Укинување на економските директори во јавните здравствени установи денеска на владина седница

Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што, како што најавуваат, ќе се укине институцијата економски директор во јавните здравствени установи.

Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека со мерката се стреми кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.

-Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето. На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето. Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Укинувањето на економските директори во здравствените установи, беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.

Мицкоски, вчера изјави дека со законот што денеска ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“

-Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.

Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа, а најави и дека се подготвува законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.

Портер, доживотно исклучен од НБА, се соочува со судење поради обложување

Поранешниот центар на Торонто репторс, Џонтај Портер ќе се соочи со федерални кривични пријави поради спортско обложување, пишува „The Athletic“.

Се очекува 24-годишниот Американец целосно да ја признае вината. Рочиштето ќе се одржи на 10 јули.

Во април оваа година, НБА го суспендираше Портет доживотно, со што му беше забранет влез во лигата.

Кошаркарот беше обвинет за откривање доверливи информации на спортските обложувалници. Дополнително, утврдено е дека Портер сам направил неколку облози користејќи туѓа сметка.

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри

Ако се анализираат кадровските решенија кои во прва фаза ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри.

Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа гледаме партизација пред квалификација. Многу малку може да се забележат некои свежи кадри или некомпромитирани професионалци.

Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар никогаш не работел во здравството.

Како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна и многу важна институција?

Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.

На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство.

Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.

Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена.

ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014.

Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво.

Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот не е промена. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Скопје, 4 јули 2024

СДСМ

Обидот за убиство на словачкиот премиер Фицо е преквалификуван во терористички чин

 Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо е преквалификуван во терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот понатаму ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо веќе е информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова, во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак, изјави претходно оваа недела дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

притисни ентер