Укинувањето на техничката влада и двојното државјанство за функционерите во фокусот на партиите - Канал 5

Укинувањето на техничката влада и двојното државјанство за функционерите во фокусот на партиите

Од ЗНАМ јавно прашуваат дали следниот чекор на социјалдемократите ќе биде напуштање на Собранието, а потоа и бојкот на парламентарните избори.

Укинувањето на техничката влада и двојното државјанство за функционерите во фокусот на партиите

ЗНАМ ја обвинува СДСМ за политички калкулации по условувањето дека ќе ја напуштат работната група за Изборниот законик доколку не се повлече Законот за влада со цел, како што велат Филипче и раководството да си ги зачуваат позициите во партијата и личните интереси. Од ЗНАМ јавно прашуваат дали следниот чекор на социјалдемократите ќе биде напуштање на Собранието, а потоа и бојкот на парламентарните избори. Според нив техничката влада одмна ја исполнила примарната цел и треба да замине во историјата. За законот за двојните државјанства и дали тој да важи за сите функционери, од ЗНАМ најавуваат дека допрва ќе градат став и ќе го соопштат после највената јавна дебата.

„Наместо конструктивност и политичка зрелост во време кога е неопходен широк консензус, гледаме обиди за блокади, калкулации и партиски игри на штета на граѓаните. Последниот потег, заканата за повлекување од работната група за новиот Изборен законик, е само кулминација на ваквиот пристап. Јавно прашуваме: На што се должи овој потег? Дали сме сведоци на подготовка за сценарио за целосна блокада на работата на работната група за Изборниот законик? Дали следниот чекор е напуштање на законодавниот дом од страна на пратениците на СДСМ, со крајна цел бојкот на следните парламентарни избори?“ – Никола Мемов, портпарол на движење „ЗНАМ“

Од СДСМ пак остануваат на ставот дека техничката влада е единствениот преостанат механизам за, како што велат, барем малку фер избори и дека таа мора да остане. А законот за двојни државјнаства бараат да важи за сите носители на функции. Од таму ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам и ретерирање од законските измени и тврдат дека голем дел од функционерите од ВМРО-ДПМНЕ имале бугарски пасоши, а ЗНАМ дека се партија без став, идеологија и програма.

-ВМРО-ОКГ и нивниот сателит ЗНАМ повторно покажуваат дека се целосно празни. ЗНАМ „засега“ нема став за законот за забрана на двојно државјанство. Мемов вели дека ставот „ќе го има кога ќе заврши внатрешната дебата“. Колку лицемерие може да се собере во една партија? ЗНАМ нема идеологија, нема програма, па затоа нема ни став. Тие не знаат ништо, бидејќи се обична сателит партија создадена од ВМРО со единствена цел, да ја уситни и ослабне опозицијата, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ наместо да ги поддржи ги кочи реформските процеси во држвата, а со тоа му штетат и на евроинтегративниот процес.

„Само бараат изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев. Наместо поддршка за реформи, за законски измени како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат“– Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Измените на законот за Влада го поминаа комисискиот собраниски филтер и наскоро треба да се најдат на пленарна седница, додека за Законот за двојните државјанства за кој се поднесени и низа амандмани ќе се рспрваа утре на Законодавно правната комисија во Парламентот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер