Украина и Русија тврдат дека собориле по 130 дронови во текот на ноќта - Канал 5

Украина и Русија тврдат дека собориле по 130 дронови во текот на ноќта

Украинските и руските власти утрово објавија дека собориле повеќе од 130 дронови над нивните територии во текот на претходната ноќ, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Украина и Русија тврдат дека собориле по 130 дронови во текот на ноќта

Руските сили ја нападнаа Украина претходната ноќ со 153 нападни дронови од типот „Шахед“ и „Гербера“, лансирани од регионите Курск, Орјол, Приморско-Ахтар, Милеровск, Шаталовск, Шудина и Гвардија, објавија утрово украинските воздухопловни сили, прецизирајќи дека ги собориле 133 дронови.

Од друга страна, руските единици за воздушна одбрана објавија дека собориле 130 украински дронови во текот на ноќта, од кои 15 се движеле кон Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека уште четири дронови што летале кон главниот град на Русија биле соборени утрово.

Московските аеродроми Домодедово и Жуковски, заедно со други аеродроми во јужна Русија, беа принудени да ги прекинат операциите, наведе Руската управа за цивилно воздухопловство.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека еден високонапонски далновод бил оштетен во напад со беспилотно летало ноќе.

Нема извештаи за можни жртви.

Нападите се одвиваат додека се водат преговори за прекин на конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Познатиот актер, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил принуден да го напушти домот со сопругата Амал и близнаците.

Џорџ Клуни и неговите деца биле евакуирани од својот дом поради пожар

Франција со денови се бори со разорни пожари што беснеат долж јужниот брег, поради што беше неопходна евакуација на стотици илјади луѓе, меѓу кои и Џорџ и Амал Клуни.

Тие побегнаа од пожарот заедно со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, од Брижол во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег.

Претставник на семејството на Џорџ Клуни потврди дека тие преку писмо го известиле градоначалникот на Брижол, Дидие, за евакуацијата.

– Драг Дидие, во овој момент немаме претстава дали нашиот прекрасен дом ќе ги преживее овие страшни моменти – наведоа тие во писмото.

Тие изјавија дека се надеваат оти сите нивни сограѓани се безбедни и нагласија дека се поврзани со локалната заедница. Џорџ Клуни, кој заедно со своето семејство доби француско државјанство кон крајот на 2025 година, оваа година се најде на листата на 500-те најбогати луѓе во Франција, благодарение на својата актерска кариера, но пред сè на своите деловни потфати.

– Амал и јас сакаме да кажеме дека, без оглед на тоа што ќе се случи со нашето село, ќе останеме дел од оваа заедница и ќе учествуваме во нејзината обнова. Ги сакаме Брижол и нашите пријатели што живеат таму – напишаа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Според најновиот извештај на „Индиката“ (Indicata) – компанија специјализирана за анализа на пазарот на возила – побарувачката за половни автомобили стари меѓу три и четири години моментално ја надминува понудата. 

Откриено кои половни автомобили се продаваат најбрзо!?

Оваа категорија учествува со речиси 26 проценти во вкупната продажба на половни автомобили, но претставува само 22 проценти од вкупната понуда, што потврдува дека купувачите првенствено бараат возила кои нудат добар баланс меѓу цената, староста и модерните карактеристики.

Дин Мерит, менаџер за стратегија за малопродажба во „Indicata“, истакна дека возилата стари од три до четири години претставуваат идеален компромис меѓу вредноста и квалитетот, бидејќи нудат модерни безбедносни системи и технологии по значително пониска цена од речиси новите автомобили.

Иако продажбата на половни електрични возила постепено расте, автомобилите на бензин продолжуваат да доминираат на пазарот, учествувајќи со околу 43 отсто од вкупната продажба, благодарение на стабилната побарувачка и довербата на купувачите во однос на долгорочните трошоци за експлоатација.

Аналитичарите забележуваат дека понудата на половни автомобили на бензин ќе продолжи да опаѓа како што се зголемува бројот на електрифицирани модели на пазарот, но нивните цени засега остануваат стабилни токму поради постојаната побарувачка, пренесува „BodyShopMag“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Дваесетина помали пожари регистрирани денеска низ Македонија

Дваесетина помали пожари регистрирани во текот на денот,информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Ангелов:  Дваесетина помали пожари регистрирани денеска низ Македонија

Тој посочи дека брагодарение на брзата реакција на локаните противпожарни екиши , пожарите се изгаснати или ставеи под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер