туку е боди-камера која покрај другото може да преведе и на повеќе од 40 јазици во живо, може да испрати видео-сигнал до команден центар, може врз основа на вештачка интелигенција да утврди одредени факти кои што така едноставно не можат да бидат утврдени и се она што ќе се утврди како фактичка состојба, а при овие констатирања и повици за семејно насилство особено ќе бидат должни да ја имаат боди-камерата на себе,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Наскоро видео-повик со ЦУК и МВР при пријавување ќе можат да остварат и жртвите додека насилникот ги тепа или малтретира во моментот, запис кој како и кај боди камерите на полицајците, ќе се користи како доказ на суд. -Жртва како што може сега да се јави и гласовно да комуницира со МВР преку ЦУК, така во идинина ќе може да оствари видео-повик со ЦУК и со МВР, кој што видео повик во рамки на доказите кои што ќе бидат евидентирани, ќе можат да се користат во рамки на судска постапка,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. До крајот на годината полицајците ќе добијат и нови униформи, налик на австриските, кажа министерот, а како новина ја најави и апликацијата за Сејф – Сити која граѓаните ќе можат да си ја преземат на своите мобилни телефони, преку која, меѓудругото, ќе можат да си ги плаќаат и казните. Наскоро системот ќе може да регистрира и несоодветно паркирање, кое особено ќе се „лови“ на булеварите. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter