Украина и САД почнуваат голема воена вежба во Црното Море, реагира Русија

Украина и Соединетите држави ќе започнат воени вежби во Црното Море и јужна Украина, во кои ќе учествуваат повеќе од 30 земји, и покрај руските повици за откажување на вежбите.

Sea Breeze 2021 се случува во време на зголемување на тензиите меѓу НАТО и Москва, кои минатата недела соопштија дека истрелале предупредувачки истрели во близина на британски воен брод за да го истераат од водите на Црното Море покрај брегот на Крим.

Велика Британија ја отфрли руската верзија на инцидентот.

Русија го анексираше Крим во 2014 година и тврди дека е руска територија, но полуостровот е меѓународно признат како дел од Украина.

Руската амбасада во Вашингтон минатата недела повика на откажување на вежбите, а руското министерство за одбрана соопшти дека ќе одговори доколку е потребно за да се заштити сопствената национална безбедност.

Вежбата „ Sea Breeze 2021“ ќе трае две недели и во неа ќе учествуваат 5.000 војници од НАТО и другите сојузнички земји, како и околу 30 бродови и 40 авиони. Учество ќе земат и уништувачот на ракети „УСС Рос“ и американските маринци.

Украина вели дека главната цел е да се стекне искуство во заеднички активности за време на мултинационални мировни и безбедносни операции.

Односите меѓу Киев и Москва се на многу ниско ниво откако Русија го анектира Крим, како и поради руската поддршка за сепаратистичките бунтовници во источна Украина.

Тензиите повторно се зголемија оваа година, бидејќи Русија натрупа војска на границата со Украина, каде дел од трупите се уште се распоредени.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, во понеделник на 6 мај Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Во понеделник во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

НАТО: Се интензивираат хибридните напади на Русија врз членките на Алијансата

Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени злонамерни хибридни напади на Русија на територијата на земјите од Алијансата, кои претставуваат безбедносна закана, соопшти денеска Алијансата.

Тоа, според соопштението објавено на веб-страницата на НАТО, вклучува напади кои резултираа со истрага и обвинение против повеќе лица во врска со непријателски активности кои ги засегаат Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Велика Британија.

НАТО го осуди однесувањето на Русија и ја повика да ги почитува нејзините меѓународни обврски, велејќи дека постапките на Москва нема да ги одвратат членките на Алијансата да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Во соопштението се наведува дека овие инциденти се дел од „интензивната кампања на Русија која продолжува да ја спроведува на целата територија на земјите членки на НАТО“.

Се наведува дека овие инциденти вклучуваат саботажа, акти на насилство, кибер и електронско попречување, кампањи за дезинформација и други хибридни операции.

НАТО ја нагласува солидарноста со земјите-членки погодени од руските хибридни напади и истакнува дека ќе дејствува колективно за да ги реши таквите акции.

Се нагласува дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на руските хибридни напади. /MИА

Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25-годишниот бискупски јубилеј

25-годишен јубилеј од хиротонијата на Киро Стојанов.

Апостолскиот нунциј во земјава монсињор Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца, вчера во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата.

- Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба, се наведува во честитката.

притисни ентер