Американскиот автомобилски визионер е одговорен за низа деловни потфати кои имаа значително влијание врз светската автомобилска индустрија, сега претставува револуционерен електричен модел.
Станува збор за Малколм Бриклин, личноста која го донесе Субару во Америка, но и ја овозможи југословенската „зделка на векот“.
Во осумдесеттите, Бриклин успешно го пласираше Југото во Америка, а потоа најде партнер во Кина, брендот „Chery“.
Иако бизнисот не им одеше најдобро на Кинезите, тоа овозможи создавање на „Visionary Vehicles“, кои функционираат и денес.
По воведувањето на санкциите против Југославија во раните деведесетти и напуштањето на Југо, Бриклин, како експерт по електротехника, одлучи да развие електричен автомобил.
Соработувал со сериозни играчи и започнал со производство на електричен велосипед, но бизнисот пропаднал поради преголемата цена, која била околу 1.400 до 1.900 долари. Сепак, електричниот сон преживеа. Пристигна „Bricklin 3EV“.
Првите контури на возилото оживеаја во форма на концепт во 2020 година, а сега е време да се тестира прототипот. Станува збор за електрично возило со три тркала кое во најмала рака има неконвенционален дизајн.
Не личи на „SV-1“, спортскиот автомобил што Бриклин го произведуваше во 1970-тите. Според достапните податоци, „3EV“ има еден електричен мотор, батерии сместени во средината и опсег од 440 km.
Се вели дека автомобилот е дизајниран од луѓе со искуство во создавање тркачки автомобили. Уште поимпресивна е богато опремената внатрешност, вклучувајќи напредни системи за помош на возачот.
Сепак, она што е особено изненадувачки е најавената цена од 28.980 долари.
Пред овој проект има многу прашања, па се уште не се познати техничките карактеристики, конечниот дизајн на сериското возило и датумот на почетокот на производството.
Без сомнение, ова е уште еден амбициозен проект, зад кој се уште стои активен 85-годишен визионер, за кој многумина искрено би сакале да успее./МИА