ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
2ВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаУКИМ ќе ги презентира студиските програми на факултетитеНастанот ќе се одржи онлајн преку платформата Мајкрософт тимс по распоред на термините за секој од факултетите каде што ќе има видеоконференциски сесии. Во пресрет на првиот рок од пријавувањето за упис на студенти во прва година, 31 август и 1 септември, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј"- Скопје денеска и утре организира „Отворен ден на УКИМ" за да ги претстави студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Мајкрософт тимс по распоред на термините за секој од факултетите каде што ќе има видеоконференциски сесии. – Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности…. Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја, наведува УКИМ во поканата за Отворениот ден. По тој повод, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски во порака до матурантите како идни најмлади членови на академската заедница на УКИМ, истакнува дека отворениот ден е одлична можност да се уверат во одликите на УКИМ што, како што вели, го прават најдобар универзитет во нашата држава и еден од врвните во регионот. – Вашиот избор, вашата одлука да студирате на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје се вистински и правилни, бидејќи дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на меѓународниот пазар на трудот. Освен тоа, студентите на УКИМ се централен субјект и рамноправен партнер во одлучувањето за сите значајни прашања од дејноста на Универзитетот преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот. Бидете наш партнер, а истовремено и наш коректив, истакнува Јанкуловски во пораката до матурантите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПретседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФАБогатиот сопственик на италијанскиот калчо лигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис откри дека веќе презел конкретни чекори за реализација на проектот.Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изрази големо задоволство од резултатите на клубот, кој под негово водство мина пат од третата лига и банкрот до две титули во Серија А и пет купа во последните четири години. Сепак, за време на доделувањето на наградата за животно дело од страна на Здружението на странски новинари, првиот човек на клубот нагласи дека сака да направи чекор напред. Главниот фокус е ставен на напуштањето на дотраениот стадион „Диего Армандо Марадона“ – за кој вели дека има лоша прегледност поради атлетската патека – и на изградбата на нов, модерен дом за наполитанскиот клуб. Де Лаурентис откри дека веќе презел конкретни чекори за реализација на проект во источниот дел на градот, и покрај желбата на градските власти да го реновираат постоечкиот објект за Европското првенство во 2032 година. „Пред еден месец потпишав писмо за намери за локација од 38 хектари, каде што планирам да изградам стадион со 70.000 седишта, 120 ВИП-ложи, ресторани и интерактивен музеј“, изјави Де Лаурентис, притоа остро осудувајќи ги радикалните навивачки групи: „Фудбалот мора да биде извор на страст и едукација за децата. Не смееме да имаме хулигани или ‚ултраси‘ кои се угледаат на мафијата, ‚Ндрангета‘ и ‚Камора‘.“ Филмскиот продуцент потоа го насочи вниманието кон тренерската позиција, упатувајќи јасна порака до новиот шеф на стручниот штаб, Масимилијано Алегри, кој веќе се соочува со притисок по слабиот старт – остварувајќи само две победи на првите шест натпревари. „Тренерите треба да сфатат дека се ангажирани работници кои диригираат со оркестар од фудбалери. Сепак, тие остануваат обични вработени – факт што понекогаш го забораваат“, изјави Де Лаурентис, пред остро да ги критикува ФИФА и УЕФА поради пренатрупаниот календар на натпреварувања: „Во интерес на сопствениот опстанок, тие ја намалуваат важноста на националните лиги, додека играчите не можат ниту физички ниту психички да го издржат тој огромен товар. Сепак, никој не сака да стави крај на тоа бидејќи раководството го користи ова за да купува гласови.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаОпштина Аеродром во движење - се одбележува Европската недела на спортотОпштина Аеродром се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, со активности насочени кон поттикнување на младите да создаваат здрави животни навики и да го направат спортот дел од своето секојдневие.Во рамките на иницијативата, ООУ „Димитар Македонски“ организираше низа спортски активности, во кои заедно со учениците од ООУ „Гоце Делчев“ се дружеа, спортуваа и испратија силна порака за значењето на физичката активност, дружењето и тимскиот дух. Општина Аеродром континуирано вложува во развојот на спортот и создава услови за младите да бидат активни, да ги развиваат своите способности и да градат позитивни животни навики. Посветеноста кон спортот дава резултати, што се потврдува и со значајните успеси на спортистите и спортските екипи од Аеродром на државно и меѓународно ниво. Посебна благодарност до сите основни училишта, наставниците по физичко и здравствено образование и до Сојузот за училишен спорт - Аеродром, кои континуирано, со голема посветеност и ентузијазам, работат со децата, ги поттикнуваат да бидат активни и кај нив ја развиваат љубовта кон спортот. Општина Аеродром продолжува да создава можности за спорт, рекреација и активен живот за сите генерации, со цел да поттикне здрава и активна заедница. Да се движиме, да спортуваме и заедно да ја шириме BeActive енергијата.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош ....Махери се да си дадат автогол – на кој Шефшет од АТС мислат, на оној на кој Заев му даде дипломатски пасош или на АТС чии претставници се сликаа со целото раководство на СДС и ДУИ? РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Талогот од СДС се махери сами да си дадат автогол. Актуелната Влада нема никаква врска со приватен договор склучен меѓу две компании. На СДС им работи потсвеста, заеднички со бугарската политика ја обвинуваат владата за лажни лобисти кои тие гордо ги фалеа и им делеа ордени. Што е заедничко помеѓу актуелната бугарска политика и СДС? Одговорот е едноставен, заеднички работат и ја обвинуваат владата за лажни лобисти. За која АТС Груп зборува Богданка Кузеска? Дали зборува за истата АТС Груп, фирма која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска која сега е заменик генерален секретар на НАТО? Или за истата АТС Груп за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека резултат на членството на НАТО или да го цитираме „Членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Можеби СДС и Кузеска зборуваат за истиот Демировски и АТС за кој медиуми пишуваа дека иако обвинет за шпионажа поврзана со споделување доверливи информации за воена опрема, а претходно обвинет дека поткупил лица за да му достават доверливи информации, сепак добил дипломатски пасош во владата на СДС како другар на Заев? Дали можеби Кузеска зборува за истата АТС за која Фатмир Битиќи нивниот пратеник, екс вицепремиер добиваше ордени и изјави дека ја отвораат можноста за истата да учествува во НАТО-тендерите за набавки, процес во кој тогашното министерство за одбрана предводено до Славјанка Петровска, сега пратеничка на СДС, дало целосна поддршка? Или можеби СДС и Кузеска зборуваат за АТС за која Ковачевски како премиер и лидер на СДС викаше дека активно придонесува за колективниот систем на за одбрана на НАТО? Навистина веќе е дегутантно занимавањето на СДС со ширење лаги и дезинформации. Тешката безидејност во која се наоѓаат веќе станува хронична состојба на една партија окупирана од криминални структури, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook